Што ве нервира во вашиот град?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kvendolin
  • Време на започнување Време на започнување
Секој град си е убав и ниту еден град не предизвикува нервоза......, она што предизвикува нервоза во градот се однесувањето на луѓето и дејството што тие го вршат врз останатите околу себе.
 
Најмногу тоа што не можеш со точак асално до Центар да стигнеш. Пропагираат здрав живот, тротоари или нема или па ако има се со дупки или има автомобили паркирани на нив. Чии возачи не ги обвинувам зошто нема паркинзи, туку само никнуваат згради од сегде.
 
Најмногу ме нервира национализмот ... пример кога идаш за Струга ниеден знак не е напишан на Македонски , кирилицата е ишкртана со спрејови и можеш само на албански да читаш кај си ( skup,oher ... )
 
Зш мамицата му ја расплакаа на и то малку зеленило во градот и испокренаа зградишта на неверојатни места.И Бејбунар и паркот до Билјанини се предаде.Утре и по патон за Пештани ќе почнат да градат.Грешка.Веќе почнати се.
Ме нервират на секоја промена работите одат исто или полошо.Воздухот е апатичен и мирисат на скапано.Резидент ивл 5-ка.
Глуп народ - јака држава (општина).
 
Ми фалат две работи и тоа многу ме фрустрира.

1. Нема летно диско

2. Нема кино

3. Пак првото - НЕМА ЛЕТНО ДИСКОООО :mad: ! Where the fudge should I go on these insane temperatures ?!
 
Скопје-премногу споменици и кич и премногу неизживеани,некултурни провинцијалци
 
Само ги закрпуваат улиците,еднаш да им текне од 'корен' да ги реновираат.:(
 
Многу ме нервира тоа што немамо базент тоа е :mad:
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 21:36 ---
Многу ме нервира тоа што немамо базент тоа е :mad:
 
Искомплексирани провинцијалци (има супер народ, ама има некои фаци што глумат скопјани а ств. не им стои ...)

Мн. новопечени маалски мафијаши и рекетари

Наркоманиве од мое маало и тоа што заедно си џанкаат/пукаат со локалните џандари -.-

Тоа што неаме мекдоналдс :D

И тоа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom