Селинџер

  • Креатор на темата Креатор на темата Офчар
  • Време на започнување Време на започнување
Ја читав Френи и Зуи одамна ама не ми текнува точно за што беше. Знам дека тогаш многу ми се допадна. Нешто друго од него?!?!?!
 
Анастазија напиша:
Ја читав Френи и Зуи одамна ама не ми текнува точно за што беше. Знам дека тогаш многу ми се допадна. Нешто друго од него?!?!?!
Јас пак :)
Френи и Зуи е продолжение на “Кренете ја висока кровната греда, мајстори“. Ретко добар стил има овој човек... Селинџер де...
 
Да не ја заборавиме „Игра во ’ржта“,прекрасна книга,верувам дека и е омилена да голем дел од младата популација.
 
токму така другарке Скул! да не заборавиме да спомнеме дека популарна е баш заради тоа што ги опишува проблемите на секој тинејџер,вака или така,ќе се најдеш себеси во книгата..
:salut:
 
NIppI напиша:
токму така другарке Скул! да не заборавиме да спомнеме дека популарна е баш заради тоа што ги опишува проблемите на секој тинејџер,вака или така,ќе се најдеш себеси во книгата..
:salut:
па мислам дека и тој бил негде во тие тинејџерски години ко ја пишел книгата, или не? хехе не знам баш, мислам дека така прочитав, ако имам грешно запамтено поправете ме :)
Иначе да, ми се бендиса... до негде :devojce:
 
Сега баш брзо ја прочитав „Игра во 'ржта”... Прекрасна книга :)
Посебно ми се свиде оној негов слободен стил на пишување, со оној баш тинејџерски јазик :) А и дефинитивно секој тинејџер се пронаоѓа во книгата и може да открие нешто од неа :)
 
prv pat koga ja procitav "Igra..." mi bese nekako glupa... no sega mi e strasno interesna...
 
Имам проблеми со преводот на Catcher in the Rye на македонски. Почнувајќи од насловот па натака.
 
Игра во р'жта е книга што се чита во еден здив и е напишана на начин да може толку лесно се приближи до читателот. Една од моите омилени :pipi:
 
Џером Дејвид Селинџер почина пред два дена на деведесет и една година во својот дом во Корниш, Њу Хемпшир од природна смрт. Еден од моите омилени автори, можам да кажам заради несаканото внимание кое го доби веднаш по издавањето на првиот роман напишал уште неколку дела и потоа се откажал. Затоа веднаш по неговата смрт се шпекулира за огромна збирка негов пишан материјал кој ќе се објави постхумно бидејќи пред тоа тој не сакал да се здобива со нова популарност. Од `65 наваму немаше ништо објавено, но неколкуте дела претходно сериозно го прогласија за еден од најдобрите писатели на 20. век.

Тој ги напиша...
- Игра во `ржта - 1951г.
- Девет приказни - 1953г.
- Френи и Зуи - 1961г.
- Кренете ја високо кровната греда мајстори! Симор, еден увод 1963г.

Игра во `ржта се најде во врвот на најпродаваните книги во историјата на човештвото.

Не знам дали е добро или лошо што починал, можеби ќе се издаде нешто фантастично кое го напишал, а до сега немаше шанса светот да го види. Штета за таков гениј што мора да замине, но тоа е животот...
 
Селинџер по светската слава што ја стекна целосно се затворил и не комуницирал со никого од медиумите. Тешко е дури и да се најде некоја негова фотографија од 70та навака. Се надевам дека постхумно може да очекуваме ремек-дела од калибарот на "Игра во 'ржта", бунтовничкиот роман кој и денес предизвикува контроверзии и различни интерпретации во поглед на неговото влијание кај младината.
Нека почива во мир, неговото име секако ќе биде запишано во редот на најголемите писатели на 20тиот век.
 
Игра во р'жта е книга која беше забранувана, затоа што ја покажува темната страна на Америка, и како младите си го поминуваат времето, како некои и не успеваат многу во училиштето, како одат на места кои не се дозволени за младите, Селинџер собра храброст и го напиша сето тоа и затоа го почитувам, сепак мислам дека книгата во Македонија не е соодветно преведена, би сакал да ја прочитам на Англиски.
 
Игра во 'ржта можеби не е една од најдобрите книги, но е книга која знае да остави проклето длабок впечаток.

Јас сум ја прочитал 3 пати и имам желба да го прочитам оригиналот на англиски. Дали некој можеби тука ја има прочитано на Англиски, и дали се продава оргиналот по книжари во МК?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom