Мачо работи кои повеќе не се тоа...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.687
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Некои работи засекогаш ќе бидат резервирани за вистинските мажи. Читање на вц шоља, влакнести нозе, запуштена брада и избегнување на одвишни аналитички разговори на кои што инсистираат жените. Но, некои работи со тек на времето го губат својот мачо призвук и стануваат симбол на нешто друго.

Тетоважи
Нешто што стана незаобиколен мотив на стомакот или грбот на секоја тинејџерка, едноставно не можеше да ја задржи репутацијата на машкост. Иако некогаш симболизираа бунт и спротиставување на конзервативните норми, тетоважите денес се моден додаток кој поради претераната застапеност стана безначаен и изживеан. Па така, фраерите тетовирани по бицепсите, грбот и прешироките вратови изгледаат повеќе искомплексирано и демоде, отколку фраерски.


Лов
Убивањето животни сеуште се смета за спорт? Ова на никого во денешно време не му звучи кул и прифатливо. Нормално, ловците веднаш ќе понудат аргументи на оваа тема уверувајќи не дека придонесуваат за одржувањето на природните циклуси, бла, бла, но на ниедна (нормална) жена нема да и се стресат колениците од возбуда кога ќе здогледа горд маж кој во едната рака носи глава на прекрасен елен, во другата распартален фазан, а на појасот шепа од мечка.


Ладно оружје и сечива
Двобои, одбрана на честа, резбани мечови и зашилени бркови се мотиви кои некогаш звучеле мажествено. Меѓутоа, денес нивното користење е еден од најнемажествените начини да се пресметате со некого. Ножот како фалусен симбол на насилство број еден, наскоро на пиедесталот ќе го замени пиштолот (поточно, цевката), па така на да секој маж кој сака да ја заштити својата машкост не му преостанува ништо друго освен да се откаже во целост од насилство (тешка одлука, знаеме) или да го претепа противникот до смрт.


Мотори
Исто како и тетоважите, во минатото симболизирале слобода, независност и бунт. Меѓутоа, денес не е така, па нивното поседување значи или дека сте мамин син или дека ве фатила средовечна криза.


Кожа
Денес можеби да се дискутира дали воопшто облеката од кожа некогаш била секси и мажествена или само добро им стоела на Марлон Брандо и Траволта. Нека остане потисната во минатото како никогаш да не се случила.


Додворување
Иако веројатно постојат жени кои не би се сложиле, додворувањето е аут. Драматизирање, читање стихови, бакнување раце, клечење и слични работи, на повеќето од припадничките на понежниот пол ќе им предизвикаат негативна реакција. На нив им треба вистински маж, а не лигле. Лиглето може да им биде другар, рамо за плачење.


Бркови
Брковите се лакрдија и не и одат во прилог на мажественоста. Прифатливи се евентуално доколку имате некоја аномалија, па со помош на квалитетен брк сакате да скренете внимание од неа.

Слободно може да се надоврзете и да ја надополните листата.
Што е мачо, а што има спротивен ефект кај мажите?
 
Длакавоста.

Некогаш што е било пример за машкост, сега е цел на депилирање, бричење, ласер терапии и што ти знам веќе. Сега немој да ме сфатите дека треба да имаме влакна ко орангутан, ама па маж со голи нози на ништо не личи.
 
Како сакам да живеам во тие времиња кога некои од овие работи биле нешто, на пример тетоважите, кожњаците и моторите. ехххх
 
Длакавоста.

Некогаш што е било пример за машкост, сега е цел на депилирање, бричење, ласер терапии и што ти знам веќе. Сега немој да ме сфатите дека треба да имаме влакна ко орангутан, ама па маж со голи нози на ништо не личи.

Не дека го сметам за шминкерско или педерско бричењето или депилирањето раце/нозе/гениталии/пазуви и тн, ниту влакнетоста ја сметам за нешто барем блиску до мачо и мажествено, ама одбивам да го отстранувам влакната на било кој дел од телото, освен од лицето нормално. Можда сум старомоден, ама то е.
 
Каде ви остана накитот, златните ланци, алки и часовници комбинирани со љубовниот тепих кој наѕира под откопчаната кошула?
И муабети од стилот на чкс или шц мала, мислам дека е време да се упознаеме:pos2:
 
Што им фали на влакната кај машките, де? Ние треба да сме мазни - вие мажествени:) Само на грб ми е гадно:)
 
Ник Слотер е типичен претставник на едно сладуњава мачоистичка фигура, хихихихихихихихи....Кич кошуљица, пиштолче у бермуда, коса залижана у коњски реп, стриктно тепа бос....хахаххахахаха....
Ништо од овие карактеристики не е веќе интересно.
 
Ник Слотер е типичен претставник на едно сладуњава мачоистичка фигура, хихихихихихихихи....Кич кошуљица, пиштолче у бермуда, коса залижана у коњски реп, стриктно тепа бос....хахаххахахаха....
Ништо од овие карактеристики не е веќе интересно.

Медеа бре, мораше ли да ми запустиш носталгија?:pos:

Инаку за бркови предлагам посебна дискусија.:pos:
 
Не ми го чепкајте Ник Слотер. :star:
 
ај јас како многу истетовирана да ви кажам нешто:trepka:

Тетоважите не се ставаат за фејк или мода :helou:

Тие се нешто лично!!!

Е сега има и луѓе кои мислат дека ако напраат Биомеханика или скулс се мноогу страшни или ете "мачо":nesvest:

ме нервираат овие типови ептен, а најчесто се се селаци или рекетари:pos2:

Но сепак мачото лесно се губи коа ке се види личноста во нив:smir::helou:
 
Покажувањето сила и доминација на сите потребни и непотребни места

Вистина е дека жените на времето сакаа силна рака т.е. да ги заштити и чува, но со текот на времето еманципацијата си го направи своето а ние сме повеќе од способни и сами да се справиме со животот без некој да не држи за рака и да се тепа по барови и да покажува колку голем маж е.
Многу повеќе се цени кога води лагоден разговор и е добро информиран тип, него дечко што се фали со пивскиот стомак и силата на мускулите.

:sovinizam:
 
Носење тренерки како моден тренд наречен: ДИЗЕЛАШ






Катастрофа ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom