Ристо Шишков

  • Креатор на темата Креатор на темата Insomniac
  • Време на започнување Време на започнување
chimage.php



chimage.php

Линковите се преместени.
 
Гледам не е споменато во темата и чувствувам должност да го направам тоа. Jа имам големата чест да ви го претставам Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков" 2009 година, Струмица. Секоjа година почетокот на септември Струмица е домакин на овоj фестивал во чест на големиот великан на македонското актерство. Фестивалот трае 5 вечери, учество земаат повеке балкански земjи ( Бугариjа, Албаниjа, Црна Гора, Турциjа и др) . Наградата за наjдобро актерско остваруванje зема само еден актер добиваjки златен медалjон со ликот на Ристо Шишков и уметничка слика од познат автор. Досега многу од поквалитетните македонски актери се скрасиле со овоj медалjон , па се надевам дека и оваа година ке биде така.
Инаку секоjа година сум присутна на скоро сите претстави и морам да кажам дека конкуренциjата е доста голема со оглед на тоа дека учесници се повеке земjи. Ваше искуство??? Сте биле ли дел од овоj фестивал??
:И за краj се извинувам што немам nj i lj:pipi


Како легенда , Ристо заслужува многу повеке....


Со почит...неговата внука

И за краj се извинувам што немам nj i lj:pipi
 
На Великанот од селото на дедо ми...


70 години од раѓањето на Ристо Шишков
Ристо Шишков е актер кој во историјата на македонскиот театар зазема прецизно и исклучително место.

risto-siskov.jpg
На 23 март 1940.- Во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Својата љубов кон театарската уметност почна да ја манифестира уште во училишните клупи во Струмица. Академија за театар заврши во Белград, во 1963 година. Постојан член на Македонскиот народен театар стана од 1964 година. Во децениското живеење на оваа сцена, тој оствари многу ликови. Освен на театарската сцена играше речиси и во дваесеттина македонски играни филмови („Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и во други филмови).

Татко му Васил и најстариот вујко биле мразени од Грците и лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичката судбина на децата бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

Ристо Шишков во 1979 е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, исто како и навреда на Тито. Во 1980 е осуден и заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.

Прославениот македонски актер, Ристо Шишков, живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен.
 
Остана легендарната изрека:

“ Која песна, нашата или вашата? ’’ :salut:

.
 
Ја имам книгата за Шишков биографската, сведоштва од тетка Анастасија - сестра му (блиски пријателки со баба ми) а најдобриот другар мој му е внук.

Во книгата е опишан целиот живот на Шишков, од прва рака се. Доста интересен и динамичен живот.

Најмногу сум се насмејал кога Шишков трчал на пижами (го видел и Прличков) поради тоа што се успал и каснел на изведувањето на представата, од хотелот до театарот во Белград.

Завршил на неколку први страници од тогашните најчитани весници во Југославија.

Да си одберам некоја убава за аватар.

Еве за аватар, омилена ми е

lika.gif
 
а биста в Струмица има ли од ристета..........знам дека ке има на плоштад но дали има в струмица
 
„Што сум постигнал ако мојата мисла не ја префрлев во друго срце“

Шишков е неверојатен актер. Неговиот патриотизам само ја дуплира неговата големина. Се чуствува тоа и во неговата глума.Се чуствува маестралноста, авторитетот, македонштината.
 
Еве ја и фан групат на ФБ https://www.facebook.com/group.php?gid=65200296768 извонреден актер ,делат говорат за него,среќа е што остави потомци,син му Васил е мошне интересен лик,кога ќе го видам се си мислам Шишков го гледам :)
 
Вчера се отвори јубилејниот 20ти фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Програмата за годинава изгледа вака:

ПРОГРАМА
8 Септември, 2012 (Сабота)
19.00 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
ОТКРИВАЊЕ БИСТА „РИСТО ШИШКОВ“
19.30 ОТВОРАЊЕ ИЗЛОЖБА - Марија Папучева (фоаје)
20.00 ИЗЛОЖБА ФОТОГРАФИИ „20 ГОДИНИ ФКТ“
- Сречко Гунчев (фоаје)
20.30 МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (голема сцена)
„ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР“ режија: Александар Поповски
23.00 ЕСРА (сцена 112)
„ЉУБОВНИКОТ“ режија: Ирена Стеријовска

9 Септември, 2012 (Недела)
11.30 Разговори (фоаје)
20.00 Клајпеда градски театар, Литванија (голема сцена)
„СВИЛА“ режисер: Алвидас Визгирда
21.00 Театар на еден актер - Скопје, Македонија (мала сцена)
„ОДБРАНАТА НА СОКРАТ“ режија: Дритеро Kасапи и Дино Мустафиќ
22.00 МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (сцена 112)
„МОЈОТ ЧОВЕК“ режија: Катерина Коцевска

10 Септември, 2012 (Понеделник)
11.30 Разговори ПРОМОЦИJА Г. Ристовски (фоаје)
19.00 НУЦК „Антон Панов“ - Струмица, Македонија (мала сцена)
„ЗАД ЗАВЕСИ“ режија: Александар Ивановски
20.00 ДРАМСКИ КУКЛЕН ТЕАТАР - Враца, Бугарија (голема сцена)
„ТАНГО“ режија: Николај Полјаков
23.00 Киркас Продукција - Лондон, Велика Британија (сцена 112)
„НАДЕЖ“ Режија: Петар Милошевски

11 Септември, 2012 (Вторник)
11.30 Разговори ПРОМОЦИJА на најновата книга од проф. Д-р. САШКО НАСЕВ
„ИЗБРАНИ ДРАМИ“ Промотор , проф.д-р Нада Петковска (фоаје)
20.00 Шабац, Србија (мала сцена)
„ЃАВОЛИЈАДА“ режија: Никита Миливојевиќ
22.00 Мал драмски театар Битола, Македонија (сцена 112)
„ДОМОТ НА БЕРНАРДА АЛБА“ режија: Софија Ристевска

12 Септември, 2012 (Среда)
11.30 Разговори (фоаје)
19.00 Театарска и филмска куќа АКТ -Приштина, Косово (сцена 112)
„АКТЕР ВО КУТИЈА“ режија: Ментор Зумберај
20.00 Н.У. Народен Театар Битола, Македонија (голема сцена)
„ХЕНРИ VI“ режија: Џон Блондел
23.00 Шифт театар II - Љубљана, Словенија (мала сцена)
„ИЗВОРОТ НА СЛИКАТА“ режија: Барбара Новаковиќ
24.00 1+1=1 Театарска Компанија - Атина, Грција (фоаје)
„КАСАНДРА“ режија: Деспина Сарафејду - Евангелиа Андрицану

13 Септември, 2012 (Четврток)
11.30 Разговори (фоаје)
19.00 ПРОМОЦИЈА на книгата „Актерот“ од Братислав Ташковски, посветена
на големиот актер Ристо Шишков, Промотор: Јордан Плевнеш (фоаје)
20.30 МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (голема сцена)
„ЖИВОТОТ Е СОН“ режија: Владо Цветановски

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ
 
Извонреден документарец на МРТ за Ристо Шишков. Големиот Македонец со уште поголемо срце. Непокорлив исто како неговата Македонија која со целото срце ја сакал.

ДОЛУ УДБАШИТЕ
РИСТО ШИШКОВ - МАКЕДОНСКА ЛЕГЕНДА !!!
 
Шишков,во тој момент најталентиран глумец веројатно во Европа и најбаран во Југословенскиот театар,во свој стил рекол НЕ,ЈАС СЕ ВРАЌАМ ВО МАКЕДОНИЈА ! :cuc:

Каков патриот,каков ИДОЛ !

И како да не ги мразиш српскиве и хрватскиве копилиња ! И тито-КИТОВ и курвославија исто гомно! Крвта да им ја ебам комунистичка !

Ристо Шишков е класичен пример за тоа како Македонецот е секогаш омаловажен,пикан во затвор и плукан............но и пример како треба да се однесува секој Македонец и како треба да си ја сака и брани својата земја.

Како маестрално го одигра Питу Гули во Републиката во пламен,ова не се учи ова се носи во срцето,љубовта кон татковината зборува не научениот напамет текст.
:cuc:
 
Шишков,во тој момент најталентиран глумец веројатно во Европа и најбаран во Југословенскиот театар,во свој стил рекол НЕ,ЈАС СЕ ВРАЌАМ ВО МАКЕДОНИЈА ! :cuc:

Каков патриот,каков ИДОЛ !

И како да не ги мразиш српскиве и хрватскиве копилиња ! И тито-КИТОВ и курвославија исто гомно! Крвта да им ја ебам комунистичка !

Ристо Шишков е класичен пример за тоа како Македонецот е секогаш омаловажен,пикан во затвор и плукан............но и пример како треба да се однесува секој Македонец и како треба да си ја сака и брани својата земја.
Од своите патиме брат, да немало мајмуни што го кодошеле ќе ни се фателе на долниов и Хрватот со неговите пцовки и Србинот и ќе летале како партали од Македонија... за жал тие кодоши највеќе просперираа и денес се главните фаци затоа само пропаѓаме се подлабоко од ден во ден.
 
Душата ме болеше гледајќи го документарецот. Остај патриотизам, остави политика, се насолзив на неговата пропаст како човек. Како можеле бе, како!??:place:

Ристо Шишков ќе остане нашиот непребол, нашиот идентитет, нашето сонце - вечна му слава!

П.с И уште еднаш да не заборавиме : Македонецот на Македонецот му е...!
 
Излезен бев не го гледав аууу колку ми е криво.:( Ако некој го најде на youtube нека пушти линкче
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom