bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Ематија, старото и вистинско име на Албанија е со македонско етимолошко значење (Матија).
Др. Петар Поповски, кој ги објави книгите Ѓорѓи Кастриот и Мијаците, со сите доцносредновековни документи и турски пописи од 15 век наваму од Матија (Албанија), докажува дека Матија била земја на етнички Македонци.
Би сакал да постираме стари пишанија за македонските области во Ематија-Матија (Албанија).
На ова ме поведе едно мое откритие од 16 век од градот Скадар. Имено, на сите стари книги од Скадар стоело дека градот е Македонски.
Еве еден пример на стара скадарска книга "Тримесник", печатана во Скадар, во 1563 г. од тамошниот владика г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во летото Христово 1563, месец декември, на К.Д., во местата македонски, во родниот град Скадар...“ (Бугарски државен архив, ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).
Ромејската (Византиската) Историја на грчкиот-византиски владика Никифор Грегора (1295–1360) е еден од највалидните историски извори за историјата на Балканот од 14 век. Во почетокот на 14 век Грегора престојува во неколку градови во Македонија и Ематија (Алbанија). За градот Девол (денес Корча и целата област околу Корча) вели дека е град на Македонци, со голема тврдина -φάνουσι περί Άχρίδαν τε και Δεάβολιν. Φρούρια ταύτα Μακεδονίας , πολλήν παρασχόμενα την άσφάλειαν τοις χρωμένοις αύτος (Gregorae. I, 72-73; ГИБИ, XI, 132 ). Го посетил и македонскиот град Белград (денеска Берат), каде живееле Македонци и биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија - Βελλεγράδων (Belgratos) και της άλλης Μακεδονίας (Gregorae 1,247; ГИБИ, XI, 143). Да напоменеме дека Берат и Девол не влегуваат во географската територија на Македонија, но во етничката.
За прв пат декларирање како Македонци по род е забележано е во записите на Охридската Архиепископија од 13 век во тогашното Епирско Деспотство, што не значи дека и порано немало декларирање македонска националност. Тука имаме и запис од Иван Иерекар „по род Македонец“од селото Власто во тогашното Епирско Деспотство (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena. Parissis et Romae 1891, col. 315).
Во 1891 г., католичкиот Kардинал Ј. Питра објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Димитриј Хоматиjан (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека во областа Епир главно живееле Македонци кои се изјаснувале по народност како Македонци „То де генос Елкон ек Македонон“ (Д. Ангелов, Принос к'м народосните и поземлени отношенја в Македонија стр. 11-12 et.seq..; 43).