Охридската стратегија за туризам?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Сакам малку да подотвориме дискусија за ова и да се приложуваат идеи, кои можеби некој ќе ги прочита од Охрид, и ќе ги реализира...

Значи, локал-патриотизмот, пуштете го на прошетка, и давајте конструктивни и креативни предлози за развој на повисокот туристичко ниво на наш овој Македонски бисер.
 
Првпо и основно мислам дека треба со туристите за ефтина цена да се организират прошетки низ градот. На некои позначајни места и да им се кажува за историјата на то место. Нешто како водичи. 5 евра :)
Плоштад, Долна порта, Св. Софија, Св. Јован Канео, Св. Климент, Кале, Антички театар и назад :) Детално да се објасни нивната историја и сл.
 
Ете ти Мартин бизнис за летово. Наизуст научи ја историјата за наведените, стави една табла дека правиш тури, и ем ќе бидат фасцинирани туристите како едно младо момче толку знае за својата историја, за градот каде живее, ем ќе вртиш добра сума на пари во тебе.
 
Треба или од општина или од министерство да им даваа плакета која ќе стои на влезот на секој угостителски односно сместувачки објект кој исполнува одредени критериуми и ги гарантира, па така да се знаеш колку и каква услуга треба да се очекува од дадениот објект.
 
Мојов предлог е демоде но ова треба да биде работа на државата. Треба едно министерство за туризам, но без оние скандали кој колку лапнал. Да се направи стратегија и да почне да се имплементира.

Ние можеме да најдеме многу убави начини и методи за развој на Охрид, но без водтство и интервенција на соодветните институции нема да се постигне саканиот ефект.:)
 
Треба кавлитетот науслига да се подобри,и храната во рестораните не ме бендисва.Другото ок е
 
Oва го направив како муабет пред година дена.
------------------
Јас ќе му платам 30-50 денари по страница А4 формат за оној кој ќе изработи најасален туторијал за однесување со туристи во Охрид.


Размислувам во оваа кампања да вклучам и други локални медиуми. Можеби и спонзори.

Имејлот ми го имате, мобилниот исто така. Ако не ви изгледам сериозно, не се нафаќајте.

Ако не ви се здосадило да мрчите, а ве мрзи да размислувате подолго од 13 минути, праќајте тука идеи, забелешки, досетки и пофалби за охридскиот туризам.

То ест, пофалби не мора. Ајт сега.

Доколку оформиме некаква идеја, следи средување, штампање, промоција итн итн... Има потенцијал. Еве, не се охриѓани најпаметни... Охриѓани сакаат да научат.

Можеме ли? Заедно?

Трн....
:))))
Ако, одиме напред!

Понудата важи.
 
Серпико, а зошто тој туторијал не го направи Охриѓанец?
 
Серпико, а зошто тој туторијал не го направи Охриѓанец?

И тоа постои како идеја. Она погоре е за сите кои го искусиле Охрид како туристи, а не домаќини.

Ајде, работете луѓе, ми треба програма за Локални 2017.
А ако сработиме порано, ќе направиме Кајгана Советничка листа за догодина :)
 
Друга тема, која се надевам ќе ја отворам за брзо. Да останеме на моменталните можности за подобрување на туризмот - иако и преку таа школа (која не е за туризам, да не се збуни некој) може да се придонесе, и те како...
 
Јас најдов работа како та шо ви напишав, ама ми рече за 2009 гарант, оти сега веќе се пријавиле за оваа година некој..шознам кој..иначе лесно ќе е, веќе знам историјава 8) не баш ама ќе биди. За холанѓани е ова, прашав во туристичка агенција. Иначе Ај ем ин, фор бетер туризм ин Охрид :salut:
 
Добро бе никако не можам да си објаснам зошто се продаваат морски школки во Охрид???
 
Нити јас зошо има глупо прашање на темава, ама тоа е...
 
Мислам ќе тргнат работите на подобро кога Охригани ќе сватат дека туристот не треба да го гледат како $$ и само толку.
Дека треба да му организират добар и беспрекорен престој .
Кога ќе сватат дека мин 20% од профитот треба да го инвестират во заеднички фонд за развој на туризмот во Охрид ,а не да чекат од државата.

Еве еден пример со Струмица за карневалите полно е народ сите кафичи ресторани хотели полно е со тезги.

Од тие хотели до сега само хотел Сириус секоја години го помага карневалот.

Другите кој имат најмногу профите од карневалот пример Селект не сум ги видел да спонзорираат до душа наплаќат по 500 денари карта која незнам колкав процент оди за антена 5 другото во џеп ( Данок за картите кој може да пресмета)
Сите трошоци за болнички коли обезбедување чистење на градот ( не сакаде да знаете каков е градот накај 5ам)
итн паѓаат на грб на општината

Во Бразл единстевени спонзори на карневалот се Хотелите и угостителски објекти.

Според мене Охриѓани треба да си оформат некое туристичко друштво кое ќе се грижи за се и нема да има потреба од вакви дискусии.

Јас како што знам државата нема право дирекно да се меша во стопанството тоа право некаде и е огрничено мислам на 2% од бруто домашниот прозивод
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom