city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
- Возраст
- 37
Зделката на „Дојче телеком“ за преземање на грчката компанија ОТЕ, за која се очекува да биде склучена во следната недела, ќе создаде монопол во мобилната телефонија во Македонија. Германскиот гигант во земјава ги поседува фиксниот оператор „Македонски телеком“ и мобилниот „Т-мобиле“. Со купувањето на акциите на грчката влада во ОТЕ, „Дојче телеком“ ќе го добие и „Космофон“, вториот по големина мобилен оператор во земјава, кој ја доби и дозволата за вајмакс-телекомуникации. Во тој случај „Дојче телеком“ во Македонија ќе поседува два мобилни оператора, кои заедно држат дури 92 отсто од пазарот.
МОНОПОЛСКИ ЏИН
Во Комисијата за заштита на конкуренцијата будно ја следат најавата дека ќе се формира ваков монополски џин на домашниот телекомуникациски пазар. Според претседателот на Комисијата, Чедомир Кралевски, ако „Дојче телеком“ го купи ОТЕ, ќе се преземат сите инструменти и принципи за заштита на конкуренцијата предвидени во нашата и во регулативата на Европската Унија.Не може таков монопол да постои на пазарот. Според Законот за заштитата на конкуренцијата, сите фирми се должни да пријават промена во сопственоста и да побараат одобрение за концентрација. Ако новиот правен субјект што ќе се создаде по спојувањето држи повеќе од 45 отсто од пазарот, нема да се дозволи концентрацијата - вели Кралевски.Преговорите за преземање на управувачкиот пакет во ОТЕ помеѓу „Дојче телеком“ и грчката влада се очекува да завршат на 7 мај. Интересот на Германците е да обезбедат контрола врз мобилниот оператор „Космоте“, кој има повеќе од 15 милиони претплатници во Грција, Романија, Албанија, Македонија и во Бугарија. ОТЕ поседува и 20 отсто од акциите во телекомот на Србија.
ПРЕГОВОРИТЕ ПРИ КРАЈ
Во преговорите за преземање најгорливо беше барањето на Германците да имаат целосна контрола во донесувањето одлуки во управата на ОТЕ, како и да добијат одврзани раце за пополнување на клучните менаџерски позиции. Според грчкиот весник „Имерисија“, двете страни постигнале договор за заедничко управување со ОТЕ, но се' уште е отворено прашањето за желбата на грчката држава да го задржи правото на вето против одлуките на компанијата. Според грчкото министерство за финансии, изминатава недела бил забележан значителен напредок во преговорите. Грчката влада поседува 28 отсто акции во ОТЕ. „Дојче телеком“ во март купи 20 отсто од акциите од инвестициската фирма „Марфин инвестмент“ за 2,5 милијарди евра и стана втор по големина акционер во ОТЕ.Германците беа кандидат за купување и на државните акции во „Телеком Словенија“, кој е мнозински сопственик на „Он.нет“, вториот фиксен оператор и интернет-провајдер во Македонија. Но, јавниот оглас за продажба на словенечкиот телеком заврши неуспешно.
Марјан Блажевски
линк