Македонски народни приказни

  • Креатор на темата Креатор на темата OBDN
  • Време на започнување Време на започнување
Еве видеа од Македонски народни приказни од Канал5 :)

 
Дали ги има во електронска форма книгите од Цепенков?
 
Сиромаио и арно да речи, никој не го слуша

Марко Цепенков

Еден сиромав чоек седел до некој чорбаџии и слушал што се разгоараа. Муабето му бил за оти имало многу глувци. Поголемиот чорбаџија велел оти глувците му го изгризале железото што го продал на дуќан, и сите му го потврдиле зборо.
- Вистина, вистина, чорбаџии - му рекол сиромаио - има многу глувци, чунки што имав троа брашенце ми го изедоа!
Неќејќи му го зборо чорбаџијата од сиромаио, му рекол:
- Ај не туку лажи, бре чоече, кај јада(т) глувците брашно, да је жито, можи, ама брашно не јадат. Ама не је, браќа, јас као што велам? - му рекол на друзите чорбаџији што биле околу него.
Сите му го потврдија зборо на богатио и го застрамија сиромаио.
- Туф, бре, гиди, јас брашното реков ми го јада(т) глувците, чорбаџиите не ми го потврдија, а пак чорбаџијата рече железото го јадат - тоа што не било до денеска, му го потврдија. Што беше оваа пуста сиромаштија, што ја нема чес? - си рекол сам со себе и уште еднаш не беше пошол при чорбаџиите на муабет.
Може ли некој да ми напише поука за приказнава, стварно не ми текнува за проектна ми е ? :) :)
 
Дали е дозволено да се стават аудио Приказни од Борис Мајсторов?
 
Може ли некој да ми напише поука за приказнава, стварно не ми текнува за проектна ми е ? :) :)
Ова би дошло вака.Кога сиромавиот и точно нешто да каже ќе биде презрен неговиот збор од богаството на богатиот,оти кај дупи парата таму ни сврдел не дупи.
 
Здраво на сите.
Значи вака, пред 20мин. на канал 5 играше една македонска народна приказна, за синот на Јордан (детето што учеше думи и на погрешни луѓе ги кажуваше... кошничарот, вдовецот, зетот, рибарот...)
Малку касно ја фатив, па ако некој има забележано како се вика приказната.. :) благодарам однапред.
 
Дали некој ќе погоди како се вика актерот од Македонските народни приказни од приказната „Итар Пејо и арамиите“ тој што е врзан за дрво и што вика Ја сакам царевата ќеркааааа???

Ретко некој кој го знае тоа!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom