Панче Минов и гледал низ прсти на градежната мафија
Според информации од истрагата градоначалникот Минов, од 2002 година досега, иако знаел дека одредени градби, доградби и реконструкциски зафати во Кавадарци се вршат спротивно на Законот за градење, наместо да ги спречи тој им овозможил на изведувачите со разни пишани документи, преддоговори, непречено да продолжат со градбите
Градоначалникот на Кавадарци Панче Минов, вчера заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба затоа што на четири бизнисмени од градот им овозможил преку градење на објекти да ја оштетат државата и да си заработат пари. Првичните сознанија на полицијата говорат дека станува збор за висока сума.
Покрај актуелниот градоначалник Минов, кавадаречката полиција до надлежното Јавно обвинителство поднела кривична пријава и против А.Д. (59) градежен инспектор од Кавадарци, поради тоа дека сторил две кривични дела - "злоупотреба на службената положба и овластувања". Кривично биле пријавени и С.М., одговорно лице во "Универзал промет", И.Г. одговорно лице на фирмата "ИГМ-Трејд, Илија и др", Ч.М. од Софија, одговорно лице на "Макс Греј" Кавадарци, В.Г. одговорно лице во друштвото "Меги" поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело по член 129 став 1 и 2 од Законот за градење.
Според информации од истрагата градоначалникот Минов, од 2002 година досега, иако знаел дека одредени градби, доградби и реконструкциски зафати во Кавадарци се вршат спротивно на Законот за градење, наместо да ги спречи тој им овозможил на изведувачите преку разни пишани документи, преддоговори, непречено да продолжат со градбите.
Истрагата на полицијата покажала дека такви градби имало на булеварот "Едвард Кардељ" каде од страна на инвеститорот "Универзал промет", Кавадарци се вршела реконструкција на деловен објект и доградба, потоа во индустриската зона Кавадарци се граделе пет градежни објекти - производни хали, сопственост на "ИГМ-Трејд" од Кавадарци, како и наводен потпорен ѕид на улица "Шишка" сопственост на инвеститорот А.П. иако на таа локација била почната градба на бензинска пумпа.
Минов дозволил и реконструкцијата и надградбата на приземен анекс на хотелот "Балкан" што е лоциран на плоштадот Маршал Тито. На овие инвеститори, градоначалникот им издал решение за локациски услови иако тие немале приложен доказ за сопственост на градежното земјиште.
Додека пак градежениот инспектор А.Д. иако бил задолежен за градежниот надзор, не изготвил никакви пријави против инвеститорите и изведувачите.
Полицијата против актуелниот градоначалник на Кавадарци Панче Минов од јуни 2007 година до сега поднела пет кривични пријави за кривично дело "злоупотреба на службената положба и овластувања". По истиот основ уште две кривични пријави се поднесени против Минов и од страна на Управата за јавни приходи.
Македонка СТОЈЕВА