Мистичен
Човек
На едно четиричлено семејство му требаат само 325 денари за да ги купи основните прехранбени производи во текот на еден ден, пресметал Заводот за статистика. Со тие пари треба да се обезбеди појадок ручек и вечера.
Кој може да прехрани четиричлено семејство со 325 денари е вистински волшебник, велат граѓаните. Сумата е премала за да се обезбеди потребната и здравствено калорична исхрана.
„За 320 денари основното - леб, млеко, а месо можеби и ќе нема. Треба нешто повеќе. Леб и млеко, за месо не станува збор воопшто“, велат граѓаните.
Потрошувачката кошница која ги калкулира само прехранбените производи и пијалоците, а која за овој месец изнесува 9.701 денари, зафаќа дури 80% од просечната месечна плата од 12.000 денари.
Со вакви бројки животот во Македонија е далеку од квалитетен.
„Не може никој да се задоволи со тие пари, 12 внуци имам, работа немам, пари немам, ништо немам. Примањата се многу мали, едвај се снаоѓаме. Во исхраната преовладува гравче, леќа, турли тава, гулаж. Кога ќе помине летото, со зимници“, рекоа граѓаните.
А со кои пари ќе се платат сметки, хигиена, облека мебел, ќе се отиде во театар или кино, прашуваат граѓаните.
За утврдување на потрошувачката кошница Заводот за статистика вклучува 68 производи - житарици, зеленчук, овошје, месо, млеко.
Месечно се анкетираат 5.000 семејства кои доставуваат извештај што се и колку купиле во текот на еден месец.