Мистичен
Човек
Владата на Хрватска го сменила Зоран Клариќ, генерален директор на „Автопат Риека - Загреб”, државна компанија за изградба и стопанисување на оваа патна делница, бидејќи на тендерот за изведувачи на патната траса ги одбил двете понуди од скопски „Гранит”, иако биле најповолни.
Откако хрватската влада во септември годинава го сменила Клариќ од оваа функција, медиумите во Хрватска пренесоа дека тој на штета на странските градежни компании наместил повеќе тендери во корист на хрватските градежници. Во „Гранит” информираа дека поради незаконската работа на Клариќ загубиле зделка вредна повеќе од 14 милиони евра.
Од писмата меѓу „Гранит” и менаџерите во компанијата „Автопат Риека - Загреб” се гледа дека домашната градежна компанија загубила на тендерот за изградба на планинскиот превој „Северинска драга”, во должина од 700 метри, иако нејзината понуда била за околу 4,5 милиони евра пониска од понудата на прворангираната хрватска компанија „Хиодроелектра”, која за изградба на оваа делница побарала околу 18,5 милиони евра. На вториот тендер, пак, за изградба на помалата патна траса „3 -А” била прифатена понудата на хрватската фирма „Конструктор”, иако понудата на „Гранит” била неколку пати поповолна.
- Откако нашата понуда беше одбиена од менаџерите на „Автопат Риека - Загреб”, упативме протестна нота во која побаравме образложение. Клариќ ни одговори дека нашата понуда од 14 милиони евра е нереална и дека е структурирана по дампинг-цени - велат во „Гранит”
Во писмото што Клариќ го испратил до менаџерите на нашата градежна компанија напишал дека во тендерската документација недостигале документи со кои се докажува дека „Гранит” е доволно технички и кадровски поткован за да ги изврши градежните работи на планираната патна делница. Клариќ во писмото напишал дека цените на потрошните материјали, според кои „Гранит” ја формирал понудата за овој тендер, се за 60 отсто пониски од просекот на цените на другите понудувачи. Тој образложил дека цените на нафтата, цементот, железото и на другите материјали во понудата на „Гранит” биле на ниво на цените од 2002 година и нагласил дека оттогаш пазарната цена на овие материјали значително пораснала.
„Од тие причини сметаме дека вашата понуда е нереална и затоа беше одбиена”, пишува во писмото до „Гранит”.
По сменувањето на Клариќ, хрватските медиуми пресметале дека тој само на последните три тендери за избор на најповолен понудувач наместил да победат хрватски компании и ја оштетил државната каса за повеќе од 8 милиони евра.
Во „Гранит” не информираа дека испратиле протестно писмо до новиот менаџер на „Автопат Риека - Загреб” и до хрватскиот премиер Иво Санадер, во кое ги информираат дека неправедно биле одбиени на тендерите и дека Хрватска поради тоа претрпела штета од повеќе од 4,5 милиони евра.