Предбрачен договор

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.869
Поени од реакции
5.761
Како што гледам овде уште од поодамна пред да се оди на матичар младенците одат - на адвокат
icon_biggrin.gif
icon_biggrin.gif
за да си ги договорат обврските во случај на развод. И тоа е веќе многу нормална работа и скоро да е процедура и никој не се чуди на тоа веќе... А и најдобро е така... никој не сака она што го стварал цел живот да го изгуби затоа што другиот е ајван во бракот... И веќе е многу ретко некој да останал на улица или да му земал све на другиот... Обично секој си го зема тоа што го донел во бракот плус се дели заедничкото спрем договорот од пред бракот...

дали е оправдано ова??? и дали вие би потпишале предбрачен договор?
 
Ако не се мажиш поради интерес не гледам зошто потпишувањето би било проблем.Јас сум за.
 
Ако не се мажиш поради интерес не гледам зошто потпишувањето би било проблем.Јас сум за.

значи тебе не ти е проблем партнерот со кој идеш 10 години пример да ти каже ај да потпишеме предбрачен договор нема да се почувствуаш у тој момент разочаран, нема да помислиш дека не ти верува???
 
Штом некој бара од мене да потпишам предбрачен договор,очигледно не е сигурен во мојата љубов кон него,и очекува утре-другиден да го оставам.Во таков случај јас ќе го оставам уште пред да се земиме,пошто очигледно дека мене ме смета за некоја материјалистка која шо е со него само за пари и се мажи за него за утре-другиден да го остави и да си замини со пола од неговиот имот.Значи да сумирам : ако некој од мене побара да потпишам предбрачен договор,ќе го сметам тоа за навреда,и нема шанси да останам со таа личност,т.е одма ќе го напуштам.
 
Тргнувајќи од тоа што јас на никој не верувам нема да ми биде проблем, впрочем поголеми се шансите јас да побарам :)
 
Глупа работа, не треба да се мисли на тоа дека еден ден ке се разделите... Инаку сепак она што се стекнува во животот е подеднакво со партнерот, па не гледам зошто би се потпишувале договори за ваква работа.
 
Тргнувајќи од тоа што јас на никој не верувам нема да ми биде проблем, впрочем поголеми се шансите јас да побарам :)
Од Икономист што ќе научиш...

Инаку, сум против. Некако ми е безврска, бракот да ми се става на кантар...
 
Aко толку многу му значи тоа на партнерот, ќе го потпишам.
Јас сум сигурна дека стапувам во брак заради љубов и сметам дека нема потреба од такви договори, но ако толку инсистира, би го потпишала.
Можеби малку глупаво ќе се почувствувам, но ако тоа ќе му ја смири душата, за негов атер би го потпишала.
 
Глупа работа, не треба да се мисли на тоа дека еден ден ке се разделите... Инаку сепак она што се стекнува во животот е подеднакво со партнерот, па не гледам зошто би се потпишувале договори за ваква работа.
За недај боже :) Па мислам и дека на тој принцип се договорите, тоа шо е стекнато во текот на бракот да се подели 50-50, а замисли ти да си богаташ и имаш едно 5 милиони долари пред да влезеш у брак и сеа се женеш и по еден месец нешто испукува, се разведуваш од жената и без договор таа има право да ти зема 2.5 милиони, сеедно ќе ти е ? :)
 
Ехе... тоа не е стекнато во брак, туку стекнато/наследено додека сум самец. Нормално дека не би го делел она што го имам како наследство, муабетот ми беше за она што е стекнато. Исто би било и ако таа има еден тон кеш, а дој е отепан сиромав :)
 
Предбрачниот договор ми е некако многу американски стил, таму сите потпишуваат и многу поразлично гледаат на бракот отколу ние. Таму и по 10 пати се разведуваат и 10 пати свадби прават, кај нас тоа сеште не е така, бракот се смета за посериозна работа. А пред се многу се битни и финансиите. Сега глупаво е да идеш со некој 10 години и да имаш на страна 2 илјади евра и една кола и за тоа да потпишеш предбрачен договор. Тоа не иде ... али од друга страна ако станува збор за големи суми на пари кои што ги имаат идните сопружници и во случај нешто да пукне во бракот и дојде до развод тогаш подобро е да се потпише предбрачен договор. Тоа зависи и од ситуацијата и од луѓето и зашто стапуваат во брак и слично.
 
Ептен нереално размислување е дека постои вечна љубов и дека некои ќе бидат заедно засекогаш, ништо не е вечно. Договор си е договор.
 
Дефиниција за предбрачен договор од Кање Вест:
It's something that you need to have coz when she leave your ass she gonna leave with half.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
Па сега,има и позитивна и негативна страна.Од една страна е глупаво да потпишуваш предбрачен договор,пошто иди како понижување.Демек човекот не е сигурен дали вистински го сакаш,па сега така сака да се осигура дека не си со него за парите.Епа ако не е сигурен тогаш шо мајка бара да седи со тебе?А од друга страна пак,ако женската толку многу го сака и се мажи со него од љубов тогаш не би требало да претставува навреда и би требало да потпише.
Стварно не знам како јас би изреагирала во ваква ситуација.Имам и порано размислувано на оваа тема,ама конкретен одговор немам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom