Навивач! Симпатизер! Поддржувач! ...
Темава ви е квази навивачи! Некој на почеток спомна навивачи кои го смениле својот тим кога не бележел успеси! Потоа некои се надодадоа на тоа од кога си почнал да навиваш за твојот тим! И завршивте со тоа дека за да бидеш навивач треба да го следиш твојот тим во живо!
Може ли јас да почнам од последното па да објаснувам накај првото...
Не се противам на тоа кога некои ке речат не си навивач кога не одиш да го гледаш тимот за кој навиваш! Можеби е така! Ако е така тогаш бев навивач на Победа! Ја следев на секој натпревар! На времето пред повеќе од 10 тина години, кога бев помал, одев на секој натпревар во навивачката група на Мајмуни! Памтам бегав од часови во основно училиште за да ја следам Победа! Памтам како кога гостуваа тимови како Вардар, Силекс, Слога и Пелистер јас бев на стадион 2 часа пред натпреварот со 200-300 Мајмуни, како врнеше снег и дожд, а јас стоев таму со една винд јакна на мене... Памтам кога доаѓаа Комитите, Чкембарите и Шверцерите во Прилеп! Силекс беше прв, немаше некои познати навивачи, но го имаше Ѕинго, беше шампион повеќе пати! Памтам како на стадион имаше по 10.000 гледачи, како пишуваа во Македонски Спорт дека Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија.. Бев на стадион кога гостуваше Перуџа, беше Јуни или Јули месец, беше +40 степени, а стадионот беше полн 2 часа пред натпреварот! Се сеќавам кога одевме со воз Скопје на градски да ја следиме Победа со Парма, Парма во која играа Креспо, Турам и компанија! Имаше и многу навивачи од Скопје кои влегоа со нас на северната трибина! Сите бевме зарипнати, немавме сила да пееме, бидејки цел пат до Скопје се пееше!
Не сум појден на стадион во Прилеп можеби повеќе од 8 год! Некој ке рече.. сега Хари е претседател, од Прилеп е, победа стана шампион, а ти не одиш да ја гледаш! Но кога ке погледнеш поубаво, не е се до шампионската титула, ја следев на секој натпревар, а таа беше мах до 3 место, стана шампион, а јас не сум се ни приближил до стадионот! Нема веќе публика, утакмиците се местат, играчите не се платени, си ги уплакаат своите утакмици на пораз во кладилница...
Ќе ги прашам овие што одат по стадиони кај нас... Како можеш да пратиш првенство во кое однапред се знае кој ке биде шампион? Однапред се знае кој ке го освои Купот на Македонија, однапред се знае кој ке излезе во куп на УЕФА, за да си изигра таму некоја утакмица од 1 во 2, да си направи пари (кои тешко дека ке ги вложи во фудбалот), и на никого да не му е гајле за ништо! Иако сум од Прилеп, не го подржувам Хари и оваа состојба во која се наоѓа Македонската Лига! Заради тоа не следам Македонско првенство и не одам на натпревари на кои игра Победа! А сум одел многу порано и многу повеќе отколку многумина од вас овде заедно!
Сега да се вратиме на тоа од кога навиваш за Интер... Искрено да ви кажам не знам точно кој месец, ама времето беше од кога играше таму Џоркаеф, бидејки тогаш веке почнав да разбирам колку толку од фудбал... а не како некој од вас кој вели навивам од 8 год! Јас брате што се вели зборот на 8 год не знаев газот да си го избришам! Не па да знам некој играч од Интер! Памтам на времето како преносите на ТВ најчесто беа од Италијанското првенство... И коа ке ги видам денес овие од Премиер Лигава како се чукаат во гради овде дека ја прателе од незнам кога... Па каде гледавте бе вие Премиер Лига? Ако ја гледав и јас тогаш можеби ке навивав за некој тим од таму... ама факт е дека ја немаше многу на ТВ! Од Шпанско првенство единствен пренос беше Барселона - Реал, го дава на некои ТВ како Канал + од Франција! Од Англија единствено го даваа (ама и тоа мн ретко) Манчестер - Ливерпул! Бидејки Арсенал не беше којзнае колку афирмиран, а Челзи знаеме што беше пред Абрамович!
Но не постои нити еден постар гледач кој ке рече дека го немало на ТВ Италијанското! Интер не беше шампион уште од 89 год, далеку пред јас да почнам да гледам, но кога играа Интер - Јуве, Интер - Милан... нон стоп беше на ТВ! Го пренесуваа од многу одамна на ТЕРА, коментатор беше според мене најдобриот на македонските простори Зоран Мишевски! Истата таа ТЕРА го пренесуваше само Реал - Барселона и ништо друго од Шпанија! Ги пренесуваа екипите на Интер, Лацио, Милан, Рома, Јуве... Сетете се на онаа шампионската генерација на Свен Горан Ериксон! ... сетоа тоа беше на ТЕРА со македонски превод, со македонски коментатор, а такво нешто немаше за Англија!
Значи тука спаѓам во групата на симпатизери, јас сум сумпатизер на Интер, кога би немале визни бариери јас би го следел на секој натпревар! Од тимовите пак кои ги подржувам ке ги напоменам ПСЖ, Шалке 04 и Челзи! Да Челзи! Од времето кога го ставија Мурињо, го подржував него бидејки имав толку многу пратено фудбал, а немав видено такво нешто, да изваде одбранбен играч, а да стави напаѓач! Го вадеше Фереира и ставаше шпиц! Или ке го ставеше Хут од одбраната во нападот! Беше и остана трењер со мадиња! Толку многу го посакував во Интер, секој ден се молев да го избркаат Манчини за да дојде тој... и кога таа желба стана реалност тоа беше најсрекниот ден во мојот фудбалско-симпатизерски живот!
Интер не би го менил за ништо на светот, Ибрахимович ке го сакам и почитувам без ралика до кога ке биде во Интер, а Мурињо е приказна сама за себе!... толку од мене... почитувани колеги симпатизери!...