Кантер тактики за херои

  • Креатор на темата Креатор на темата Mac))
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Правилата на оваа тема се прости.

Кажувате тим за кој мислите дека е непобедлив,и добивате одговор со кои херои би го победиле тој тим.

Да видиме,дали технички има тим за кој нема лек.

НАПОМЕНА :
Земајте го во предвид и човечкиот фактор,не гледајте само на хартија.


Да ве загреам.

Лек за :
1.Шкорпија
2.Тајмстопер
3.Разор
4.Дрво
5.Линч

Значи,пишете ми кантер херои и тактика кој со кој би идел на страна.
И после како би се одвивале главните борби 5в5 :)
 
Кој е тој Линч?

Значи, против шкорпијата најважно е да не му дозволиш да пушти улти. Одма штом пушти да му дадеш стан и да ја прекинеш. Ако има дагер и пушта улти надвор од битка, најважно е да го удреш ( само удреш, не мора стан ), така што нема да може да го употреби дагерот ( се користи само ако не си удрен во последните 3 сек ).

Тајмстоперот е добар за 1в1 битка, само треба добро да се гангува од почетокот и да не му се дозволи да се развие. Ништо посебно.

Разорот е исто што и тајмстоперот, само што овој нема блинк. Така да, пожелно би било да купува сентри вардс за да избегне гангувања, доколку е така, морате да ја избегнете водата, а сепак да го гангувате. Ганг, ганг и само ганг : )

Дрвото не е ништо посебно, само што има екстра добра улти. Кога се игра против него, пуштате некој херој со range да го навлече да пушти улти само кога се таму 2-3ца од тимот со блинк. Така да откако ќе пушти улти, едноставно се блинкнуваат надвор од " visible area ", и додека противничкиот тим ги бара каде се блинкнале, пристигнува и остатокот од тимот.
 
Потато Lich де :)

Него кажи ми како би се справиле ако цело време идат хероите на тактика :
Тајмстоп фрла 6ка и фаќа во неа 3ца до 4ца (секако со Timewalk прво и на само),Лич пушта вантре шеска,и шкорпијата спремна од страна пушта шеста,и со дагерот се блинка внатре :)

И не ми кажувајте дека е тешко за изведување,ко од шала ни успева на нас :)


И кажете најдобар heroes counter (противнички херои) за против овој тим :)
 
Па ќе избереш тим со демиџ дилерс и на сите ќе склопиш Аватар. Или едноставно, ќе избереш нага у тимот, и кога ќе ги пуштат сите маѓиите, ќе ги заспиеш и готово : )
 
За Сенд Кингот , добар лек е Axe на страна. И на б.нет или лан,кај било да играм со Axe против Sand го јаде.
 
Axe е најак " тенк " .... фрлаш тоа за да му зема енергија и мора да дојде крип да убие па пушташ арморот и се врти еднаш два пати и ојде херојот :)
 
Да да...Па на следниов турнир кај мене ќе го играм Аxe. BattleHunger му маваш и доаѓа по крип , и ајт со здравје. А недај боже да имаш и Dagger:)
 
А Нагата планираш цело време засебно да иде,и кога тајмот ќе дојде со 6ка и она со 6ка?

А личот ако ја пушти 6ката,џабе спиење,шкорпијата исто реков со дагер ќе дојде.
Така да,дајте поразработена тактика малце :)
 
Па шкорпијата нема да дојде доколку еден ја удри. А најди ми го тој играч со воид кој ќе фати четворојца у последната : )

Ти реков, земате демиџ деалери, како анти мејџ, спектре, нага, варлок и кентаур.

Сите ќе си направите аватар, освен варлок и кентаур. Варлокот од почетокот ќе купува очи за да не ве гангуваат, после може да го направи тој новиот итем за сајлнс или пак жаба, а кентаурот ке прави ХоТ, може и повеќе од еден. Пред битка ќе си пуштите аватар, ќе го пуштите анти мејѓот на личот или дрвото, а штом скорпијата почне да пушта последна, варлокот едноставно ќе пушти инферно. Откако 2-3цата кои се затворени во бариерата ќе се ослободат, ќе стане масакар.


Спектре и анти мејџот ќе гангуваат од почетокот, така што нема да му дадат на разорот да се развие. Другите три хероја ќе си ја чуват страната и ќе помагаат откако ќе дојдат спек и анти.

Гего.. ахе и крих... Крихот никогаш не оди сам на страна, оди или со лешар или со лина. Откако ќе те подигне, лешар ке ти пушти стан и струја, па да видиме каде ќе одиш со ахот.
 
Потато збориме за про играч,може да се фатам 4ца ако се дрзнат да прават пуш дечките :)

Туку, u all missed the correct answer :(

Одговорот лежи во само еден херој,Minanda.
И тајмот да ве фати 5 души,и Личот да опали внатре 6ка,сите у инвис мод,и ајде чао :)

Добро,ова беше за проба,да видиме сега како ќе ги разбиваме вашите invincible комбинации. :zlo:
 
ах, мирана.. последната трае 10 секунди, а последната на дрвото 5, со рефрешер 10 : )

И да, ве гледа додека сте во корен : )
 
Јака комбинација се дрвоно и шкорпијата , се криете 2 цата , шкопријата оди прв а дрвото се крие во дрвата па корења па земјотрес и цел тим ојде :)
 
Па нема шанси да се спасиш, еве што.. Мегнусот се блинкнува меѓу сите и тропнува, собирајќи ги сите околу него. По тоа, кентаурот се блинкнува и тропнува.. Шкорпијата оди пеш и си пушта последна, а во меѓувреме енигмата пушта последна и сите умираат. Може во тимот и уште еден херој така што го бива за правење демиџ, како невермор или мирана.
 
хехехех е то е веќе смртоносна комбинација ... мираната е најдобро да се има со улт сите се кријат па со 1 ва ги доубиваш
( ако некој остане жив xD )
 
Ма последната на мираната служи само за гангување, ја пушташ пред да стигнеш до херојот, го убивате и готово.

И да, комбинацијата е смртоносна, но треба да се изигра. Ако имате идиот од шкорпија кој ке отиде прв и ќе пушти улти пред носот на противничкиот тим и умре за тие две секунди додека ја пушта.. Магнусот нема блинк, туку фури и мкб, и пушта последна и фати 2ца.. Кентаурот стои од зад, плашејќи се за своето здравје, со буриза и фури... Мираната ја следи шкорпијата, па скокнува у битката и ја снемува за 1 секунда, а енигмата си вади мињони од криповите.. Ќе изгубите : )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom