12-ти во Европа
Македонските параглајдери го освоија 12-то место на Европското првенство во параглајдерство што од 1 до 14 јули се одржа во Морзин, Франција. На деветтото првенство се натпреваруваа вкупно 30 репрезентации.
Успехот на македонската репрезентација е уште поголем ако се земе во предвид дека тие се пред екипите на Шпанија, Холандија, Норвешка и Данска кои имаат долгогодишна традиција и резултати во овој спорт. Од регионот зад нас се: Грција, Бугарија, Хрватска, Србија, Турција.
Првото место на натпреварот во екипна конкуренција го освои репрезентацијата на Швајцарија, пред Италија и Чешка. На првите 10 места се наоѓаат најразвиените (воздухопловни) европски земји, односно земјите од Алпскиот регион.
Во генерален индивидуален пласман, европски првак е Лука Донини од Италија (кој веќе беше европски првак во 2002 година) а зад него е Кристијан Маурер од Швајцарија (досегашниот европски првак од 2004 година) и Томас Браунер од Чешка.
Од македонските репрезентативци највисоко стигна Димишковски Горан, кој заврши на 48 место од 134 пилоти и со тоа најмногу придонесе за македонскиот екипен пласман. Во тоа му помогнаа и вториот најдобро пласиран Македонец Неделковски Владимир кој заврши на 52-то место и Тодевски Игор на 59-то место.
Моментално репрезентацијата се наоѓа во Швајцарија, каде од 5 до 12 август ќе се натпреварува на светскиот куп во Фиш а до крајот на годината ги очекуваат уште натпревари во Бугарија и Словенија.