Параглајдеризам / падобранство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dimitarc
  • Време на започнување Време на започнување
12-ти во Европа
Македонските параглајдери го освоија 12-то место на Европското првенство во параглајдерство што од 1 до 14 јули се одржа во Морзин, Франција. На деветтото првенство се натпреваруваа вкупно 30 репрезентации.
Успехот на македонската репрезентација е уште поголем ако се земе во предвид дека тие се пред екипите на Шпанија, Холандија, Норвешка и Данска кои имаат долгогодишна традиција и резултати во овој спорт. Од регионот зад нас се: Грција, Бугарија, Хрватска, Србија, Турција.
Првото место на натпреварот во екипна конкуренција го освои репрезентацијата на Швајцарија, пред Италија и Чешка. На првите 10 места се наоѓаат најразвиените (воздухопловни) европски земји, односно земјите од Алпскиот регион.
Во генерален индивидуален пласман, европски првак е Лука Донини од Италија (кој веќе беше европски првак во 2002 година) а зад него е Кристијан Маурер од Швајцарија (досегашниот европски првак од 2004 година) и Томас Браунер од Чешка.
Од македонските репрезентативци највисоко стигна Димишковски Горан, кој заврши на 48 место од 134 пилоти и со тоа најмногу придонесе за македонскиот екипен пласман. Во тоа му помогнаа и вториот најдобро пласиран Македонец Неделковски Владимир кој заврши на 52-то место и Тодевски Игор на 59-то место.
Моментално репрезентацијата се наоѓа во Швајцарија, каде од 5 до 12 август ќе се натпреварува на светскиот куп во Фиш а до крајот на годината ги очекуваат уште натпревари во Бугарија и Словенија.
 
HUH...4 god..se tokmam da zeam casovi za paraglajder...ali...me pla[i deka ke se navlecam a neam bas pari za oprema:)...ostavi toa...zamisli letas na galicica..i gi gledas dvete ezera istovremeno..prespansko i ohridsko...le le...
 
Што мислите за овој спорт да го речам, шо ја повеќе би го класифирал ко рекреација. Од лани започнав да се бавам со параглајдинг, моја желба од мали нозе која сега доживеа реализација.

Сакате висини, слобода во воздух, да го гледате светот од високо, да се пуштате од врвови, би започнале ли со параглајдинг? Какви се вашите мислења за параглајдингот?

382253_10151440777179831_1768027565_n.jpg
 
Што мислите за овој спорт да го речам, шо ја повеќе би го класифирал ко рекреација. Од лани започнав да се бавам со параглајдинг, моја желба од мали нозе која сега доживеа реализација.

Сакате висини, слобода во воздух, да го гледате светот од високо, да се пуштате од врвови, би започнале ли со параглајдинг? Какви се вашите мислења за параглајдингот?
Имаше веќе тема за ова, ја споив твојата со веќе постоечката. Те цитирав само за да забележиш каде отишло твоето мислење.
 
може ли да се проба падобранство со некој искусен тренер? а да не си член во клуб никој, туку рекреативно да пробаш? и која е цената?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom