Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил

Eдинствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.

Битолскиот натпис, од 13 век или бугарски фалсификат
Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.

Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].
http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/node/66700
 
Едно наивно а можеби и глупаво прашање... Зошто „словенските народи“ употребуваат титула Цар(Цезар), ако се знае дека Византија (Источното РИМСКО Царство) им бил најголем ривал? Зарем тие не треба да чуствуваат некаква поврзаност за да користат таква титула? Или сепак тој поим е општ како што е и Крал?
 
Едно наивно а можеби и глупаво прашање... Зошто „словенските народи“ употребуваат титула Цар(Цезар), ако се знае дека Византија (Источното РИМСКО Царство) им бил најголем ривал?


Титула "цар" произхожда от словенското слово «ц[FONT=&quot]ѣ[/FONT]сарь» - е превод на словенски jaзик от латинското име Caesar , родовото име на п'рвија римски император Гај јулиј Цезар (Gaius Iulius Caesar) - п'лководец, придобил голема слава во целија античен свјат.



Oт името на император Цезар се извеждат етимологически и титлите "кајзер" (kaiser) - германскијат император, и "кесар" (Καίσαρ - "Цезар") - нај-висшата дворцова титла в'в Византија след тази на императора.
 
of еј па нормалнон дека вака ќе јадите ла**а пред камери кога немате со што друго да се браните...И мене нешто ме интересира, ако вие знаете дека вистината е на вашата страна, тогаш зошто се сите тие фалсификати од ваша страна? 1million $ за тој шо ќе одговорит.
 
Bond, сакаш со задршка да го кркаш?
 
еве како модерен Блгар ја гледа плочата..
20hk6xj.gif


раз..два..три..маљчики..

п.с..
незнам само кој е НАОПАКУ,плочата или блгарите..
или и двете?...
 
Титула "цар" произхожда от словенското слово «ц[FONT=&quot]ѣ[/FONT]сарь» - е превод на словенски jaзик от латинското име Caesar , родовото име на п'рвија римски император Гај јулиј Цезар (Gaius Iulius Caesar) - п'лководец, придобил голема слава во целија античен свјат.



Oт името на император Цезар се извеждат етимологически и титлите "кајзер" (kaiser) - германскијат император, и "кесар" (Καίσαρ - "Цезар") - нај-висшата дворцова титла в'в Византија след тази на императора.

Tokmu taka. Car e prevod od Caesar. Isto kako sto germancite toa go preveduvaat kako Keiser i Kaiserin.

Zborot SAMODRZhEC vo slovenskite jazici, voopshto kako zbor i prevod na AUTOKRAT se javuva duri vo 13 vek.
 
ke razberete če samuil e bugarski car ama ke bide kasno...

ај објасни зошто е плочата израмнета? не го читај само наслово

Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom