Контрацепција - read only

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Бидејќи многу не се доволно информирани околу контрацепцијата, еве нешто едукативно:

Денес има многу средства за контрацепција, но сеуште го нема она 100-процентно сигурното, природното и лишено од последици, а којзнае дали воопшто некогаш ќе се појави.
Жените имаат избор и самите треба да ги проценат предностите и ризиците.

Се бара: идеално апче

И покрај интензивните проучувања – нема перфектна заштита од бременост која не пречи, гарантира 100% сигурност и нема последици. Има само премногу различни методи од кои можете да го изберете она кое најмногу ви одговара. Ако немате цврста и постојана врска, можеби кондомот е најдобар спас за вас; оние кои сакаат да не им пречи гумичката, најверојатно ќе земаат апчиња – нивниот индекс на сигурност е многу висок. Тој индекс се базира на процентот на ”утка” кај заштитните средства: се пресметува бројот на жените кои го користеле тој метод во рок од една година и покрај тоа забремениле. Но, индексот не кажува многу по прашањето за сигурноста на самиот метод, туку повеќе за статистичката цифра на грешките.

Апчето ”антибебе”

Ако после два-три месеци не намалат последиците како нечиста кожа, лошење, главоболка, напрегнати гради, зголемување на тежината, воспаленија на вагината или лесни депресии, вие треба да го смените препаратот.
Ниедно средство не е без ризик. Жени кои на почеток се исплашени (на пр. поради високиот крвен притисок, заболување на крвните садови, нагло зголемување на тежината), треба да изберат друг метод за претпазливост. Од друга страна, апчето може да има и сосема позитивен ефект: на пример за акните или нередовна, болна менструација.

Спирала

Спиралата (IUP – Intra Uterin Pessar) докторот ја поставува во матката и може да остане таму 2-5 години. Современата спирала е од пластмаса – округла, спираловидна или во облик на Т, обвиена во медна жичка. Таа дејствува двојно: туѓото тело во матката и пречи на оплодената јајцеклетка да се фиксира, истовремено медта одделува јони кои создаваат неблагопријатна клима за неа и ја намалуваат способноста на лигавицата за сперматозоидите.
Меѓутоа, спиралата може да донесе проблеми: силни или нередовни крварења, болки во долниот дел на стомакот или менструални болки, во најлош случај таа може и да е исфрлена незабележливо или води до воспаление или вонматерична бременост. Жените кои страдаат од чести воспаленија на мочниот меур, би требало да се подзамислат дали да се пазат преку спиралата. Затоа што така е можно да си создадат второ огниште за воспаление во телото.

Стерилизација

Овој метод има најголем процент сигурност и не го намалува ниту задоволството, ниту здравјето – освен ако психата ви создава проблеми. Според статистиката приближно 15% од жените на возраст над 35 години се решаваат на ваков чекор. Се пресекуваат двата јајцепроводи. Лузни не остануваат ако се оперира преку малечок рез во долниот дел на стомакот или преку вагиналниот отвор.
По стерилизацијата хормоналниот баланс не се менува, затоа што јајниците не се чепкаат. Но, за ваков чекор треба добро да се размисли, бидејќи секоја 20-та жена во просек се кае за тоа.
Кај мажите со локална анестезија се сечат двата семени канали и краевите им се заврзуваат. Од тоа не се менува ниту потентноста, ниту мажественоста, ниту количеството семена течност. И покрај тоа што станува збор за зафат кој трае неколку минути, бројот на мажите кои посакале стерилизација е два пати помал од тој на жените.

Природни методи

Тие се основаат на тоа што жената може да биде оплодена само за време на овулацијата. Една јајцеклетка живее само 12 до 24 часа по овулацијата, а сперматозоидите влезени преку влезот на матката живеат до 6 дена. Овулацијата се познава по 6 белези:
- малку пред тоа слузестата ”тапа” на грлото на матката која инаку е густа, се разретчува и така станува проодна за спермата.
- со почетокот на овулацијата телесната температура се покачува за 0,2 до 0,5 степени целзиусови. На третиот ден после повишувањето, оплодувањето станува веќе помалку веројатно.
- во моментот на овулацијата влезот на матката е мек, се повлекува малку наназад, така да често пати не може да се опипа. Во деновите на неплодност тој е тврд кога ќе се опипа. Ако можете да ги анализирате таквите телесни сигнали, значи имате сигурен метод кој не чини ништо.
Недостатоци: Половиот однос без претпазливи мерки е можен само најмногу во 8-10 денови од месецот, а при нередовна менструација – уште поретко. Тој метод на заштита е незгоден и бара време. Резултатите можат да бидат интерпретирани веродостојно само ако пред тоа е мерена телесната температура во рок од 12 месеци (без да се земаат апчињата).

Презервативи (кондоми)
Презервативите се најприфатливи за мажите за заштита од бременост или сида и други заразни болести. Од нив нема последици. И покрај некои предности, многу луѓе се резервирани во врска со нив: презервативите биле уништувачи на романтиката, го уништувале чувството и пречеле – така тврдат мажи кои никогаш не ги употребуваат. А оние кои имаат искуство со употребата на презервативи, во повеќето случаи го имаат истото задоволство како и без нив.

Дијафрагма

Се поставува така што прво се притиска меѓу прстите и се става длабоко во вагината. Штом пуштите, се раствора и го покрива влезот на матката. За да се постави потребна е стручност и искуство, но вие можете да ја поставите дијафрагмата два часа пред односот. Меѓу празнењето на партнерот и вадењето на дијафрагмата треба да поминат најмалку 6 часа. Дијафрагмата може да остане во телото 24 часа.
Важно: дијафрагмата гарантира претпазливост само ако пред употребата биде намачкана со специјална супстанција. А пред нареден сексуален акт задолжително треба да ставите уште еден слој спермицид во вагината! Дијафрагмата може да не ве заштити и ако е поставена пред влезот на матката, место над него (тоа може да се опипа), ако размерот не е променет (на пример ако после раѓање или променливост на телесната тежина има промени во матката).

Хемиски средства за претпазливост

Тие постојат под формата на гел, пена-спреј и таблетки. Принципот на дејство е: тие го блокираат влезот на матката, со тоа што се раствораат поради телесната температура и ги убиваат сперматозоидите. Накратко можат да ја раздразнат вагината или пенисот, но се безопасни. Хемиските препарати имаат низок процент на употреба.

НЕОПХОДНИ МЕРКИ

Имате избор меѓу ”апчето за потоа” и ”спиралата за потоа”.

- Апчето за потоа. Тоа се состои од четири таблети со одреден хормонален состав каков што имаат и некои од посилните противзачеточни таблети. Се зема на две дози по две таблети: првата доза околу 48 (најдоцна 72) часа после ”испуштањето”, втората 10-12 часа после првата. Недостаток на овој метод: секоја втора жена страда од последици како гадење, повраќање, промени во циклусот.
- Спиралата за потоа. Предност: таа може да биде поставена до 5 дена после ”испуштањето” и веднаш да биде употребена како долгорочно противзачеточно средство. Недостатоци: поскапа е и претставува опасност за помлади и жени кои не родиле.
 
супер тема, ова многу фали. не само на форумов, него сегде.

али смени фонт, молим те!
 
FortunE, браос бе срцка за темава. Се гледа дека си ја мислела и спремала од поодамна, а многу убаво се надоврза на темата за абортусот. И после макиве погорни, и мерките превземени, ај да видам да дојде некој пак да ме праша за абортус!

И искрено се надевам дека петливе на форумов ќе ја прочитаат убаво темава и ќе се обидат да разберат низ што тоа ние жените поминуваме, какви маки тргаме и колку Госпој пулиме, за да и на нас и ним ни' биде убаво, забавно и безбедно!

Алал да ти е! Кога ќе пијаме ено каВе на кејјјјјон :) :)
 
Убаа работа Фочун. Дај боже, не само да се прочита, туку и да се применува нешто од тоа. Другарка и на ДаБиче била информирана за контрацепција, ама не купувала кондоми. Би се очекувало дека машкиот партнер (поготово тој волот од 38) ќе истрча со некое паковање, ама како шо вика ЗедисДед - не треба да се спие на тоа уво - ама ич.
 
Eeeeee super sto otvorivte vakva tema :)
Vie povozrasnite od forumot, ipak znaete poveke za kontracepcijata, ali za nas pomladite sto sme na forumov temava e najvazna.
Jas znam deka e najvazno e da koristis kondom.Ali mi imaat kazuvano deka treba da zimas piluli za 100% zastita.
A kje bide nekoj dobar da mi kaze, kako edna pilula deluva vrz zenskiot organizam ? Imam slushnato deka moze da se zimaat i ako imas problemi so menzisot a isto pomagale i pri slabeenje.I ima li odredena vozrast za da se koristat oni? Na primer ne smee pod 17,16,15....
I zaboraiv da kazam...
Bravo Fortune za temava :-)
 
Одлична тема. Информирајте се.

Ако не сте сигурно дали сте направиле „беља”, одма зимајте „пилула за потоа”. Имаше еден член кој се регистрираше и се изнапиша доста за контрацепцијата. Во паника нели, зошто имаше некои 24 часа да ја натера партнерката да ја земе пилулата. За среќа, се заврши добро и немаше несакана бременост.

Вакви работи мора да се знаат, не се плашете од „големиот текст” на Форчн, едноставно читајте и помнете.
 
Што е контрацепција?

Под контрацепција се подразбира употреба на различни сретства, мерки и методи со кои се спречува оплодувањето. Постојат повеќе типови на контрацепција.

Зошто треба да се користи контрацeпцијата?
  • За да се заштите од несакана бременост.
  • Да се заштитите од сексуално преносливи заболувања вклучувајќи го и ХИВ-АИДС(Cида).
Тоа може да се случи дури и при првото сексуално искуство.

Што треба претходно да расчистите?
  • Дали сте спремни за сексуални односи ?
  • Кој метод на контрацепција е најпогоден за вас? (Имајќи ја во предвид цената, ефикасноста, заштитата, несаканите ефекти и сл).
  • Како да се заштитите (себеси/партнерот) од несакана бременост ?
  • Како да се заштитите од сексуално преносливите болести (СПБ) и ХИВ?
  • Дали вие/вашиот партнер сте тестирани за сексуално преносливи болести и ХИВ?
  • Кој е одговорен за заштитата?
  • Како можете однапред да планирате, за да бидете подготвени ?
  • Што да правите ако вие/вашата партнерка остане бремена?
Кои типови на контрацепција постојат?


Постојат повеќе различни типови . Со некои ( како што е хируршка интервенција кај жената и кај мажот), се обезбедува трајна заштита од забременување. Со примена на некои методи или сретства , кои се опишани подолу, се постигнува привремена заштита и сигурна заштита.
  • Апстиненција
  • Прекинат однос
  • Спермициди
  • Кондом
  • Контрацептивни таблети
  • Дијафрагма
  • Интра утерини влошки (спирали)
  • Инекции
  • Импланти
  • Ургентна контрацепција
Што треба да знаете за овие методи?

Некои од овие методи ќе ве заштитат од забременување и од сексуално преносливи болести, други само од бременост. Биолошка претпоставка е дека јајната клетка има способност за оплодување 6-12 часа од ослободувањето а сперматозоидите во женскиот генитален тракт 2-3 дена.
  • Апстиненција. Апстиненција значи да немате сексуален контакт. Скоро 100% штити од бременост и од СПБ. Сексуална активност е можна и без контакт. Ова е прифатлив начин за контрацепција во многу религии и култури, како и во одредени ситуации (болест и др). За некои парови, преставува тешкотија долго да апстинираат од сексуален контакт. Нема споредни ефекти и не чини ништо. Ако сепак одлучите да имате сексуален контакт, не заборавајте да употребите заштита.
  • Прекинат однос. Бременоста се спречува така што, машкиот партнер го прекинува сексуалниот однос и ејакулира надвор од вагината. Нема споредни ефекти и не чини ништо, но не заштитува од СПБ и ХИВ и не е така сигурна метода.
  • Спермициди. Спремицидите се наоѓаат во форма на пасти, пени, креми, гел или супозитории. Може да се и во форма на семитранспарентен филм кој по поставување во вагината се претвара во гел. Спермицидните сретства ги користи женскиот партнер а се поставуват во вагината најмалку 10 минути пред сексуалниот однос. Тие делуваат така што ги запираат сперматозоидите да не се движат и со тоа да не можат да стигнат до јајната клетка. Делумно штитат и од СПБ, но не штитат од ХИВ. Покрај спермицидот, за да се заштитите од ХИВ, користете и кондом. Може да се купат во продавница и без рецепт и не се многу скапи. Пред контакт, препаратот се става во вагината (понекогаш при ставањето може да се почувствува мала нелагодност).
  • Кондом. Кондомот е гумичка направена од латекс или друг материјал. Штити од забременување и од СПБ и ХИВ. Може да се купи во продавница, без рецепт. Достапен е за машки и за женски. За да заштитата биде ефикасна, треба да се користи според упатството. Прочитајте ги инструкциите . Проверете дали поминал рокот на употреба! Машките треба да го стават кондомот, кога пенисот е во ерекција пред да навлезе во партнерот. При извлекување на пенисот надвор, држето го кондомот наспроти пенисот. Поефикасен е во превенција од забременување кога мажот го извлекува пенисот надвор, пред да ејакулира. Погрешно се верува дека два кондоми еден преку друг, штитат подобро.
    Постои и женски кондом (фемдом) , кој се става во вагината на жената, пред сексуален однос.За време на односот пенисот навлегува внатре во женскиот кондом. Заштитува од СПБ и ХИВ. Ако истовремено се употребуваат и спремициди, заштитата е подобра. Не го подмачкувајте кондомот со масло или вазелин. За лубрикација може да се употреби специјален гел. Постои можност кондомот да се скине. Најдобро е да се чува на ладно и темно место. Ако се чува на топло ( на пример во џебот од пантолоните, подолго време) може да е помалку ефикасен, и да се скине при употреба. Ги има различни бои, големини и со различни мириси. Ефтин е. Женскиот кондом чини нешто повеќе.
  • Контрацептивни таблети. Тоа се хормонски таблети, кои го спречуваат ослободувањето на јајната клетка. Штитат од бременост, но не штитат од СПБ и ХИВ. За да се заштитите од СПБ, покрај таблетите користете и кондом. Таблетите не може да се добијат без лекарски рецепт. Треба да се земаат секојдневно во исто време. Ги има во пакувања од 28 и 21 таблета. Ако не ги земате според упатството, помалку се ефикасни.Доколку жената заборави да земе таблета еден ден, наредниот ден треба да земе две таблетки,( една наутро и една навечер). Прекинот на земањето на таблетките подолго од 36 часа ја загрозува сигурноста на сретството. Кај некои жени може да се јават некои мали несакани ефекти најчесто во првите три месеци од употребата. Жените кои земаат таблети, треба да избегнуваат пушење. Цената е повисока од онаа кај другите сретства но затоа се со висока ефикасност. Пожелно е пред да се употребат девојката да има најмалку 5 менструални години.
  • Дијафрагма. Вагиналната дијафрагма делува како тенка покривна мембрана, која одговара на вагината на жената. Ги има во девет големини. Таа прави бариера меѓу вагината и грлото на матката и така оневозможува сперматозоидите да дојдат до јајната клетка. Штити од бременост, но не штити од СПБ и ХИВ. Покрај дијафрагмата, како заштита од СПБ, треба да се користи кондом. Пред да се стави дијафрагмата, треба да ве прегледа доктор и да ве подучи како да се постави. Пред да се постави дијафрагмата треба да се препокрие со спермицидно сретство. Треба да се постави барем 10 минути пред односот и да се извади најмалку 6 часа по завршување на односот. Има малку несакани ефекти. По употребата треба да се извади, добро да се измие со вода и сапун, без никаква употреба на дезинфекциони сретства, осуши и остави во кутија намената за неа до наредната употреба.
  • Интраутерини влошки(спирали). Направени се од пластична материја а дел од нив е обвиткан со тенка жичка од бакар или сребро. Имаат висок степен на сигурност од забременување. Ги поставува лекар, најчесто во почетокот на менструалниот циклус. Пред поставувањето потребно е да се направи кај жената бриз од грлото на матката, да нема инфекции во вагината или во јајчниците, да нема бременост и да има регуларни менструални циклуси. Не штити од СПБ и ХИВ. Обично се поставува кај жени кои завршиле со својата репродукција. Ретки се несаканите ефекти од поставувањето како крвавење или неподнесување на спиралата.
  • Инекции. Се работи за хормонални инекции, со кои се спречува ослободување на јајната клетка. Најчесто се дава Депо-Провера. Штити од забременување, не штити од СПБ. Покрај инекцијата, за заштита од СПБ, треба да се користи и кондом. Незгодно е што мора да одите на доктор за инекција на секои 2-3 месеци. Предност е што жената не мора да зема секој ден таблети или да става нешто пред односот. Некои жени може да имаат несакани ефекти ( во првите 3 месеци може да јават нерегуларни вагинални крвавења) .
  • Импланти. Докторот става ( имплантира) 6 мали капсули под кожата на горниот дел од раката на жената. Капсулите ослободуваат хормони, кои го спречуваат ослободувањето на јајната клетка. Штитат од забременување. Не штитат од СПБ. За да се заштитите од СПБ, треба да користите и кондом. Од имплантите често се користи т.н. Норплант. Предност е што жената не мора секојдневно да зема таблети или да става било што пред однос. Делуват 5 години. Некои жени имаат несакани дејства. Возможно е, на местото каде се ставаат капсулите да остане лузна. Капсулите може да се извадат ако во меѓувреме жената сака да остане бремена.
  • Итна контрацепција. Често се нарекува таблета за утрото-после . Се користи во форма на таблетки. Некои жени ја користат, ако веруваат дека останале трудни (секс без заштита, скинат кондом, жената заборавила да земе пилула, силување и сл.). Најдобро е да се примени што побрзо од незаштитениот однос но најдоцна до 48 часа. Се земаат 2 таблетки наеднаш а по интервал од 12 часа уште две. Кај најголем број од пациентките се јавува силно гадење и повраќање, набрекнатост на дојките и изместување на менструалниот циклус. Ако сметате дека е потребно, контактирајте го вашиот гинеколог. Не треба да се користи како замена за другите типови на контрацепија. Може, најкасно пет дена од претпоставениот незаштитен однос да се постави интраутерина влошка како начин за спречување од забременување односно како итна контрацепција. Овој тип на контрацепција се користи само како ургентна мерка.
Некои корисни совети
  • Ејакулација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога машкиот партнер излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. Овој начин не штити од СПБ.
  • Ако одлучите да користите кондом, користете нов кондом, секогаш кога имате контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција.
  • Измијте си ги рацете со сапун и топла вода, пред да ставите контрацептивно средство во вагината.
  • Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не сте специјално обучени. Не се ослонувајте само на овој метод.
  • Вие може да останете бремени или да добиете СПБ, дури и при вашиот прв сексуален контакт во животот.
  • Не менувајте ги често Вашите сексуални партнери/партнерки бидејќи постои голема можност за СПБ, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката)
Рани знаци на бременост
  • Каснење на менструацијата
  • Напнатост на дојките
  • Гадење
  • Повраќање
  • Промена на телесната тежина
  • Секогаш уморна
  • Промени во расположението
  • Промени во вкусот
  • Мокрењето е почесто
 
contraception.gif



Мажите во Србија чекаат на ред за да го направат новиот контрацептивен зафат, што вклучува - електрошокови на тестисите.
Српскиот стручњак за плодност, доктор Сава Бојовиќ, шеф на клиниката што ја нуди оваа услуга, вели дека малите електрошокови мажите привремено (десетина денови) ги прави неплодни, бидејќи сперматозоидите стануваат неподвижни.
"Ги закачуваме електродите на тестисите и пуштаме електрична енергија со низок напон. Од тоа сперматозоидите "заспиваат" на десетина денови, што значи дека двојките можат слободно да уживаат во сексот, без страв од несакана бременост.
Методот не ги убива сперматозоидите и не влијае врз здравјето на пациентот" - вели Бојовиќ, додавајќи дека пред неговата клиника се создаваат редови, бидејќи никој од пациентите кои го испробале овој метод немале никакви проблеми и повторно се враќаат на уште еден третман.
"Се надеваме дека пред Божиќ ќе почне продажба на верзија со батерии во дуќаните" - додал Бојовиќ.
 
Одамна се тврди дека контрацептивните таблети здебелуваат. Причината за ова се естрогенот и протестеронот во нив, бидејќи предизвикуваат задржување на водата во организмот.

Во новите контрацептивни таблети е намалена нивната количина, а со тоа и несаканите нуспојави.

Најдобри се оние во комбинација со неколку хормони кои го регулираат менструалниот циклус.Чувството на потеченост кое се јавува, всушност е резултат на психолошките фактори.

Сите тие нуспојави исчезнуваат откако ќе се престане со употребата на таблетите.
 
КОНТРАЦЕПЦИЈА

Водењето љубов е навистина прекрасно чувство, но треба да размислувате за евентуалните последици до кои може да дојде доколку не се заштитите.
Постојат повеке различни методи на контрацепција кои се достапни да се набават и кои најдобро им одговараат на партнерите во зависност од тоа во кој период од животот се употребуваат. Тоа подразбира колку години имате, колку често сексуални односи имате, дали одреденото средство правилно го користите. Во оваа брошура набројани се сите достапни методи со објаснување како делуваат, колку се сигурни, како и предностите и недостатоците при нивната употреба.
Повеќето контрацептивни средства треба да ги препише лекар гинеколог. Кондомот е најсоодветно сретство за употреба кај млади, бидејки од сите контрацептивни средства тој е единствен кој истовремено штити од ППИ, ХИВ/СИДА и несакана бременост.
Контрацепција знаци користење на различни методи и средства за да се спречи зачнувањето-бременоста


Факти за контрацепцијата


Иако постојат многу предрасуди за контрацепцијата овие се фактите дека:
Жената може да забремени и:
При првиот сексуален однос
Доколку не доживее оргазам при сексуалниот однос
Доколку мажот еакулира (ја исфрли спермата) надвор од вагината
Доколку има незаштитен сексуален однос за време на менструацијата
Доколку ја измие вагината по сексуалниот однос
Без разлика од позата која ја практикува

Зошто контрацепција?

Контрацепцијата се користи:
" поради неподготвеност да се биде родител
" поради соодветно планирање на семејството
" поради заштита од полово преносливи инфекции (кондомот е единствено контрацептивно средство кое истовремено штити од ХИВ/СИДА, полово преносливи инфекции и несакана бременост),
" поради превенција на генетски болести
" поради штетноста на лековите за плодот кои се неопходни и лекување на одредени болести кај некои жени

Видови на контрацептивни методи:


Хормонска контрацепција
Стерилизација
Бариерни методи
Интраутерина влошка
Природни методи


Хормонска контрацепција

Хормонски таблети

Што е тоа?
Тоа се таблетки кои содржат две конпоненти: естрогенска И прогестеронска (нормални хормони на жената). Се сретнуваат уште наречени и како анти-беби пилули и таблети против зачнување.

Начин на дејство
Хормоналните таблети делуваат така што ја спречуваат овулацијата и ја задебелуваат обвивката на слузокожата на грлото на матката при што го отежнуваат движењето на сперматозидите.

Дали може секоја жена да ги примени?
Не! Тие може да се употребат исклучиво со консултација на лекар гинеколог.
Таблетите не се препорачуваат во следните случаи:

" Срцеви заболувања,висок крвен притисок
" Нестабилно крварење
" Мигрена
" Жени постари од 35 години, пушачи, заболување на црн дроб

Предности:

" Не пречат на задоволството при сексуалниот контакт
" Вообичаената менструација станува пократка, не е толку обилна и болна.
" Можат да го ублажат ПМС (ја намалуваат појавата на акните)
" Ваквата контрацепција е сигурна, а несаканите ефекти се минимални.

Недостатоци:

" Штитат само од несакана бременост, но не штитат од инфекција со ППИ и ХИВ/СИДА

Како се употребуваат:

Секое пакување содржи 21 таблета потребни за еден циклус. Меѓу две дози се прави пауза од 1 недела кога доаѓа до менструационо крваренје. По таа пауза се почнува со новото пакување од таблетите(21 ден+7дена=28 дена контролиран менструален циклус).
 
Ургентна контрацепција


Што е ургентна контрацепција?

Тоа преставува начин со кој се спречува настанувањето на несаканата бременост, непосредно по незаштитен вагинален сексуален однос за време на плодните денови.
Постојат две можности:
" Земање на соодветни пилули ( популарно наречени "Утро после") најдоцна 72 часа по незаштитениот сексуален однос,
" Поставување на спирала (интраутерина влошка) во матката во првите пет дена од сексуалниот однос.

Пилулата "Утре потоа", може да се употреби само доколку
сексуалниот однос е во периодот на плодни денови, а притоа:
" Не се употреби ниедно контрацептивно средство,
" Кондомот испадне или се скине,
" Применет е несоодветен начин на заштита од несакана бременост (на пр. Прекинување на сексуалниот однос и исфралање на спермата надвор од вагината),
" Сексуалниот однос бил непосакуван или насилен.


На кој начин делува пилулата "Утре потоа"?

Пилулата предизвикува промена на слузницата во матката која онеовозможува всадување на оплодената јајце клетка.

Како се земаат?

Со нивната примена треба да се почне што е можно порано, а најдоцна 72 часа по сексуалниот однос. Пилулите се земаат два пати ( во два интервала), со растојание од 12 часа.

Колку често може да се користи?

Овој вид на контрацепција не може да се користи како метод на избор, туку служи само во исклучителни случаи. Пилулите за ургентна контрацепција може да се земат исклучиво со препорака на лекар гинеколог. Во аптеките не може да се набават како пилули"Утре потоа".

Хормонска контрацепција со долготрајно дејство

Може да биде во вид на:

" инјекција со хормонот прогестероне која се вбризгува мускулно на секои 3 месеца. Делува на тој начин што ја спречува овулацијата и го згуснува цервикалниот секрет
" сет од 6 капсули кои се во големина на кибритчиња И се поставуваат поткожно во надлактицата. Содржат само прогестин кој полека се ослободува во текот на 5 години и овозможува контрацепција спречувајќи ја овулацијата и задебелувајќи го цервикалниот секрет со што се оневозможува движењето на сперматозоидите.


Овој вид на контрацепција е:

" сигурен и ефективен
" може да се користи на било која возраст
Но,
" не штитат од ППИ и ХИВ

Стерилизација

Тоа е хируршки метод на планирање на семејството кај жени/мажи кои се сигурни дека не саакат повеќе да имаат деца.
" Кај мажи хируршки се врши подврзување на спермалните канали и така се врши блокирање на движењето на сперматозидите,
" Кај жени хируршки се врши подврзување на јајцеводите и на тој начин се спречува движењето на јајце клетката.
Овој метод на контацепција кај нас се применува само од медицински причини.

Бариерни контрацеотивни методи

Кондоми
Дијафрагми
Цервикални капи
Спермициди
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom