17 години Суперхикс @ Club Colosseum - 3.3.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
На фан пејџот на фејсбук стои:

Upcoming shows:
5.03.2011 - Skopje Koncert (17 godini Superhiks)
23.03.2011 - Rogla (Slo)tbc!
01.07.2011 - Sofia (vs Uikeda)tbc!
01.08.2011 - Velenje (SLo)tbc!
20.08.2011 - Zenica tbc!


Искрено, се надевам дека овој концерт стварно ќе се одржи. Нема да биде ко предходните што ги најавуваа и ништо од тоа.
 
Само ќе ја цитирам песничката што се врти на Лајф радиот како намбр 1:

Бебе јо а бебе јола бебе јо.....

Кобили нашминкани зебри со актовки и еден гепард што чека во заседа... :vozbud:


Многу добра реалистично претсавена нашава држава алал да им е!
 
Ќе се одржи, ова ќе биде нешто како промоција на новиот албум... Ska-punk, here i come! :)
 
По толку бесплатни...редно еден за со плаќање.

Уствари нигде не пишува дека ќе биде за со пари :pos2:
 
Убав датумот. Кликам на атендинг и очекувам некоја поширока локација за поголема маса народ.
 
Upcoming shows:
26.02.2011 - Shtip (MK)
27.02.2011 - Media Show (Skopje)
05.03.2011 - Colosseum Skopje (17 godini Superhiks)
24.03.2011 - Dom Kulture Rushe (SLO)
25.03.2011 - Rogla (Slo)tbc!
26.03.2011 - Dom Omladine Belgrad(SRB)
23.06.2011 - Prague City Festival (CZ)
01.07.2011 - Sofia (vs Uikeda)tbc!
01.08.2011 - Velenje (SLO)tbc!
NN.08.2011 - Zenica tbc!

Уште едно инфо.
 
СУПЕРХИКС @ Club Colloseum 3ти март, Четврток - Самостоен концерт!

Конечно... вест која ја чекавме цели 7 години: Суперхикс со самостоен концерт.
Пред точно 17 години, тогаш младиот и амбициозен ска-панк-реге-латин-балкан бенд ја започна својата (невозможна) мисија, да стане дел од Третиот Бран на современиот ска звук. Токму тие 17 години се причината поради која Суперхикс ќе се претстават со интимен концерт за своите верни фанови. Местото на настанот е клубот Колосеум, датата е 3. март 2011, а часот 21:00.

167509_139476402783973_100001648412300_269389_1597982_n.jpg


За да го оправдаат епитетот на еден од најоригиналните бендови на сцената, Суперхикс подготвуваат бест оф издание на концертниот материјал, како и песни од новиот албум кои за првпат ќе имате можност да ги слушнете и почувствувате токму во Колосеум. На еснафското друштво Суперхикс на бината ќе им се придужат: едниот и единствен Раде Рогожаров, оригиналниот Neletronic Guru, како и стариот пријател DJ Славе. Перформасите на концерот предивуваат и специјално светлосно и видео шоу, додека костимографијата, исто така изненадувачка, од наследството на 30тите години. Подгответе се за впечатлив настап. Новиот спот на Суперхикс Африка е само дел од “лудилото” кое ве очекува.
Скопскиот мартовски концерт е во функција и на планираното DVD издание на Суперхикс наредната година, како и стариот долг кон публиката - видео спот сниман од присутните.
2011 година е само подготовка за наредната, годината на полнолетството на Суперхикс.
Формирани пред 17 години како тинејџерки сон на Петар Младеновски, Зоран Жежов и Борис Минов, а придружени од дувачка секција, Суперхикс својот прв настап го имаше токму на 3 март 1994. година. Од анонимноста излегуваат со деби албумот "Чекај бе.. викам каде бе малку" беше издаден за Литиум Рекордс во 2000 година кој веднаш им ги отвори портите на успехот и беше повеќе од јасно дека се работи за бенд со вонсериски капацитет. Во својата интензивна кариера Суперхикс ја делеа сцената со големи имиња од светската музичка сцена: Ману Чао и Радио Бемба, Фан Ловинг Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Фишбоун и многу други... Нивниот долгоочекуван втор албум Трумано беше издаден во ноември 2003 година, повторно под етикетата на Литиум Рекордс. Веќе во првите неколку дена беше продаден како додаток во магазинот за млади Тин Шема во тираж од 25 000 копии. Четирите сингл нумери од Трумано го следеа успехот на нивниот претходник Раде, и ги окупираа повторно сите радио и ТВ топ листи како во Македонија, така и на Балканот и пошироко. Албумот беше проследен и со моќни и исцрпувачки турнеи низ Македонија, Балканот и Европа. Големата турнеја заврши со спектакуларен 3-часовен концерт на Скопскиот саем во родното Скопје пред 4000 посетители.
Долгоочекуваниот самостоен концерт е конечно пред Вас. Овојпат интимно, пред само 1500 одбрани. На програмата е и супер локалната поддршка - Новиот почеток. Преупредени сте на време. Претпродажбата стартува во среда, 9ти февруари. Следете нé.

www.myspace.com/superhiks

*Ова е копирано од Facebook page-от на Password Production.
 
Демек преместен е на 3ти? На мајспејс страната уште стои 5ти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom