17 години од геноцидот во Сребреница

Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Со погреб на 520 идентификувани жртви денеска (11.07) во Сребреница се одбележува 17-годишнината од геноцидот во кој животите ги загубија повеќе од осум илјади луѓе

Во Поточари денеска со верски обред ќе биде извршен погреб на посмртните останки на 520 Бошњаци. Меѓу настаните кои ќе го придружуваат одбележувањето на 17-годишнината од масакрот во Сребреница е и промоцијата на книгата на Мирсад Мустафиќ од Сребреница „Последниот крик на енклавата“ во која се говори за вистински ликови од градот.
„Секоја моја книга укажува на злосторства кои ги сториле одредени луѓе, а не цели народи. Секогаш велам дека вината ја сносат поединци, но тие треба да бидат откриени и за тоа треба отворено да се говори и заради идните поколенија и заради помирувањето на овие простори кое е можно и нужно“, вели Мустафиќ.

Во рамките на одбележувањето на сребреничката трагедија за првпат годинава е организиран ултрамаратон Вуковар-Сребреница. Ултрамаратонците претрчаа 227 километри, неретко и на температури кои достигнуваа и 40 степени целзиусови.
„Јас во татковинската војна во загубив братот. Оваа трка му е посветена нему и на сите загинати бранители на Сребреница. Ме прашавте дали беше тешко? Не е кога знаете за што трчате“, вели Душко Штрбац од Загреб.

Петта година по ред беше организиран и Марш на мирот од Жепа до Сребреница.
„Жепа и Сребреница во текот на целата војна беа потпрени една на друга и ние сметаме дека ни е должност на овој начин да им оддадеме почит на жртвите. Во колоната беа и деца од седум години. Сето ова го правиме за и тие да ја дознаат вистината и да научат нешто од тоа, со цел тоа да не се повтори“, вели Осман Зимиќ, годинешниот предводник на маршот.

Решад Дервишевиќ во 1995 година го минал истиот пат, но во спротивна насока. Тогаш тоа бил пат на смртта. Учесник е на сите досегашни маршеви и вели дека секојпат му се враќаат сликите на ужас:

„Се враќаат сеќавањата, се враќаат сликите. На секој квадратен метар мене ми мириса на крв, на човечка крв“.

Одбележувањето на годишнината од геноцидот се повеќе станува некој вид аџилак за многу луѓе од целиот свет. Маршот на мирот е двигател за такво нешто, вели Ќамил Дураковиќ, претседател на Организацискиот одбор. „И токму тој двигател нема да дозволи овој геноцид да се негира, минимизира или ревидира и тоа е јасна порака“, вели Дураковиќ.
Досега со ДНК анализа е утврден идентитетот на повеќе од 6.700 ексхумирани жртви настрадани во 1995 година по падот на Сребреница. Се’ уште се трага по 1.500 исчезнати
лица.


Господ да ги казни сите оние кои имале било каков удел во овој злочин.
Нека е вечен мир над починатите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ужасен чин кој неможе да се заборави. Лесна нека им е земјата.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Лесна им земја,господ нека има милост над нив.
Сосема непотребна работа,ама ете,тоа е.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Некогашни браќа, народи кои живееа заедно и беа сложни и цврсти кои изградија нешто што сега делени е незамисливо, сега секоја земја од тој некогашен синџир е никаква во секаков поглед, други ги водат, немаат ништо свое :/ Секој сега им прави што сака, кога ми кажуваше таткоми како било тогаш кога било мирно во голема земја, било едноставно посреќно од сега кога секој живее затворен и секој вели дека иднина нема :/ Лесна им земја на загинатите на сите страни, ама тоа е кога овие народи се лесни во мозокот.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Никогаш да не се повтори грозоморен чин од ваков калибар. Секогаш кога ќе помислам низ што поминувале овие луѓе се ежам. Ве ебал вас национализмот. Нека им е лесна земја.
 
S

Shaman

Гостин
Нека им е лесна земја. За жива греота.
Ете лошото и своеволно толкување на верата
што носи. Само зло.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ме нервира што ова ќе испадне единствен настан за кој ќе знае светската јавност за 10-20-50 години. А каде се жртвите Срби, Хрвати? Кој ги спомнува стотиците убиени немуслимани? Слично на тоа и Јохан е единствениот осуден "воен злосторник" од Македонија. Секогаш кога читате вакви работи потсетете се што ни се случи на нас. Во наша земја станавме агресори...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ме нервира што ова ќе испадне единствен настан за кој ќе знае светската јавност за 10-20-50 години. А каде се жртвите Срби, Хрвати? Кој ги спомнува стотиците убиени немуслимани? Слично на тоа и Јохан е единствениот осуден "воен злосторник" од Македонија. Секогаш кога читате вакви работи потсетете се што ни се случи на нас. Во наша земја станавме агресори...
Има логика во твојов муабет. Ние ќе знаеме што навистина се случи на Балканот, ќе знаеме и за Сребреница како врв на хоророт кој се случуваше, но да не се заборави ни Вуковар, ни геноцидот врз Српското население во таа војна.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Точно е во војните нема виновна страна, жално е за жртвите но уште пожално е што само Сребреница се спомнува до ден денеска, а никаде за Вуковар и за нападите врз Српското население.o_O
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Лесна им земја! Да даде Господ вакви грозоморни настани НИКОГАШ веќе да не се повторат, доста беше колење и убивање на Балканов, не мора да бидеме црна дупка во Европа, не мора лудилото секогаш тука прво да се шири. Балканот има толку многу потенцијал, може да биде многу повеќе од тоа што сега е.

Јака им душа на семејствата кои ќе бидат обвиени во црно до крајот на својот живот, сите кои изгубиле некој близок...

90тите беа дефинитивно црна точка во балканската историја... толку многу болка, омраза, црнило, тага...

НИКОГАШ ВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

добро уште верувате во приказни за мали деца
кој геноцид ???
кој жртви ???
кои силувања ???
докази леандра не приказни
ФАКТ бр. 1 никогаш немало геноцид !!!!!!!!!!!!!!!!
--- надополнето: 11 јули 2012 во 16:05 ---



типична амеирканска пропаганда да се оправда воен судир нешто слично на Сирија, Либија и цела Северна Африка веќе видено сценарио !!!!!!!!!!!!!11
Секое насилство треба да се осудува... Сребреница е УЖАС, Вуковар УЖАС, убивањето на Срби УЖАС.
Мали деца да убедуваш дека немало жртви и силувања. СМЕНИ СИ ГО НИКОТ би ти препорачала, затоа што Исус Христос не би помислил, уште помалку би рекол вакво нешто...

Наместо да се осудуваат злосторствата, наместо да се осудуваат ѕверовите кои убиваа, колеа, палеа, кои оставија илјадници семејства во црно, без разлика на тоа која националност биле, одма на темава почнаа со вакви муабети.

Има да ве бришам ако пробувате во темата да се карате, отворете си (ако нема веќе отворено) тема во Историја и таму расправајте се, а овде ќе се искажува ПОЧИТ спрема СИТЕ загинати.

Ете така да си знаете.
СРАМ ДА ТИ Е!
Немало жртви и силувања...:facepalm:
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Секое насилство треба да се осудува... Сребреница е УЖАС, Вуковар УЖАС, убивањето на Срби УЖАС.
Мали деца да убедуваш дека немало жртви и силувања. СМЕНИ СИ ГО НИКОТ би ти препорачала, затоа што Исус Христос не би помислил, уште помалку би рекол вакво нешто...

Наместо да се осудуваат злосторствата, наместо да се осудуваат ѕверовите кои убиваа, колеа, палеа, кои оставија илјадници семејства во црно, без разлика на тоа која националност биле, одма на темава почнаа со вакви муабети.

Има да ве бришам ако пробувате во темата да се карате, отворете си (ако нема веќе отворено) тема во Историја и таму расправајте се, а овде ќе се искажува ПОЧИТ спрема СИТЕ загинати.

Ете така да си знаете.
СРАМ ДА ТИ Е!
Немало жртви и силувања...:facepalm:
зошто си го избришала моето мислење ??
добро има ли демократија на форумов ???
или апсолутизам ???
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
зошто си го избришала моето мислење ??
добро има ли демократија на форумов ???
или апсолутизам ???
Го избришав, затоа што повлече со себе милион оф-топик мислења...
Ова е последно оф-топик мислење, чисто за да ти објаснам.
Темава не е за историски муабети, туку да се одбележи и даде почит на загинатите, ако не планираш тоа да го направиш слободно оди си од темава, нареден оф-топик ќе бидеш баниран од тема.
 
H

HITCH

Гостин
Никогаш да не се повтори грозоморен чин од ваков калибар. Секогаш кога ќе помислам низ што поминувале овие луѓе се ежам. Ве ебал вас национализмот. Нека им е лесна земја.
Овде нема никаков национализам, има болни умови. Разликата е огромна, националистот сака некого, овие не се сакаат ниту себе. Да наредиш убиство на човек е исто `ко да извршиш самоубисвто. Твојата душа е засекогаш изгубена, мртва! Никој нормален не би посегнал по туѓ живот, ниту пак би можел да прави план или издаде наредба за нечија егзекуција. Во Босна се случија страшни работи, за жал никој не се обедини за да се заштитат луѓето, напротив сите се фрлија на бранење на „своите.“ Пред некое време при рака ми дојде именик на исчезнати по азбучен ред - у ж а с! Тоа не се само нечии имиња, тоа се луѓе кои се казнети од болен ум. Не знам што е потешко, она што тие, исчезнатите, го преживеале или пак она што нивните семејства се` уште го преживуваат.

За жал, и ние од 2001 г. и ние имаме 12 исчезнати Македонци во воени услови. Тоа не се само 12 зацрнети фамилии, тоа е болка и за нивни роднини, пријатели, па и за нас... Иако никогаш не сум ги сретнала, за нивната судбина знам само од телевизија, за судбината на исчезнатите без оглед кои се и од каде се, чувствувам неопислива болка.

Многу мразам лицемерие за вакви тешки работи, поготово од „големите“ сили. Џабе е сега да ги осудуваат оние кои ги сториле воените злосторства кога не направиле ништо за да ги спречат во извршувањето. Порано ги снабдуваа со оружје, а сега им велат дека само едните се виновни за ситуацијава. Нелуѓе!!!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Ме нервира што ова ќе испадне единствен настан за кој ќе знае светската јавност за 10-20-50 години. А каде се жртвите Срби, Хрвати? Кој ги спомнува стотиците убиени немуслимани? Слично на тоа и Јохан е единствениот осуден "воен злосторник" од Македонија. Секогаш кога читате вакви работи потсетете се што ни се случи на нас. Во наша земја станавме агресори...
Се спомнува овој настан највеќе бидејќи за 12 дена се убиени 8000 мажи и деца од муслиманска вериосповест.Не верувам дека постои таков настан во кој настрадале толко многу Срби во таа војна.А за другите настани , како Вуковар и други постои соодветно нивно одбележување од страна на Хрватите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom