Книгата „Житни полиња, крвави ридови“
Fields of Wheat, Hills of Blood: Passages to Nationhood in Greek Macedonia, 1870-1970, The University of Chicago Press, Chicago and London, 1997, Anastasia Karakasidou.
Монографијата на Анастасија Каракасиду "Житни полиња, крвави ридови: за националното во Егејска Македонија, 1870-1970" во последните години се претвори во едно од појавите на модерната историска антропологија. Од публикувањето во 1997 г. до денес е преведена на неколку јазици, вклучително и на македонски јазик но
не и на грчки. Тоа се должи на следните објаснувања. Книгата зафаќа клучни и истовремено деликатни проблеми околу постепеното
грцизирање и национализирање на Егејска Македонија од ХІХ и почетокот на ХХ век. Таа претставува најсериозниот и успешен обид во последно време за комплексно и максимално објективно
представување на крвавата историја на регионот, а истовремено и длабочини, локални проучувања и "сондажи".
Пред нас е историја, во која се интегрирани раскази, социјалните и економските збиднувања,
трагичната судбина на прогонетите и се она, кое ја создава современата
физиономија на Егејска Македонија. На овој исклучително богат историско-антрополошки фон, Анастасија Каракасиду ги осмислува проблемите како инструменталното насилство и власта, судбината на личности , реалното и симболичното присвојување на донационалните балкански и малоазијски пространства. Таа ги проследува различните патишта на
асимилацијата и интеграцијата, сврзани со државната политика, во историјата на регионот и целата палета од лични и групни стратегии и истории. Авторката навлегува во теми, коишто биле и се уште се табу во не само грчката, но и во балканската историографска традиција. Таа ја опишува без колебање судбината на "славофоното" население низ разнообразен документарен и етнографски материјал, собиран многу години. Во нејзината родна
Грција авторката е "персона нон грата", дури и во средината на академиците.
Публикувањето на книгата на англиски јазик мина во знак на вистински меѓународен скандал.
Под притисок на
грчкото министерство за надворешни работи книгата е сопрена во Оксфорд , што предизвика бурни протести и во крајна мера монографијата беше издадена во Чикаго . Меѓувремено авторката беше подложена на закани по живот и системна тортура- малтретирање од страна на некои крајно грчки националисти.
Книгата на Анастасија Каракасиду ги збогатува значително нашите познанија за историската судбина на Егејска Македонија и нејзиното население и човечките трагедии. Едно такво издание ни дозволува да вникнеме во целата сложеност на проблемите, сврзани со националната интеграција и хомогенизација како процеси, карактеристични за целиот регион на Југоисточна Европа во ХХ век.
