- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.268
- Поени од реакции
- 12.995
Што значи, крштевањето на деца е погрешно, неетичко и себично.
Тоа е право загарантирано со Устав во сите секуларни држави.
Едно време постоеја држави кои отворено се декларираа како секуларни, но истовремено и атеистички - како Советскиот Сојуз и Југославија на пример, некои дури и им ги одземаа децата на своите родители доколку ги учат на верувања спротивни на партиските, пардон - државните верувања, но ете, денес тие држави повеќе не постојат, а христијанството зема нов замав во истите тие држави.
Мала поправка: Советскиот Сојуз и Југославија не беа баш атеистички држави, бидејќи имаа своја државна религија - социјализам, каде што Комунистичката Партија беше државната црква, а членовите на партијата беа верниците. Тие кои не беа членови на партијата, беа припадници на пролетаријатот и како такви живееа во идеолошка диктатура, каде што имаа право само да веруваат во државната пропаганда, како што беше приказната за Братство и единство во Југославија, за која видовме како заврши.
Кина, која е светски промотер на атеизмот, иронично, е државата со највисока стапка на раст на новокрштевани христијани во светот. Како и зошто во водечка атеистичка држава христијанството успеало да земе замав, претпоставувам ќе треба да ги прашаш Кинезите.
Не знам ти зошто си ми реплицирал. За госпоѓицата очигледно е супериорност нејзиното верување. Се рачуна за повеќе вредна од тие што не се христијани. Ако тоа не е супериорност, не знам што е. Не ме занима за тебе дали е или не.
Само се надоврзав на твојот коментар, за да потенцирам дека религијата не е прашање на супериорност, туку прашање на верување.
Ако некој(а) се смета себеси за супериорен поради неговите/нејзините религиски верувања, тоа е повеќе прашање на лично убедување, а не на верско учење - барем за христијанството можам да ти потврдам дека Новиот Завет не ги учи луѓето на супериорност.
Види го видеото за Колумбија што го ставив во погорните постови и кажи ми дали ако е нешто обичај тоа значи и дека е правилно?
Добредојде во клубот, секако дека не е правилно.
Кога веќе истражуваш видео записи, побарај го видео записот од арапска жена на која и` ја исекоа главата како на животно среде улица во Саудиска Арабија пред некоја година.
Саудијците изразија револт и шокираност поради видео записот, но не поради обезглавувањето на жената, туку бидејќи видео записот завршил на Интернет каде што целиот свет може да види каков третман добиваат жените осудени на смртна казна во Саудиска Арабија.
Очигледно од видео записите од Колумбија и Саудиска Арабија можеме да извлечеме доста објективни и здрави заклучоци - како на пример дека треба да бидеме благодарни бидејќи не сме се родиле и не сме израснале во такви држави и во такви општества.
Последно уредено: