Трогателна приказна за голготата на мала Скопјанка!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Трогателна приказна за голготата на мала скопјанка која побегнала од дома за да се спаси од малтретирањата на својата психички растроена мајка. Од хоророт во домот паднала директно во канџите на проституцијата. Заведена од името на љубовта, младоста ја поминала низ рацете на многу мажи на различни возрасти остварувајќи ги нивните сексуални фантазии на најдобар можен начин. Задоволни клиенти за малото девојче значеле повеќе пари и удобен живот. Но, дали нејзиниот сон станал реалност?

Ева имала 12 години кога избегала и од дом за деца и почнала да го продава своето тело. Додека бегала, во Скопје сретнала момче кое ја поврзало со ин-кол агенција. "Ин-кол значи клиентите доаѓаат кај нас. Аут-кол значи дека ние одиме кај нив", објаснува Ева. И двете значат пари и брза заработувачка за 12-годишно девојче. "Ми беше речено дека треба да шетам низ станот по секси долна облека, а не дека треба да спијам со мажи за пари. "Бев млада и глупава. Не глупава, всушност лесна за манипулирање", се потсетува таа. Ева, се уште се сеќава на првиот пат кога имала секс со странец. Иако не била девица, била многу нервозна, исплашена и физички и психички. Момчето имало околу 20 години, а Ева не била ни тинејџерка.
Не поминало долго време, а таа го сретнала господин ХХ, со кого се здружила и почнале да делат 50-50. Таа ја вршела валканата работа, а тој задржувал половина од парите што Ева ги заработувала. Откако го напушила ХХ, веднаш налетала на "шармантниот господин У". Тој ја нарекувал Ева своја девојка, и дал стан за да живее. Но таа морала да работи како проститутка и да заработува за него.


По неколку месеци во врска, Господинот УУ ја сместил Ева во хотел. Таа не можела да направи ништо без негова дозвола, а морала да му се јавува и на неколку часа и да му рапортира дека закажала или пак завршила со сенасата со некој клиент. Понекогаш ја терал да работи на улица. Па така, додека стоела на некој од тротоарите, не смеела да гледа кон други макроа. "Девојките-проститутки, најчесто се препродаваат меѓу макроата и тоа по цена од 500 до 2500 евра во зависност од годините и изгледот на девојката", вели таа.


Една вечер кога била на улица, Ева добила мензис. Господинот У не и одговарал на телефонските повици, па девојката купила тампони без негова дозвола. Тоа го вознемирило. "Ми се закани дека ќе ми ја откине главата од раменици - да, тоа беа неговите зборови. "Конечно, летото 2005 година, Ева собрала храброст да го напушти, но му се вратила на господин ХХ, со мисла дека повеќе и се допаѓало да дели 50-50.


Му бев девојка на господинот ХХ и првите шест месеци се беше во ред. Бев среќана. Тогаш господин Х почна да носи се повеќе девојќи во станотт се потсетува Ева. Макрото и говорел дека се обидувал животот за нив двајцата да го направи подобар, па и барала да му ја дава целата своја заработувачка.
Ева била најдобрата девојка на господинот Х, таа ги држела во ред сите други девојки. Таа ги сликала и за нив давала оглас на интернет. Цената им се движела од 50 до 100 евра за еден час, додека од 30 до 50 евра за половина час задоволство со девојка, ја раскажува својата голгота девојката.


Месец или два пред конечно да го напушти господинот ХХ, побарала од него да си ја плати слободата. Нејзината цена била многу повисока и изнесувала околу 5 илјади евра, оти таа самата сакала да си замине, така и објаснил макрото. Кражба во хотелот во кој работела со клиент бил инцидентот кој ја турнал на работ. Ева го поминала својот 18 роденден во ноември, криејќи се од макрото. Две недели се криела во станот на своја пријателка. Во јавност ислегувала со темни наочари параноично вртејќи се на сите страни во страв да не ја забележи колата на господинот ХХ.

Тогаш Ева заминала и се пријавила во полиција.

Господинот Х наскоро бил уапсен од полициски инспектор кој го начекал со 14-годишно девојче, кое на себе имало само пешкир. "Има многу што да се научи од она што го следи животот на една проститутка која ја фрлаат на кревет како кукла од крпи, понекогаш и по 10 непознати мажи дневно, вели Ева. Гледајќи назад сега на Ева од т.н. врска и остана само агонија, главоболка, лош глас и емоционален стрес.

БЕГСТВО ОД РАСТРОЕНА МАЈКА
Ева воопшто не се сложувала со својата мајка која страдала од ментална болест. А татко и воопшто го немало во сликата. Таа била злоупотребувана и неколкупати бегала од дома се до последниот пат кога мајка и ја избркала. Ева била примена во дом за деца без родители на 12 годишна возраст. Многу го мрзела домот, па поради тоа побегнала и од таму. Таа еден ден сака да биде професионален фотограф или да планира и да организира свадби. Денес, Ева, под друго име работи во скопски ресторан, а како волонтер помага во готвењето оброци за бездомниците во една скопска црква.

извор: ВЕЧЕР
 
Леле трагична приказна.Има еден куп вакви:(малдите девојки треба добро да се пазат и да не му веруваат на секого.
 
Lele svarno tazno, i toa deka treba da se pazat da, ali i makedonskava policija treba da se aktivira poveke okolu taa rabotaa, posebno zasho se raboti za maloletnichki.
 
Богами греота за девојчето, камо да можат макроата да се приведат, многу животи ќе се спасени. Пак извлекла некако слобода, а има и жртви на кои трајно се упропастени животите и за нив веќе зборот нормален живот постои. Ајде може девојчево кое се спасило ќе успее да си го мине нормално животот со своето ново име после толку трауми доживеани.
 
трагична приказна се наежив....
 
Од читање вакви приказни секогаш ми се јавува истото чуство. Со голи раце да ги задавам господата x y или како и да им беа знаците...не не да ги задавам. Да ги мачам две недели да умираат бавно и болно.
 
леле..фала богу што немам таков живот.ама дефинитивно не треба да му се верува на секого,макар и да се прави дека те сака или сте во врска.ако не го знаеш добро едноставно:salut:
 
Според мене ова е уште еден катастрофален показател за гнилоста на општеството во кое живееме.

Да се запрашаме што прават центрите за социјални работи? Што прават другите надлежни инситуции.

Ова се се случеше во некоја друга држава нема да останеше само како обичен артикл во весник, за него ќе требаше да одговараат релеватните фактори кои дозволиле и не спречиле да се случи ова.
 
Страшно, тажно, одвратно и што уште не!

Вакви текстови ме вадат од такт и не знам што побрзо да се потрудам да разберам. Дали тоа што погоре city праша околу работата на центрите за социјални работи, дали за одвратните суштества кои си земаат за право да манипулираат со наивни деца, дали за родители кои си ги бркаат децата од дома и ги оставаат на милост и немилост на улица.
Ова е само еден случај, а којзнае уште колку ги има.

Па уште да си платиш слобода бе! Си присвојуваат луѓе :nesvest:
 
:( сурова реалност.....
 
Душичка бе!
Мислев дека од оговарањето и малограѓанштината во Македонија може да има и добро, поточно дека од сосед на сосед ќе се знае ако е некој малтретиран/теран на проституција, па од таму дека и властите ќе дознаат... Ама не е баш така...
 
Welcome to the real world!
 
жално..трагично..грозно..само тоа имам да кажам!На светов за жал се повеке и повеке има вакви работи без исклучок на нашата земја што е за жалење.Уништување на животот на младите,создавање трауми и последици..катастрофа!:nesvest:
 
леле ау греота:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom