Патеписи

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.286
Поени од реакции
34.669
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Гледам дека има луѓе кои навистина многу шетаат низ Македонија и лично може да се запознаат со нејзините убавини. Пренесете го вашето лично искуство на оваа тема. Добрите патеписи и стории ќе се објавуваат на главната страна на www.kajgana.com, како што беше случајот со Смоларските водопади (oxygenne), Куклица (schtranga мислам) и уште ред други... Батистута на пример, барем 2 пати во месецот е на „шетња“ низ Македонија. Сигурен сум дека има повеќе како него. :wink:

Значи, сите патеписи, репортажи, стории за македонските градови, села, историски локалитети - може да ги поставите тука.
 
ја сакам за Малкоец да пишам.. можи?

Малкоец е налегнат отаде Големец, ги делат сал два моста и три кафани...
 
Офчар напиша:
ја сакам за Малкоец да пишам.. можи?

Малкоец е налегнат отаде Големец, ги делат сал два моста и три кафани...
И да пишеш! До утре вечер го очекувам твоето писание!
 
Pozdrav za temata! pa i jas odvreme navreme se setkam, ama do kaj rodninite i prijatelite niz istocna makedonija, pa moze da ocekuvate i od mene napisi,...ama toa zdravje koga ke se potstopli:icon_cool
 
Солунска Глава

Не знам дали на ова имавте на ум кога ја отворивте темава, али ај да пишам јас што имам па ќе видиме...

И јас така со другарчињата знам да се загнам негде за викенд на шетање. Мора да признаам колку повеќе шетам толку повеќе си ја сакам Македонијава и уште повеќе се нервирам како тоа ние не знаеме да заработиме од она што ни го дала природата.

Последната прошетка ни беше прошлиот викенд, се зденавме со цел да ја „освоиме„ Солунска Глава.

И како нормално си фативме вовче и за непол 1,5h бевме се симнале во Богомила. Од таму докупивме некои намирници и пат под нозе лека-полека ја опраивме по патот.

Патот од Богомила накај Солунска Глава е по течението на реката Бабуба и тоа самото е призор за себе. Чиста пењушава ладна вода со жабот кој не може да се опише поинаку освен да се доживее.

(Се занесов, а? Ваљда не смета, ќе продолж
ам утре)
 
Еве пак да си го пастирам патеписов, пошо ми се избришал... :pos:


Планинскиот масив Пелистер е типичен хорст издигнат долж повеќе раседи кои го одделуваат од Пелагонија и Преспанската котлина. Денешното издигнување на масивот изнесува 6 милиметри годишно. Со оглед на тоа што примарната структура на Пелистер претставува батолит голем дел од карпестите маси се претставени со магматски карпи, пред се гранити и гранодиорити.
За да ги доживеете со свои очи убавините на Пелистер потребна ви е желба и пред се добра кондиција. Мојата најомилена тура започнува од Нижеполе. Тоа е село сместено во подножјето на планината, до каде можете да стигнете со возило. Оттука патот води низ терен без шумска вегетација, а попатно има по некое изворче за да ја изгасите жедта. По околу 2 и пол часа пешачење и искачени повеќе од 1000 метри висинска разлика пред вас ќе се појави прекрасното Големо Езеро, сместено во еден цирк. Според постанокот ова е глацијално езеро и е резултат на плеистоцената глацијација. Со оглед на големата надморска височина (2200 метри) не ретко можете да сретнете снег и мраз дури и во летните месеци јуни и јули. Веднаш до самото езеро се наоѓа планинарски дом кој воедно всушност е дом на најголема надморска височина во Македонија. Ноќевањето на ова место претставува посебно доживување.
Турата продолжува рано наутро, а следна цел е врвот Пелистер (2601 метар) до каде се потребни околу 3 часа пешачење. Патеката кон врвот води по сртот, се минува над еден фосилен цирк и следи Малото Езеро, исто така резултат на глацијацијата на овие простори. Димензиите и длабочината на ова езеро се значително помали споредено со Големото, а водата е нешто потопла. И конечно врвот Пелистер или Антена како што милуваат да кажат битолчани, а и името Димев врв (по Димитар Илиевски - Мурато, легендата на македонското планинарење и единствен македонец кој го освоил врвот на светот) е често употребувано. А од самиот врв има што да се види, на едната страна цела Пелагонија ја имате на дланка, а од другата страна Преспанското езеро со Галичица во позадина. Долго задржување на врвот не е препорачливо, па така по малиот одмор и пауза за ручек се тргнува во правец на планинарскиот дом Копанки. Делот од патеката кој води по сртот е по малку опасен и треба многу да се внимава, а движејќи се по голите карпести маси од гранодиорити се минуваат врвовите Илинден и Стив. На овој дел од масивот се забележуваат камени реки, значајна периглацијална појава која на Пелистер е мошне репрезентативна и претставува реткост за Балканскиот полуостров. Спуштајќи се кон Копанки некаде под 2000 метри надморска височина започнува и шумската вегетација претставена со петоигличниот бор Молика. Од врвот до овој планинарски дом (на околу 1600 метри н.м.в.) има не повеќе од 4 часа. Овде е предвидено второто ноќевање. Овој планинарски дом е на прекрасна локација, опкружен со шуми, а условите во домот се солидни. Кога домот е полн секако и дружбата во вечерните часови е неизбежна, па сите се собрани во салата и дискутираат на најразлични теми, гледаат ТВ или едноставно уживаат во планинскиот чај.
Наредниот ден турата завршува, а такси за Битола можете да фатите од пред хотелот Молика кој е оддалечен 25 минути пешки од домот, а секако оние кои сакаат уште да пешачат а воедно и да заштедат има можност да се спуштат до селото Магарево кое се наоѓа во подножјето на Пелистер.
Овој национален парк е воедно и еден од најубавите предели во Република Македонија, секогаш интересен како од геограски аспект така и за планинарите, љубителите на природата, скијачите . . . ако некогаш имате можност да го посетите Пелистер не се двоумете затоа што само така можете да ги запознаете убавините на Македонија.

7.jpg


2.jpg


4.jpg


8.jpg


6.jpg


1.jpg


5.jpg
 
а, да се жалиме можи ?
Па не ви е срам, ПА КАКО МОЖЕТЕ СТРУГА да го заборавете... па ве молам. Пред да падне форумот, имаше за СТРУГА, а сега ? :nenene:
 
Луѓе барам по интернетов и не можам да најдам клипови за Македонија ако некој знае каде да побарам.
 
Jas utre ke napisam za moeto selo Dobrejci. A sakate li sliki od trevkata kako se odgleduva?ili moze eden ЏОИНТ?:ojea:
 
темава е супер.
имам убави работи за темава од понеделник очекувајте.
 
Mi se dopadja ,,GRADCE,,Kocani,prekrasno mesto,ima brana,vodopadi,odaleceno edno 6km od Kocani,veruvam deka mnogumina bile,isto manastirot Sv. Joakim Osogovski Kr. Palanka....
 

Е го тргнале бродот. Имаше еден брод во пристаништето т.е танкер цел беше. Целиот рѓосан, интересна глетка беше. Пола пристаниште го опфаќаше со години.
 
PIRIN GD

Преубави слики, ти благодарам што ги подели со нас.
Поздрав до сите таму од прекрасната Пирин планина.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom