Вистината за Сугарев!

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Ѓорѓи Сугаре е роден во Битола, станува член на ТMOPO во 1901 година. Активно зема учество во Битолскиот регион за време на Илиднен каде што мобилизира огрмони војски, скоро секое село од Битолско зема учество.

Спред кажувањата на војводата Славејко Арсов, огромен број Комити за време на Илинден биле од Битола и во Битолскиот реон 96% од населението земало активно учество во Револуцијата. По катастрофалните порази, многу од војводите заминуваат за Бугарија со цел да се спасат од теророт и апсењата кои ги вршеле Турците.

Но Сугарев наместо да ја напушти Македонија, почнува со возобновување на организацијата, кој треба да работи под Команда на Даме Груев за да се рехабилитира организацијата и да се стават нови војводи и управители на месните комитети.

Сугарев токму тоа и почнува да го прави. Верувам многумина ја слушале песната "Заплакало е Мариово"каде што се збори како загинува Ѓорги Сугарев, наводно предаден од Параловци(т.е Паралово место во Мариовско).

Но сепак народната песна не ја открива правилната вистина за овој чесен војвода, херој во очите на народот, човек кој никогаш не го ставал индивидуализмот пред Македонија, човек кој секогаш бил тука за народот.

Вистината е следнава: Сугарев добива писмо од страна на четник во кое се вели дека треба да дојде во Јени мало на разговор околу тоа како да се среди ситуацијата таму поради тоа што неможат да одлучат кој да биде месен војвода, исто поради причината за да се пресмета со грчките андарти кои почнуваат сериозно да го повредуваат населението. Писмото е напишано и испратено од Петар Лигушев. Сугарев како задолжен за тие работи се упатува кој тој реон. Во меѓувреме Лигушев (на некои познат како Легушев) го набедува селскиот поп (кој бил пијаница и неранимајко, не зборат за отецот Мирабо бидејќи како што знаеме тој е поданик на Даме Груев и се смета за еден од најчесните луѓе во организацијата) да му каже на Сугарев кога ќе дојде дека Лигушев ќе го чека кај манастриот, а во исто време им дава дознаење на турците дека четата на Сугарев со самиот Сугаре на чело ќе биде дојдена на тоа место.

Сугарев оди на местото и е пресретнат не од Лигушев него од неброен Аскер. Четата на Сугарев брои 25 луѓе кои тој ги раководи. Нападнати од Турците и немајќи можност за бегање, почнуваат долга борба која траела цела вечер.

Утредента на местото на настанот се пронајдени 24тела, а едно не е таму. Токму телото на Ѓорѓи Сугарев.

Е сега прашањето е како Сарафов го уби Сугарев? Сарафов и Сугарев двајцата биле под Даме Груев и имале колку толку исти привилегии, Лигушев работел за Сарафов и верувам дека добил наредба од него да го намести Сугарев.

Ѓорги Сугарев по тешката борба со Аскерот, е тешко ранет, но не и мртов. Како што знаеме сите и како што верувам сме учеле по книгите е дека Сугарев се самоубива, а некои други дека Сугарев е убиен од страна на Турците. Вистината е дека Сугарев вечерта успева да избега, смрторанет доаѓа во селото кога паѓа мрак и се обидува да најде медицинска помош. Тогаш е пресретнат од Лигушев или од Црни Петар кои го докрајчуваат.

Телото на Сугарев ниту пак неговата пушка се најдени до ден денешен. Ниту пак по долго долго пребарување на планинските места е пронајден трупот негов од страна на Турците.

Месното население во реонот почнува да се прашува каде е Сугарев и дали сеуште е жив. Една вечер Петар Лигушев му дава писмо на извесен селанец нарачен Стојан да го однесе кај Ѓаконот(војвода од тоа место) и му кажува дека аскерот го бара и веќе се во неговата куќа. Стојан се упатува кон Ресенско, но почнува облен дожд по што писмото се наводенува, Стојан пробувајќи да го стави во својата капа решава да го отвори и да го стави само без плико, притоа откако го прочитал писмото увидува дека Лигушев му наредува на Ѓаконот да го убие Стојана поради тоа што се сомнева дека тој ја знае вистината за Сугарев.

Стојан се враќа во селото и живее во плевната на еден Албанец, кој притоа му кажува на Стојан дека Лигушев им предал листа со имиња на членови на МPO на аскерот. Сакал сите да ги убие поради тоа што се сомневал дека ја знаат вистината за Сугарев и сакал да ги заќути во нивното константно интересирање каде е Ѓорѓи.

По 3 дена, Стојан го пронаоѓа Петар и го пука од зад грб, но притоа Лигушев не умира, само е тешко ранет.

Овој текст го напишав со цел да се запознаеме со вистината затоа како умре Ѓорѓи Сугарев, да му одадеме помен на големиот војвода и борец на Македонскиот народ кој беше жртва на врховизмот и на предавниците.

Б.К
 
Заплакало е Мариово, заплакало
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев
каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да стигниш
од душманите да не куртулиш.


Извикна Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, подвикна
од Демир Хисарските балкани
Слушам ве народ, народ поробен,
леле измачен
слушам ви гласој, гласој жалосни


Сега за скоро јас ќе дојдам, ќе пристигнам
со триесет одбрани момчина
сите со куси манлихери, манлихери
сите со наган револвери.


Кога пристигна Ѓорѓи Сугарев, пристигна
во тоа село Паралово
Бог да ги бие шпиуните, Параловци
Сугарев што го предадоја


Слушај бре ваму Ѓорѓи Сугарев, послушај
ако сакаш жив да куртулиш
накачи горе кај чукарите, кај манастирот
ако да сакаш жив да се спасиш


Тогаш се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага
накачи горе кај чукарите
кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев
од сите страни Ѓорѓи сардисан.


Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна
на неговата верна дружина
фрлајте гуни и пусија, леле пусија
живи на душман не се давајте.


Згрмеја пушки, пушки аскерски, во залпови
цела дружина му ја избија
Тогаш извади наган револвер, Ѓорѓи Сугарев
самиот крвта си ја пролеа
самиот крвта си ја пролеа, Ѓорѓи Сугарев
жив на душмани не се предаде
 
Најголеми кодоши биле браќата Манаки...
кога ги кадросувале војводите и другите,си правеле и по некоја фазла слика...
и оделе на турско кафе,кај турците,со азно...
затоа,многумина наши патриоти,оделе така "мазно"...
 
Владе фала ти за песната.

И јас сакав да ја постирам, кога видов дека они ја ставиле Бугарската.

Инаку еве ви нешто повеќе за предавства


Поздрав
 
Едната е на еден јазик другата на друг, иако многу ја почитувам Љупка Рондова
 
Не почнувам друга тема, оваа тема е за Сугарев!Поентата е да се прочита за неговата смрт
 

Во позадина ќе ја слушнете и првата верзија и воопшто снимена на носач на звук на славната песна, изведена од страна на Христо Арсов.
Е сега прашањето е како Сарафов го уби Сугарев? Сарафов и Сугарев двајцата биле под Даме Груев и имале колку толку исти привилегии, Лигушев работел за Сарафов и верувам дека добил наредба од него да го намести Сугарев.
Ај те молам овој дел образложи го малку повеќе...Затоа што Лигушев никогаш не работел за Сарафов според моите сознанија, но ако имаш некаков непобитен аргумент, те молам приложи го. :smir:
 
Имам другар кој е по мајка поврзан со Сугарев (не е баш блиска врската но важно постои).

За сите што се сомневат тој е Македонец.:smir:
 
Ај те молам овој дел образложи го малку повеќе...Затоа што Лигушев никогаш не работел за Сарафов според моите сознанија, но ако имаш некаков непобитен аргумент, те молам приложи го. :smir:
Ова мое кажување не е измислено, туку е превземено од книга.
Книгата е сведоштво цело на една девојка од селото Паралово, каде што збори за ноќта кога е убиен Сугарев.
Доколку сакаш ќе ти ја дадам книгата на англиски е ама.
Книгата е пишувана во 1906,7 година
 
Ѓорѓи Сугарев, најславниот битолски и еден од најопејаните илинденски јунаци, окружен војвода и делегат од Битолскиот крај на Смилевскиот конгрес во 1903 год. горски началник на Пелистерскиот реон и ревизор на четите во Битолско, Ресенско и Демирхисарско за време на Илинденската револуција, загина со неговата чета на 5 април 1906 г. (23 март ст. ст. ), во борба со многубројниот турски аскер и башибозукот, во голите ридови над мариовското Паралово. Познат како непоткуплив и бескомпромисен борец против носителите на туѓите пропаганди, врховистите, гркоманите, србоманите и другите предавници, тој падна како жртва на такво предавство извршено од битолските врховисти на чело со Петре Котев Лигушoв, познат како Петре Лигушо, тогашен секретар на Битолскиот окружен комитет, некогашен баирски учител, внатрешен врховист поврзан со битолскиот валија. А директната причина за предавничко-егзекуторскиот чин беше отворената страшна критика упатена против нив од страна на Ѓорѓи Сугарев заради кражбитe и малверзациитe сo паричните средства собрани за револуционерни цели...

Целиот текст тука:

http://www.ego.com.mk/index.php?opt...vanjetonagorgisugarev&catid=180:299&Itemid=53
 
Човекот има роднини избегани во Бугариjа. Еден од нив е познат политичар, Едвин Сугарев. Тие не се идентифекуват себе како Македонци, а за него памтат дека е всушност бугарски воjвода. Башка имаше нешто во еден софиски весник. Доколку наjдам одма пуштам овде да се соочите и со поинаква приказна за овоj голем револуционер.
 
Ах што убаво би било да можеше некако да го дигнеме од гробот Ѓорѓија Сугарето па да може таквите потатарени специмени како тебе да се соочат малку насамо со војводата...
...чисто да се обидат да му објаснат дека не е Македонец де, па навистина да го разберат значењето и употребната вредност на тоа Бум-Бум. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom