КОРЕНИТЕ НА ПРАИСТОРИСКИОТ ЧОВЕК НА МАКЕДОНСКО ТЛО?!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Thursday, 18. October 2007, 22:03:31

СЕНЗАЦИОНАЛНО ФОСИЛНО НАОЃАЛИШТЕ КАЈ ДЕЛЧЕВСКО

Пролетва во март, при обилни дождови во Југоисточна Македонија,поточно во Делчевско, во еродираните површини, при истекување на водите и при ерозија, на виделина се појавија фрагменти од фосилни остатоци, кои ја фрапираа не само македонската, туку и светската јавност.

Тие фрагменти веднаш биле доставени на експертска анализа, поточно до господинот Ристо Гаревски, кој е вистинска жива легенда кога станува збор за македонската палеонтологија. Тој ги потврдил сознанијата дека се работи за фосили од периодот на плиоцен (5 милиони години завршува пред 1 милион години) и миоцен (25 милиони години и завршува пред 5 милиони години).

За неодамнешните пронајдоци многу интересно објаснување даде др Светозар Петковски, кустос-советник во Природно-научниот музеј:


"За разлика од поранешните пронајдени фосилни наоди, кои се регистрирани во Македонија, а потекнуваат од 8 до 10 милиони години, наодите откриени меѓу селата Стамер и Ѕвегор, Делчевско, се помлади по геолошката еволуција на земјата некаде со старост од 3 до 6-7 милиони години. Откриените фосили ги видоа и експерти палеонтолози од Франција и од Бугарија, кои се согласија со тврдењата на професор Гаревски дека се работи за исклучително интересна фауна, која од тој период досега не е откриена. Во текот на седумте дена, што за палеонтолошки истражувања е минимален период на ископување, најдовме многу интересни податоци. За жал, во текот на тие денови наидовме на нецелосен череп од фосилна жирафа и еден фосилен слон, односно една целосно зачувана долна и горна вилица, речиси целосно зачуван череп и познатите слонови коски.

Димензиите на фосилниот слон биле со височина од околу 4 метри и со тежин повеќе од 10 тони, додека за висината на фосилната жирафа не може точно да се каже, но според масивноста на черепот се проценува дека тежината била повеќе од 3 тони".

Според кажувањата на д-р Петковски, претходно се пронајдени остатоци од фосилен елен и од носорог, меѓутоа тие се најдени на место таканаречено "свлечиште", така што можеби скелетот бил целосно зачуван, но поради свлекувањето на земјиштето дошло до нивно дробење. Затоа се настојува истражувањата да се вршат на рамни површини каде би можело да се пронајдат целосно зачувани скелети.

Нешто што секако ќе ја интересира пошироката јавност е фактот дека со проектот на Бугарската академија на науките и на Францускиот центар за научни истражувања преку ЕУ, кој би почнал со реализација во 2009 година, се поаѓа од една нова хипотеза во еволуцијата на човекот.

"Досегашните најстари фосилни наоди на прачовекот - објаснува д-р Петковски - потекнуваат од Африка, меѓутоа најстарите пронајдоци не се постари од пред 3 милиони години. Сите тие пронајдоци се многу блиски до денешниот човек. Значи, ја немаме онаа преодна алка во еволуцијата на човекот кога тој се одвоил од животните. Тој период кога настанал човекот, според реалните претпоставки, требало да се случи некаде од пред 4 до 6 милиони години.

Токму фауната која ја откривме на локалитетот кај Делчево е од тој период.

Оттука постои голема веројатност дека меѓу останатите фосилни остатоци може да се најде и првата генетска линија која се одвојува и претставува како предок на денешниот човек. Најновите хипотези се дека човекот не настанал во Африка, како што досега се тврдеше, затоа што таму нема постари фосилни остатоци постари од 3 милиони години.

Од друга страна, пак, немаме фосилни наоди постари од 3 милиони години од денешната фауна во Африка - носорози, слонови, жирафи... Климатските услови кои тогаш владееле на овие територии биле многу слични на денешните климатски услови во Централна Африка - тревести еко системи од типот на савани. Предците на денешните животни во Централна Африка настанале тука. Подоцна, како доаѓало до климатски промени и заладувања со илјадници години, таа фауна се преселила во Африка.

Оттаму следува најновата хипотеза дека човекот настанал на просторите на Југоисточна Европа. Потоа секундарно, со еволуцијата на човекот, тој се проширил низ цел свет.
Овие теории не се засновани само на претпоставки, туку според артефакти кои се откриени во околината на Делчево".

Крајна цел на луѓето вклучени во овие истражувања е проучувањето на повеќе локалитети за да се утврди точно на колкаво пространство се простира оваа масовна гробница.

"Имајќи предвид дека двата локалитета меѓу селата Стамер и Ѕвегор се многу блиску до бугарската граница сметавме дека е потребно да ги информираме и нашите бугарски колеги и тие да почнат исти такви истражувања за да можеме во иднина наместо нaционален да прогласиме еден трансграничен парк на фосили, односно трансгранично заштитено подрачје", додава д-р Петковски.



Делчевски Стамер го сврте не само европското туку и светското внимание на археолошката научна експертиза.
Се претпоставува дека најновото откритие на праисториска фауна е предок на денешните
животни во Северна Африка!

Градоначалникот на Делчево и локалната самоуправа пројавуваат голем интерес и поддршка. Тие имаат еден локален Музеј во Делчево и се подготвени дел од пронајдените материјали да ги презентираат во нивниот Музеј.

Во сите наредни активности се вклучени и министерствата за култура и за животна средина и просторно планирање. За пра историската гробница финансиска помош, освен македонското Министерство за култура, нудат и неколку природно-научни музеи.

По откривањето на остатоците од жирафа, носорог и елен, Францускиот институт за научни истражувања и Бугарската академија на наука, исто така, понудија европски средства, како за македонскиот, така и за слични проекти кои ќе се спроведат во Грција и во Бугарија.

Пишува: Mилева ЛАЗОВА
http://www.makedonskosonce.com
 
Ништо чудно, лулка на животот да сме, сме биле нај нај во секој атрибут постојано негирани- доказите ќе ја кажат вистината.
 
Ништо чудно, лулка на животот да сме, сме биле нај нај во секој атрибут постојано негирани- доказите ќе ја кажат вистината.

Знаеш што, баш прочитав у една книга од Brad Steiger, "Worlds before our own", дека бакарна металургија била више развиена на Балканот дури и пред Грците
 
А бе, па имаме и живи примероци колку сакаш од the missing link, од праисториски луѓте итн.
 
Напишано од Bulgarina
Ти си луд, пријателју. Не знам какво ви учат в училиште там, но трјабва да разбереш че такова нешто като праисторическа Македонија нема. Имало е Тракија, а след това са дошли славјаните а после б'лгарите.

Ајде со здраве

eve ti pozdrav od praistoriska MK,od praaaaaaaaadedo mi...
mmdsgig_36.jpg

phallus from Mramor Chashka-Veles-MACEDONIA
Ајде со здраве
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom