TpH_Bo_OkO
Трноризец
Праисториска Македонија
Праисториска Македонија
Благодарејќи на истражувањата од доменот на археологијата, археолошката лингвистика и, општо земено, од ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА, за последните 10 години е утврдена нова апсолутна хронологија за културниот континуитет на македонскиот народ и за најстарото живеење на Македонскиот Полуостров (Балканот). Веќе не може да се оспорува фактот дека черепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата "Црвени Стени" близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво за Македонците дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 -240.000 г.п.н.е. Археолошката лингвистика за последните десет години презентирала повеќе писмени споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитетот, кои се напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки ("јавна" и "тајна"), a co тоа во писмената традиција го осведочи најстариот супстрат за сите подоцнежни дериватни јазици и азбуки не само на Македонскиот Полуостров [Балканот], туку и пошироко во светот. Најстариот споменик на писменоста, кој е дешифриран со древно македонско гласовно писмо и е на древен македонски јазик е со старост од околу 13.000 - 11.000 г.п.н.е. или со вкупна апсолутна хронологија на континуираниот македонски јазик од околу 15.000 - 13.000 години и потекнува од пештерата Mac де Азил (Франција) од времето на условно наречената Голема македонска митолошка империја. Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел [Дупјак] Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од ВИИ в.п.н.е. од Лемно во Егејско Mope итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка -богиња на земјата и симбол на плодноста итн. Керамичкиот печат од "Церје" кај Говрлево близу до Скопје кој е пронајден во 1981 година, е непобитен доказ дека Македонската неолитска револуција ја создавале писмени, интелегентни и неверојатно рационални македонски луѓе, кои во времето на македонските "зетови" и "невести", "тестови" и "тешти" од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот [7.000 - 6.000 г.п.н.е.), биле САМО CO БОГА или останувале насамо со БОГА да медитираат во периодот на зетувањето за севозможните филозофски аспекти на постоењето и развитокот на човекот и човештвото, на севозможната семантика во просторот, на единичното и заедничкото во космосот и светот, т.е. за култот на Сонцето и Космосот, за космогонијата и космологијата, за "вишите" и "нижите" науки во времето на "зетите" "зетовците" и "зетувањето". За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.). Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско -просторни композиции во вид на наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера, како и неолитските континентални и островски населени места на Древна Македонија го афирмираат големиот степен на развиток на македонската цивилизација.