Чувството на припадност

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Ти си мој/а...јас сум твој/а.

Постои ли таква личност во вашиот живот која во вас го буди чувството на припадност и која е таа? Некоја личност со која можеби сте во врска или можеби некоја од минатото, со која не сте заедно а сепак чувствувате дека си припаѓате еден на друг?
Патем...зарем не е прекрасно ова чувство?:kesa:

:salut:
 
Беше тоа некогаш, убаво беше но се отрезнив :). Се трудам да му припаѓам на Бога но тешко оди тоа. Критериумите му се уште високи за мене (види потпис). Уште учам да бидам свој... најпрвин.
 
Hell no, I don't belong to anyone! Значи, сум била заљубена, ама се тоа не ја преминувало границата на припадност...Јас да бидам НЕЧИВА, или некој да биде МОЈ? Не фала, повеќе би сакала да ја зачувам индивидуалноста.

*До заљубените кои не го делат моето „песимистичко“ мислење...Не кревајте револуција:smir:
 
Black Lily...не се секирај, нема да кренам револуција.:)
Очекував секакви размислувања.:smir:

Но...за да нема и понатаму забуни да кажам дека тоа чувство на припадност не значи дека вие или тој/таа може да прави што сака со вас зашто според него (според чувството мислам:)) вие сте нејзин/негова и тој/таа е ваш/а.Зборуваме за чувство на припадност а не за некаков вид сопственост.Направете разлика.
Индивидуалноста и да сакаме, никогаш нема да ја изгубиме.:smir:
Се надевам дека бев јасна.:)
 
Не би го нарекла ова чувство на припадност, туку чувство на сопственост:)
И да, сум се нашла и се наоѓам во таков „тој е мој“ момент.
Нема ништо лошо во ова, ама по некое време се надраснува, како што се продлабоќува врската и како што растеме и стануваме позрели.
 
најискрено чувството на припадност е прекрасна работа, се додека не се чуствуваш загушен од него.
инаку чувствувам дека сум негова, и знам дека и он е мој, бидејки го чувствувам, дури и кога е премногу далеку од мене, а знам дека и он мене ме чувствува.
 
Чувството е убаво се додека не се почувствуваш пригушен/а.

Сум го имал ова чувство дека си припаѓаме еден на друг. С`е додека еден ден с`е потона во вода...hell, малку бев заслепен но па тоа е едно искуство повеќе.
 
Ако е потребно чуството на припадност во својата земја, фамилија, пројателство, тогаш потребно е и за љубената личност, да се чуствуваш убаво.
 
Многу пати ми се случило да речам “Само твоја сум“, но не сум го мислела и нема да го мислам во “таков“ контекст.
Да, заљубена сум, среќна сум, убаво ми е... но секогаш ќе бидам своја, никогаш нема да бидам нечија сопственост, зашто тоа би значело губење на мојата лична слобода, губење на мојот идентитет... да го “дадам“ она што сум...

На него му припаѓа мојата љубов...
 
Ти си мој/а...јас сум твој/а.

Постои ли таква личност во вашиот живот која во вас го буди чувството на припадност и која е таа? Некоја личност со која можеби сте во врска или можеби некоја од минатото, со која не сте заедно а сепак чувствувате дека си припаѓате еден на друг?

Еве јас на пример, чувствувам дека и припаѓам на личноста поради која за првпат ја почувствував љубовта и за која сеуште ја чувствувам.Се чувствувам негова.Тоа е единствениот збор со кој можам да го опишам ова чувство.Исто така, чувствувам дека тој е мој, без разлика што никогаш не е бил со мене.Можеби затоа што тој е мојата љубов.:pipi:
Патем...зарем не е прекрасно ова чувство?:kesa:

:salut:
Oh the sweet irony kills me. Колку пати е ова видено, 17 годишно двојче отвора тема за припаѓање и за тешка хардкор љубов...а за некоја година или месец не е ни важно ќе раскинат.

Девојки бидете паметни ве молам.
 
Оставете го девојчето нека ужива во нејзината среќа.

А за оние кои ја поминале таа вакцина, се сетив на една мисла која вели дека не сме среќно вљубени кога постојано гледаме еден во друг, туку кога заедно гледаме во иста насока.

Инаку, темата повеќе ми асоцираше на Психологија и Филозофија.
:oftopic: Често се прашувам: Што мајка барам овде???
 
~*~

Ти си мој/а...јас сум твој/а.

Постои ли таква личност во вашиот живот која во вас го буди чувството на припадност и која е таа? Некоја личност со која можеби сте во врска или можеби некоја од минатото, со која не сте заедно а сепак чувствувате дека си припаѓате еден на друг?

Еве јас на пример, чувствувам дека и припаѓам на личноста поради која за првпат ја почувствував љубовта и за која сеуште ја чувствувам.Се чувствувам негова.Тоа е единствениот збор со кој можам да го опишам ова чувство.Исто така, чувствувам дека тој е мој, без разлика што никогаш не е бил со мене.Можеби затоа што тој е мојата љубов.:pipi:
Патем...зарем не е прекрасно ова чувство?:kesa:

:salut:

Ова сеуште постои во овој розово/црн свет?
Патетичното убедување дека некој некому припаѓа, се извинувам што вака отворено кажувам ама тоа е привидна илузија, љубовта не е таа која треба да го постави границите на сопственост туку да ги скрши и отфрли.
И не, не прекрасно чувството да бидеш во нечија туѓа витрина на високо поставено место наредено со порцелански куклички од 16 век.
Б.т.в. Злато, имаш во врска со љубовта сакам да кажам дека ...:devojce 1:
 
Досега не ми се случило да се осеќам дека припаѓам некому или дека сум „негова“.
Можеби сум била премногу приврзана за некого, но да се осеќам дека му припаѓам, не. Сепак не сум предмет па да припаѓам некому или да бидам нечија сопственост.
Којзнае, можеби некогаш ќе го осетам тоа чувство на припадност, но се сомневам.
 
Tender Girl, не можам а да не се согласам со тебе. Искрено, еве и јас осеќам дека и припаѓам на личноста покрај која сум сега, од проста причина, што, за прв пат осетив што значи НАВИСТИНА да сакаш некого и да си сакан од истиот/истата. Но, не е само таа причина. Има и други, како исти или слични гледини точки, начин на размислување и така на таму.
 
Создадени еден за друг да,но припадност тоа е нешто сосема друго.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom