Moраш да внимаваш и не смееш да држиш неразумни диети. Слабеењето мора да ти биде стабилно. Пробај со зачленување на myfitnesspal каде што ќе ги запишуваш калориите кои ќе ги внесуваш и ќе внимаваш на дневниот лимит. Исто така е одлична и
insanity програмата, таму можеш да си одредиш и колку вежби ти требаат.
Совет од паталец - не почнувај магични диети со кои „ќе ослабиш 83 кила за два дена“.
Еве ти пример за диета дадена од нутриционист (вистински, не од вита диет клуб):
Појадок: 50 грама леб, 5 г путер, едно варено јајце/15 г мармалад/30 г сувомеснато/30 г сирење* + чаша млеко/јогурт (околу 200 мл)
Ужина: 150-200 грама овошје (ако е банана земи една само)
Ручек: 150-200 грама варен/печен зеленчук + 125 грама месо/риба* (варени или печени) + кафена лажичка зејтин (може да направиш и некоја манџа ако јадеш, ама без запршка)
Ужина: 150-200 грама овошје
Вечера: може да е иста како доручекот, а може и да си направиш голема салата со малку изрендано сирење
Битно е да се придржуваш до тајмингот и да јадеш на секои три саата за да се одржува нивото на шеќер во крвта. Месото треба да биде посно, најубаво телешка кртина или говедско, кое повеќе ти се допаѓа.
Вежбањето можеш да го вклопиш во ова. Ако живееш во Скопје прашај го
Myers кој фитнес клуб би ти го препорачал. Не би ти препорачала користење на суплементи поради веќе постоечката преоптовареност на црниот дроб.
Напредокот нема да ти се случи одеднаш, имај трпение. Со разумна диета и упорност може далеку да стигнеш!
*од овие избираш едно, не сите одеднаш