Архангел

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Чудно е како не постои тема за ваква одлична група - Архангел. Значи тука пишувате ако ги слушате, и тоа кои песни ве погодуваат, од кога почнавте да ги слушате, дали сте биле на некој концерт, кој од албумите им е подобар и сл...Се` за Архангел на едно место:wink:
 
Arhangel se naj zakon grupa so mozi da ja ima makedonija i posiroko..........
Tekstovite im se najubavi i mozam vo skoro sekoj da pronajdam nesto mene so me odlikuva. Vojna mi e omilena pesna i miljon dolari ne mozam da izdvojam album oti site se dobri
:toe:
 
Ремек дела се. Многу е тешко да се одбере најдобар албум.
Песните какви атмосфери даваат. Совршено чувство кое го барам во една група. Такви чувства знаат да напраат Пинк Флојд, и Архангел. Патуваш, или било какво движење некаде околу 7 коа се стемнува, а во позадина нивна музика :D
 
Талент како Ристо тешко се наоѓа , закон .
 
Najdobra makedonska rok grupa najmnogu mi se sviga iber makedonise mislam se vikase.
 
Порано кога Ристо беше млад и имаше глас беа многу добри, ама сега остареа и не се баш тоа што беа.....

Им ги имам сите четири албуми (мислам дека беа четири), ама според мене најдобар е вториот, а најдобра песна е Љубов или Омраза од Heart Core!
 
Ремек дела се. Многу е тешко да се одбере најдобар албум.
Песните какви атмосфери даваат. Совршено чувство кое го барам во една група. Такви чувства знаат да напраат Пинк Флојд, и Архангел. Патуваш, или било какво движење некаде околу 7 коа се стемнува, а во позадина нивна музика :D

Да, осетено, филинг е да по темница навечер кога идеш некаде да ги слушаш Архангел.
...Сношти чекорев сам на полноќ, сношти посакав звук на челик...
 
Вртев е неприкосновено најдобриот модерен Македонски поет, а за архангел немам зборови.
 
Ремек дела се. Многу е тешко да се одбере најдобар албум.
Песните какви атмосфери даваат. Совршено чувство кое го барам во една група. Такви чувства знаат да напраат Пинк Флојд, и Архангел. Патуваш, или било какво движење некаде околу 7 коа се стемнува, а во позадина нивна музика :D

Го делам мислњето дека само Pink Floyd и Архангел знаат да направат такви чуства.
Почит за Ристо Вртев!!!
 
Навистина недостасуваше ваква тема за еден ваков бенд кој остави многу на Македонската рок сцена нивните песни секогаш ќе се слушаат инаку албумот Архангел2 ми е најомилен и нон стоп си го слушам.
 
ахххххххх.каков бенд.....музички?еден од тие бендови што или ги сакаш,или не ги сакаш.не знам дали има некој што оставиле рамнодушен?мене ми се......најбоље=)текстуално?не знам дали има некој што не му се свиѓаат текстовиве на бендов,а ако има таков......електрично столче или групно силување од сите затвореници од целиот свет?се шалаааааам бе(да не ме сфати некој сериозно случајно)хехе
 
еден од најдобрите македонски бендови, уникатни се...сите комплименти за нив се искажани погоре од другите членови,така да немам што да додадам...
 
1999-та мојот веројатно иден кум ми се јави и ми рече дека има карти. Јас до тогаш бев начул тук-там некоја песна и имав скромни познавња. И влегов во Хала 1 на саем, долго време никој немаше правено никаков концерт таму. Генерален спонзор-Смирноф тогаш уште со старото лого. На сцената имаше огромно платно со две букви UM (uber makedonishe). Пред групи беа Бумбикс и втората не ми текнува. Кога на крај почнаа Архангел, завладеа масовна еуфорија. Ристо, Гино, Мите и Петар Јанков. Се сеќавам дека Чудесен Свет ја свиреа на крај. После тоа ги гледав на Скопје гори-Скопско го гасне и на Таксират кецот. Потем речено имаат издадено 4 судиски албуми.

1. Архангел
2. Архангел 2
3. Heart Core
4. Небесна Машина

и еден албум во живо Live in Skopje.

Имаат и уште еден албум пуштен во ограничено издание насловен-Песни за Ушко посветени на нивниот поранешен член прерано заминат од земскиот свет. На секој албум имаат по 10 песни вкупно 40. Сите 40 ги одсвиреа на вториот масивен самостоен концерт одржан 29.10.2005 и картата од тој концерт ми стои над кревет рамо до рамо со картите од Iron Maiden, Rolling Stones, Deep Purple, Massive Attack. Интересно е што на сите 4 концерти Вртев не ја пееше Милион Долари туку го насочуваше микрофонот кон публиката да ја пее.
Скромни би биле сите постоечки зборови за да се опише нивната величина. Архангел претставува едно длабоко псхихофизичко и пандемонско синапсирање од најдлабоките бори на кортексот преку вентрикулите па се до генерисот на битието наречено душа. Архангел се создаваат врз база на човекот како единка и на општествотвото и неговите минати сегашни и идни динамички сили

Мал омилен мој дел од нивниот Опус

Мислам или гледам грч на нема уста, овде не може да биде сиот мој дух-Архангел

Ќе исчезнм во Скопските магли, ќе исчезнам и нема да се вратам никогаш-Разговор без смисла

На сон ми доаѓаш како светица со вода во дланките-1000 светла

После сите овие години се будиш во свет кој нема минато, свет кој нема иднина-Човек без име и презиме (на концертот 1999-та оваа песна ја посвети на татко му кој беше во публиката)

Излези ќе видиш повтроно се е магично и неправедно-Чудесен свет

Мислев ја љубам а јас ја гризев, гризев до крв до самото до дно, и без да заплаче низ нежен шепот ми прости се-Дно

Ние бевме, ние сме само послушни деца построени под знамето,и се што бевме бевме само до нашите срца болни од илузии-Војна

Од срп и чекан јас сум роден и немав Исус, Алах, Сотона, место срце имав ѕвезда-Нова Вера Нова Библија

Лево лудост, десно зло, над тоа лага, под сето само бол-Крст

Без љубов знај, ќе те проголта овој град без гордост и без срам-Heart Core

Долго, долго гледам во тоа лице, се трудам да не мислам колку е убава колку е прекрасна-Љубов или омраза

Долго, долго зборувам, сакам да те трогнам да видам бар една солза-Љубов или омраза

Со страст претворена во оган го палм светиот бордел, пред мене ко гола курва стои збунет сиот свет-Владимир

Милион долари

Зар веруваш во мене
јас сум привид што ги нуди
сите можни облици.

И веќе одамна тоа не сум јас,
тоа е некој што ме гуми
и ужива во досада.

Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна
како горка измама.
Јас сум човек кој
живее во страв
кој се паши да те допре
не знам дали остана бар малку љубов во мене
или се исчезна во времето

Осамен и уморен
трагам очајно
по моите милион долари
единствен разлог да
продолжам да живеам
и нема начин да ме промениш
се што можеш е да ме убиеш.

Не мисли колку си љубела
и дека љубовта е се
што ти е потребно.
Погледни
ќе видиш само еден
обичен смртник без концепт
за револуција.

Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна
како горка измама.
Јас сум човек кој
живее во страв
кој се паши да те допре
не знам дали остана бар малку љубов во мене
или се исчезна во времето
 
Ахаха:)
Архангел најдобри, Ристо Вртев владее, песните се длабоки, текстовите се совршени, бла бла...
Аман луѓе:) Секој кој е малку поразличен од поголемиот дел на пеачи/бендови/тезгаџии, сакате да го претставите како арт и закон, итн!
Архангел е сосема океј бенд, ама далеку од некакво ремек дело се нивните песни:)
Ни се особено длабоки текстите, ни е особено добра музиката ни е Ристо многу талентиран:)

„I vekke odamna toa ne sum jas
toa e nekoj shto me glumi
i uzziva vo dosada.“

ЛОЛ, ууу, колку е ова длабоко. Или пиф паф пуф, да речеме:)
Сите сите сите, тра ла ла:)

едит: знам дека насловот е „сите фанови - бујрум“ ама тоа ми звучеше премногу хипокритично... Како... Ај сеа сите што ги сакате пишувајте, а другите немате право на глас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ike
Ахаха:)
Архангел најдобри, Ристо Вртев владее, песните се длабоки, текстовите се совршени, бла бла...
Аман луѓе:) Секој кој е малку поразличен од поголемиот дел на пеачи/бендови/тезгаџии, сакате да го претставите како арт и закон, итн!
Архангел е сосема океј бенд, ама далеку од некакво ремек дело се нивните песни:)
Ни се особено длабоки текстите, ни е особено добра музиката ни е Ристо многу талентиран:)

„I vekke odamna toa ne sum jas
toa e nekoj shto me glumi
i uzziva vo dosada.“

ЛОЛ, ууу, колку е ова длабоко. Или пиф паф пуф, да речеме:)
Сите сите сите, тра ла ла:)

едит: знам дека насловот е „сите фанови - бујрум“ ама тоа ми звучеше премногу хипокритично... Како... Ај сеа сите што ги сакате пишувајте, а другите немате право на глас.
Па кој к.. ти ондах си пишала:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom