Се програмеришта тука. Искуцале некоја програма за сметководство и оп најдобри во маало сме.
Добар програмер секогаш куца лош код. Реално, секогаш кога ќе ти текне на некој постар код ќе си помислиш што беше тука работата, ова можело и со 2-3 класи да го решам, ова можело вака или онака.
И најбитното секогаш кога некој друг ќе го види кодот треба лесно да се снајде во нив и да може многу брзо да додава нови функционалности, затоа што секој може да кодира за машина, ама ретки се тие што кодираат за други луѓе.
А натпреварите за решавање на математички проблеми т.е вариации на познати математички решливи проблеми не те прават добар програмер, едноставно те прават добар problem-solver.
Имам прочитано една мисла за тоа дека добар програмер, ќе додаде нова функционалност на постојна кодна база и притоа ќе го намали LOC.
Исто така, користењето на разни компонентно-базирани софтвери т.е frameworks е добра работа и добар програмер знае да ги наштима добро и да го извлече максимумот во дадената ситуација, а не да креира сопствени компоненти затоа што Hibernate ми креира sql што не ми треба, затоа што на крајот од денот ти треба да направиш апликација за крајниот корисник, а не твое custom решение што само ти ќе го користиш.