Ти, партнерот/ката и другар/ка

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Возраст
36
Локација
Битола
Не знам колкумина го имате гледано филмот „Јас, ти и Дупри“, слична е ситуацијата и темата.

Ви се има случено партнерот/ката ваш кога излегувате нон стоп да влечка некој другар/ка и вие никако да не можите да бидите сами?

Или пак, седите вие на кафе или шо знам каде, и се јавува другар/ка и вика: „Еј немам шо да прам ај ќе дојдам“, ама ова нон стоп да се случва и никако вие двајца да бидите некогаш сами, баш заради тој/таа другарот/другарката.

Што би превземиле? Дали би му рекле на партнерот да му речи нешто на другар му или ќе чекате сам да се свести, и ништо нема да речите ради то шо му е најверен/на другар/ка.

Јор опинион?
 
3ти член врска...
Па ако ми е ептен добра другарка би ја прашала иронично дали смеам да бидам на само со дечко ми, и ако пак не сфати, пред искачање ќе и кажам дека идам со него и ако ми врти за да дојде нема да и кренам.
Или на шала, на смеа би и кажала дека е досадна, а ако и тоа не помага ќе и најдам дечко.:pipi:
 
Ми се нема такво нешто случено,ама ко ќе сакам да излезиме сами јасно и гласно му кажвам и проблемот е решен.Па не можи секогаш да иди некој трет со нас.Нема зошто да се лути,ќе разговарам со него отворено и готово.Ако неќам на секое да иди другар му со нас,не занчи дека имам нешто против него,едноставно сакам понегоаш да си излезиме сами.
 
Drugar ne mi se desilo da mi doaga a za nejzina drugarka ne se bunam. Pa ako neze ne i smeta drugarka togash ne gledam prichina zashto mene bi.:majmun:
 
Ми се случило да бидат лево сметало, а ми се случило да ми бидат леви сметала, се со мерка и на убав начин се средувало.
Нормално, не ми светеле на се.
 
Не ми се десило, ама сум била сведок на 3-члена врска:), и то можи да биди многу иритирачки... Чаре? Вака и вака стојат работи, дај друже олади малку... Или некоја помека варијанта :toe:
 
Помека варијанта?..
Мене ми се имат на гла качено, и налет то не им текнува дека треба да бидиме малце сами..
Немам уште исклучено, немам ништо речено..Прво чекам партнерот да израгира..а ако не изреагира во поскоро време, епа има пердуј да летат.
 
Напротив, ние ги викаме со нас... (денес муж ми дојде кај мене и дојде и најдобрата другарка моја и си пројдовме топ).
Но сепак, доволно се свесни за да знаат кога ни треба малце време за НАС двајца.

Така да, не, немаме таков проблем со пријателите.:pipi:
 
Помека варијанта?..
Мене ми се имат на гла качено, и налет то не им текнува дека треба да бидиме малце сами..
Немам уште исклучено, немам ништо речено..Прво чекам партнерот да израгира..а ако не изреагира во поскоро време, епа има пердуј да летат.
Епа помека варијанта нема.Ќе седниш и ќе разговараш,ќе му речиш слушај твојте другари не ми пречат ама сакам некогаш да си излезиме сами.Прво прашај ме мена шо план имам за излегвање,па носи трети луѓе.Оти ко ќе излегват двајца,двајцата треба да се договорат каде сакат да одат вечерта,шо да прат и сл.Јас имав сличен проблем,дечкото стално си договараше излегвања без да се консултира со мене и нормално следеше разговор,сфати шо е работата и сега заедно решаваме дали ќе излезиме сами или со друштво и се е океј.
 
Познато ми е, пооознато ми ее :)
Сакам него да му текни, тој да се освести..Ама изгледа уште долго време нема да се освести..
Јеби га, нема друго чаре освен да преземам некој подрастични мерки..
 
Па досега не ми сметаше,ама во последно време почна по малку да ми смета оти многу често се дешава ... чекам партнерот да изреагира,ама ако не изреагира во блиска иднина ... ќе му кажам како стојат работите.Далеку од то дека ми пречи другар му,ама да го носи буквално на секое излегвање ... е па не бива.
 
Еееее.... колку се нервирав за ова.....Разбирам дека не е лошо некогаш да има некој трет, ама па секогаш??? и повеќе поштувам кога се излезени во пар одколку некоја "сијалица" се попратила...
понекогаш да, не смета, ама секогаш па? и доколку и двајцата се согласени..
мене ми се има случено...договорени за излегување...сабота навечер...се спремам се готова сум едвај чекам да се видиме да си го изнагушкам и супер да си поминиме....иде тој со колата да ме земе, гледам некој позади седнат....оу мај гад :nesvest: другар му.
ко му направив една фаца на дечко ми.....и намерно направив реакција да примети другар му дека не одговара тука...па се изнервирав...
после му велам на дечко ми што бара тој...ам ми вели "немаше со кого да излези од друштвото имале женски, да не остане сам, и го зедов со нас" :uvo: ам неможеше да кажи? и пред тоа го носеше со нас...па не сум јас овде должна да ги носам сите со мене шонемаат женски...
многу лоша работа е кога на некому тоа ќе му стане навика и секојдневие...треба да има осет кога да излезе со пар, и поретко....
мене ми се има десено да останам со некој пар така случајно, ама некако незгодно ми е бе....гледам шо побрзо да си одам.....и одбегнувам ептен вакви ситуации освен ако сум и јас со дечко или ако веќе тие запнале ајде та ајде!
 
А сосема 16та варијанта? :pipi:

Тебе ти се сака да излезиш со другарка,а та упорно го влечка дечкото со неа?
 
А сосема 16та варијанта? :pipi:

Тебе ти се сака да излезиш со другарка,а та упорно го влечка дечкото со неа?

Е и та е в крај лоша. Ама подруго е да му речиш на твојата најверна другарка, а подруго е да му речиш на партнерот: Дај тргни си го другар ти, или другарите“, а подруго е ко ќе му речиш на другарка ти:„Паше, сакам да си попрајме малце муабет насамо, дој сама кај мене, или дој на кафе сами да ојме“.
 
мене ми се има случено...договорени за излегување...сабота навечер...се спремам се готова сум едвај чекам да се видиме да си го изнагушкам и супер да си поминиме....иде тој со колата да ме земе, гледам некој позади седнат....оу мај гад :nesvest: другар му.
:):): ми се случува постојано.:):)
мене ми се има десено да останам со некој пар така случајно, ама некако незгодно ми е бе....гледам шо побрзо да си одам.....и одбегнувам ептен вакви ситуации освен ако сум и јас со дечко или ако веќе тие запнале ајде та ајде!
Исто и јас.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom