За сите аудиофили кои неможат ниту еден момент без својата музика, Nokia се погрижи да ја задоволат својата пасија со преносните bluetooth звучници.
Покрај стандардните карактеристики MD-7W звучниците можат да се пофалат со 3D звук, динамичен бас и еквилајзер. Звучниците се конструирани во соработка со D & M Premium Sound Solutions, а дизајнирани во духот на N серијата.
Компактниот пакет доаѓа со магнетни привезоци и LED индикатор кој го покажува статусот, bluetooth врската и статусот на батеријата. Препорачаната цена на овие безжични звучници изнесува 130 евра.
Новиот GPS модул е комбинација на привлечниот дизајн и едноставноста што ја карактеризира N-серијата.
Имено, во духот на мисијата што е можно повеќе да се приближат локациско-базираните сервиси до обичниот корисник, новиот GPS модул ќе биде компатибилен со низа телефони и Maps апликацијата. LD-4W тежи 31 грама и може да издржи 10 часа работа. На предната страна има 3 LED индикатори кој го покажуваат статусот на GPS-от, батеријата и bluetooth врската.
На колкумина од вас ви се има случено да ви снема батерија тогаш кога мобилниот телефон ви е најпотребен? Веројатно на многумина. Секако, останува опцијата во ваквите случаи да носите резервни батерии, меѓутоа Nokia се погрижи да понуди поелегантно и можеби подобро решение.
Имено, DC-1 всушност е минијатурен акумулатор кој со едно полнење може да замени три батерии. Новиот DC-1 е компатибилен со 2 милиметарските конектори на Nokia и доаѓа со два такви приклучоци што значи дека во исто време може да полните два телефона.
Навистина одличен уред со чија помош преку Bluetooth ќе може да го поврзете вашиот мобилен телефон и да слушате музика, или пак да преземате повици.
S705 Sound Pilot располага и со вградено FM радио, а батеријата може да издржи дури 8 часа слушање музика, односно 7 часа активен разговор или 75 часа во мирување. Овој музички додаток може да се поврзе со телефонските апарати од сите производители, а компатибилен е со Bluetooth стерео адаптерот на Motorola и iPod.
Овозможено е далечинското управување (избирање песни), а кога примате повик на екранот се покажува телефонскиот број и името на повикувачот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.