Кој и зошто ја присвојува Мара Бунева

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Предноста на Бугарија е во тоа што таа ја доби својата независност во 1878 година, додека Македонија ја стекна во 1991 година. Во тој огромен временски период од 123 години, Бугарија имаше можност да воспостави дипломатски врски со земјите ширум светот, како и да заземе позиции каде што слободно си ги препиуваше сите борби на македонскиот народ за слобода како свои. За време на СФРЈ, поради политиката на братство и единство, настаните од борбата за независност на Македонија во периодот меѓу двете светски војни не се учеле, и биле цензурирани и забранети, најверојатно со цел да се избегне развој на негативни чувства кон Србите.
Таков е и случајот и со Мара Бунева. Оваа цензура во Македонија и СФРЈ и овозможија на Бугарија слободно да ја фалсификува и присвојува македонската историја како своја. Бугарија не ни помислувала, ниту се надевала дека во блиска иднина Македонците ќе успеат да добијат своја држава и ќе бидат признати како народ. Затоа денеска се наоѓа во таква позиција, каде што единствениот напад и одбрана со која се служи е дека Македонците се творевина на Тито.

Бугарите викаат Македонците ја фалсификуваат историјата, а Македонците дека Бугарија ја краде македонската историја. Затоа најдобро е трет и неутрален извор: Американските и западните медиуми за настанот известувале дека Мара Бунева била млада Македонка.

Од ЏОН ГАНТЕР. Специјален кабел (авторско право) до BUFFALO EVENING NEWS и Chicago Daily News.

НЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА, 27 јануари 1928 -
На 5 октомври, генерал Ковачевиќ од југословенската армија беше застрелан од комити во Штип. На 16 октомври, беше направен обид да се разнесе Симплон-Ориент Експрес во близина на Скопје. На 31 октомври, српската полиција ги застрела таткото и братот на Михајлов.

На 20 ноември, експлодираше бомба во близина на Александрово. На 23 ноември, двајца комити, Нанов и Нулелиќ, беа осудени на смрт во Солун. Рано во декември, започна судењето на македонските студенти во Скопје. На 3 декември, српски офицер беше убиен од експлозија на бомба во Струмица.

На 12 јануари, уште едно убиство беше додадено на оваа листа, кога Велимир Прелиќ беше смртно ранет од Мара Бунева, млада македонска жена. Прелиќ беше одговорен за осудата на неколку македонски студенти обвинети за предавство.

Ова е видот на случувања кои се одвиваат речиси непрекинато пет години, што ги заморува југословенската и сите соседни влади. Секој ја обвинува другата страна. Подобриот дел од Македонците и самите го осудуваат тоа, но досега никој не успеал да го искорени. Ова е исто така вид на случувања што доведоа до тешка и опасна меѓународна ситуација, во која можат да се најдат семките на идната војна.

unnamed.png
 
Последно уредено:

Исто и овој:

1736812377404.png
Какво е ова бладање? Нека си помогне на самиот себе. Еве ги архивите, зошто не ги отворил? Да не чекал да го понудат со маслинка?
Уште и доктор по историја.:tapp:
Или свесно и подло лажете, надевајќи се дека некој наивен ќе ви поверува на вашите лаги и будалштини?

1736812576755.png


Eве ти го и списокот на умрени и списокот на сите затвореници:


Колку од овие 413 умрени, според името и презимето можеш да речеш дека биле Бугари?
 
Последно уредено:
16. АБГУСТ 1903 г.

Бугарскиот државник изјави дека бугарите немаат никаква врска со востанието:
МАКЕДОНИЈА САМАТА СИ Е ОДГОВОРНА ЗА ВОСТАНИЕТО (Илинденското)

Софија. Август 15, 1903. Бугарскиот премиер Петров, кој штотуку се врати од посета на македонската гранична област Дупница, има донекаде оптимистички поглед на случувањата во Македонија. Тој верува дека востанието ќе се ограничи на вилаетот Битола, каде што смета дека Турците веројатно ќе успеат да го уништат.

Во текот на интервјуто денес, премиерот Петров отворено и опширно разговараше за актуелната ситуација. Во однос на извештаите за одговорноста на Бугарија за востанието, премиерот Петров истакна дека местото на немирите во моментот е речиси 200 милји оддалечено од бугарската граница и е одделено со територија која е во голема мера населена со Турци. Затоа, според него, е апсурдно да се зборува за поддршка на движењето од чети што доаѓаат од Бугарија и исто така е неосновано да се сугерира дека оружје се испраќа од Бугарија.

Всушност, продолжи премиерот, пушките што ги користат револуционерите се од француско производство и најчесто ги купуваат од турски офицери. Човек кој не прима плата се обраќа на трговија со оружје и муниција за да обезбеди приходи. Сегашното востание е целосно национално македонско движење, организирано од Внатрешната македонска организација, и е доказ за шокантната состојба на работите што постојат во земјата. Тоа е поради ексцесите на турските војници кои, под претпоставка на пребарување за оружје, влегуваат во македонските села, убиваат, ограбуваат и уништуваат.

Што се однесува до Бугарија, продолжи премиерот, Владата правеше сè во своја моќ за да се одржи мирот. Не само што границата беше внимателно чувана за да се спречи премин на поединци или чети во Турција, туку и внатрешните точки беа исто така ригорозно проверени. Не се забележуваат преминувања на чети, ни големи ни мали, и речиси нема поединечни патници. За сега изгледа дека движењето ќе се ограничи на Битола, и покрај извештаите за неговото ширење.

Турците имаат испратено огромна сила во Битола, сила не само доволна за да го потисне востанието, туку и целосно да го уништи револуционерното движење. На крајот, премиерот Петров заклучи дека нема непосредна причина за аларм. Напротив, тој веруваше дека ситуацијата наскоро ќе се промени на подобро."

Извори:

1. Omaha daily bee. [page 2] (Omaha, Nebraska), 16 Aug. 1903. U.S. Library of Congress.

2. The Indianapolis journal. [page 9] (Indianapolis, Indiana), 16 Aug. 1903. U.S. Library of Congress

3. The Montgomery advertiser. [page 1] (Montgomery, Alabama), 16 Aug. 1903. U.S. Library of Congress.

4. The Salt Lake herald. [page 7] (Salt Lake City, Utah), 16 Aug. 1903. U.S. Library of Congress.

5. The Daily Telegraph [page 8] (London, Greater London, England), Aug 17, 1903

6. St. Louis Post-Dispatch [page 24] (St. Louis, Missouri) · Sun, Aug 16, 1903

7. New York Times [page 4] (New York, NY), Aug 16, 1903

8. "Macedonia alone responsible - Pemier Petrov says Bulgarians has nothing to do with the revolution"
The Independent Record [front page] (Montana), Aug 16, 1903

Pictureнј2.png
 
16. АБГУСТ 1903 г.

Бугарскиот државник изјави дека бугарите немаат никаква врска со востанието:
МАКЕДОНИЈА САМАТА СИ Е ОДГОВОРНА ЗА ВОСТАНИЕТО (Илинденското)
Секако, тоа ќе го каже премиерот. Има потпишан договор за немешање. Ако каже дека оружјето главно доаѓа од Бугарија, од бугарската војска, од браќата Иванчови, дека четниците доаѓаат од Бугарија - и дека тие се уредно опишани четник по четник, тоа ќе стане дипломатски скандал и причина за османлиската Империја да ја нападне Бугарија, во време кога таа сè уште не е подготвена за војна. Ова се вика политика и дипломатија.


Детално е опишана кратовската чета на Атанас Бабата, а бугарскиот премиер во меѓународниот печат тврди дека такви чети нема. Има десетици, дури стотици. Дали според Вас овој премин се одвиваше тајно од Бугарија преку Ќустендил? Дали мислите дека оваа информација е преземена насилно? Бугарија не само што знаела, туку и помагала со оружје, организирајќи го префрлањето на четите без да знаат турските гранични трупи во Ќустендил.

Прочитајте малку за оваа чета. Погледнете и каде е роден Атанас Бабата.

Бугарија знае за трансферот на четите, го организира, ги снабдува со оружје, директно и индиректно, на пример преку браќата Иванчови, и чува многу детални информации за влезот, составот и излезот, прикривајќи го сето тоа со ризик да влезат во војна. со Отоманската империја сè уште неподготвена.
1736837445991.png

1736838039582.png
 
Последно уредено:
Дали ако Костадин Костадинов проба да ја премине границата и биде вратен ќе се смета како омраза према Бугарите?
Листата се полни, едно е да си Бугарин и да сакаш да оддадеш почит, друго е да нарушуваш суверенитет на држава со некакви фондации и закани. Реакцијата на нашите власти беше премлака со цел да не се продолжи работава. Ние реално сакаме да ја смириме топката ама не се залетувајте не сте Грција. Пренесете му на Бојко да го смири Коста чивавата.
Прашање е по кој основ на лице му е забранет влез во државата. Ако е со образложение дека учествувал на прослава по повод смртта на Мара Бунева, тоа е чиста омраза. Ако е со образложение дека нешто направил лично, со кое заслужил - нормално е.

Овде во Бугарија постојано доаѓаат луѓе од Северна Македонија и држат говори, зборуваат против Бугарите и Бугарија, зборуваат за отцепување, се закануваат на државата и народот итн., но влезот не им е забранет. Да беше така и во Северна Македонија, веднаш ќе беа забранети.

Вашиот министер Николоски ги навреди и претседателот и премиерот и лидерите на најголемите политички партии, дури нарече МНР на Бугарија "политички маргиналци" и не му беше изречена забрана.
 
Последно уредено:
Прашање е по кој основ на лице му е забранет влез во државата. Ако е со образложение дека учествувал на прослава по повод смртта на Мара Бунева, тоа е чиста омраза. Ако е со образложение дека нешто направил лично, со кое заслужил - нормално е.

Овде во Бугарија постојано доаѓаат луѓе од Северна Македонија и држат говори, зборуваат против Бугарите и Бугарија, зборуваат за отцепување, се закануваат на државата и народот итн., но влезот не им е забранет. Да беше така и во Северна Македонија, веднаш ќе беа забранети.

Вашиот министер Николоски ги навреди и претседателот и премиерот и лидерите на најголемите политички партии, дури нарече МНР на Бугарија "политички маргиналци" и не му беше изречена забрана.
Смрт не се слави туку се оддава почит. Ама кај вас бугарите се е обратно. За нормални луѓе нема никаков проблем да дојдат во Македонија и да одбележат или прослават по ваше, смртта на Мара Бунева. За провокатори како коста чивавата и Викторчо нема место овде.

Вториот пасус нема да го коментирам залудно потрошени секунди во пишување.

За третиот дел, сосема заслужено.
 
Смрт не се слави туку се оддава почит. Ама кај вас бугарите се е обратно. За нормални луѓе нема никаков проблем да дојдат во Македонија и да одбележат или прослават по ваше, смртта на Мара Бунева. За провокатори како коста чивавата и Викторчо нема место овде.

Вториот пасус нема да го коментирам залудно потрошени секунди во пишување.

За третиот дел, сосема заслужено.
Ова воопшто не е точно. Бугарите ги враќаат од граница кога велат дека ќе положат цвеќе на саркофагот на Гоце Делечев, чии останки ви ги дадоа бугарските комунисти.
 
Вашиот министер Николоски ги навреди и претседателот и премиерот и лидерите на најголемите политички партии, дури нарече МНР на Бугарија "политички маргиналци" и не му беше изречена забрана.

Eве ти самиот кажи кои епитети се соодветни за овие двајца бугарски политичари, а да не бидат навреди.

Првиот случај:

1737121729473.png

1737121746678.png


Eве ти го и списокот на умрени и списокот на сите затвореници:


Како прво нека ги пронајде Милков тие „стотици убиени Бугари“ во овој список, а како второ зошто од Република Хрватска не побарал да ги отвори архивите за да ги види, кога на секој писмен му е јасно дека Голи Оток (гол (пуст) остров) се наоѓал на територијата на НР Хрватска во Јадранското Море. Како може тие податоци од Македонија да ги бара?

1. Каков е овој бугарски политичар според тебе?

Eве го другиот случај:

1737122196494.png

Како тогаш Хрватска влезе во ЕУ? Тито, кој званично е роден во Кумровец, и денес неговата куќа е во склоп на Етнолошкиот музеј на Кумровец. Како тоа не ѝ пречеше и сè уште не ѝ пречи, само Македонија ѝ е трн во око?

1737122322674.png


1737122653558.png


Зашто не побаравте од Хрватска пред да влезе во ЕУ да ја сруши оваа куќа за да не претставува повеќе никаква атракција? Или точно е она што Димо Казасов го кажал за вас?

2. Каква е оваа бугарска политичарка според тебе?

1737122460316.png
 
Последно уредено:
Eве ти самиот кажи кои епитети се соодветни за овие двајца бугарски политичари, а да не бидат навреди.
Јас не се занимавам со психологија.

Едно не ми е јасно. Тврдите дека ви ја присвоивме Мара Бунева, но не кажувате како ја прославивте годишнината од нејзиниот подвиг и дали запаливте барем една свеќа во нејзин спомен? Зборувам официјално - на државно ниво, на ниво на институции, дури и на ниво на партии.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom