Усвоен Буџетот за 2008-ма година

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Собранието го усвои Буџетот за 2008 година со 59 гласа за, еден воздржан и 22 против. Вкупната маса на пари во Буџетот за 2008 година изнесува 2,2 милијарди евра и тој е највисок до сега.

Во него, вкупните приходи се на ниво од 128.740 милиони денари, а вкупните расходи се во износ од 134.280 милиони денари. Притоа буџетскиот дефицит е планиран во износ од 5.540 милиони денари, што претставува 1,5% од БДП.

Ова ниво на дефицит е резултат на планираниот дефицит на основниот Буџет во износ од 2.845 милиони денари (0,8% од БДП), дефицитот на Фондот за патишта во износ од 1.292 милиони денари (0,3%) и дефицитот по основ на задолжувања на буџетските корисници за пооделни проекти во износ од 1.353 милиони денари (0,4%).

Буџетот е концепиран врз основа на проектираните основни макроекономски индикатори за 2008 година, Програмата на Владата на РМ, утврдените цели во аранжманите со ММФ и Светска Банка, како и врз основа на реализацијата на Буџетот на РМ во текот на 2007 година.

Во структурата на вкупните приходи во Буџетот за 2008 година, даночните приходи и придонесите учествуваат со 107.287 милиони денари односно 83,3%.

Во структурата на вкупните расходи продолжува трендот на зголемување капитални инвестиции присутен во последните неколку години, изразен преку зголемување на нивното учество како во вкупните расходи на Буџетот, така и во бруто-домашниот производ.

Планираните капитални расходи за 2008 година воглавно ќе бидат наменети како поддршка на реализацијата на проектите во образованието, во здравството, во патната инфраструктура, полицијата, Царината, слободните економски зони, за купување амбасади, за капитални инвестиции во областа на културата, за изградба на спортски сали и игралишта, за реконструкција на казнено поправни домови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom