Апел за помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата vlatkolik
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Возраст
39
Апел за помош!!!
Другарството не е некој да ти прати некој shit ass chain mail, па да бара да му вратиш за да види дали си му другар и дали читаш bulletin. Ваше е да одлучите дали и колку ќе помогнете...

„Здраво,
Јас сум Вангел Тркалјанов од Кочани. На возраст сум од 23 години и имам повреда на вратните пршлени што ме врза со количката пред две години. За да можам повторно да одам ми е потребна операција на која ќе одам за неколку дена, па затоа би Ви бил благодарен доколку донирате 100 денари од вашите мобилни телефони на бројот 070/143 402

-Е сега,дечково одамна го гледав по телевизииве,жалосно е ако до ден денес сеуште ги нема собрано парите (а незнам колку точно треба).
Па ајде да донираме и ние нешто,сме се покажале како доста хумани,за многу други работи,зашто да не биде и сега така...кој може слободно нека донира,јас донирав и искрено кога ми стига пораката дека донацијата е успешна имам некое посебно чувство во себе.

Се надевам дека со нашата помош плус вангел ќе може повторно да застане на своите две нозе,секое добро му посакувам.


Кајганџии ајде да се покажеме повторно!
 
Се надевам дека ќе му помогнеме сите заедно со донациите...

....Јове важна тема мислам :toe:
 
42 само?!
Убаво рече Јове во една тема,ако се промени насловот има да фучат посети па макар и само ја ѕирнале :lut:
Lady со цела почит кон тебе,мислам дека и го утна местото на темата,во општи ми се чини дека би била по посетена...
 
Преместено.

Му посакувам што е можно побрзо да се соберат средствата и да се опорави човекот.

Донирано.
 
Операцијата била успешна, дечкото сега се наоѓа во Грција.
Сепак требаат уште средства за лекувањето, терапијата која следи...




Значи акцијата не запира тука, ако сте во можност продолжете да донирате.
 
Донирано и од мене и од татко ми, зашто му е имењак!Господ нека е со него!
 
Нон стоп ја гледам темава, и во очи ме боде. Не сум донирала, ама еве ветувам уште првите 5 мин од 2008 првите 100 денари на сметката од мобилниот ќе бидат за Ванѓел и одма ќе ве известам овде. ПОзз
 
Не е муабетот да се фалиме,не менува тоа ништо единствено нешто што се менува е болеста на Вангел а ќе ја промениме со донација,секој може да напише дека донирал...а да не донира...кој е во можност нека го заврти бројот.

Точно Вангел е опериран и за постоперациските третмани и терапии се потребни многу повеќе пари отколку за самата операција...
Бидете хумани,100 денари не значат за некого ништо а за друг пак значат живот.

Вангел брачко можеш ти,веруваме во тебе...нареднава година нека ти донесе прво ЗДРАВЈЕ а после се останато!
 
Не е муабетот да се фалиме,не менува тоа ништо единствено нешто што се менува е болеста на Вангел а ќе ја промениме со донација,секој може да напише дека донирал...а да не донира...кој е во можност нека го заврти бројот.

Точно Вангел е опериран и за постоперациските третмани и терапии се потребни многу повеќе пари отколку за самата операција...
Бидете хумани,100 денари не значат за некого ништо а за друг пак значат живот.

Вангел брачко можеш ти,веруваме во тебе...нареднава година нека ти донесе прво ЗДРАВЈЕ а после се останато!


на што се однесува ова?
 
На економската ситуација во Македонија и недоволните странски инвестиции, минус капиталните 150 милиони од ЏК.

Назад на темата. Без расправии.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom