Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
Кое е вашето мислење за Каролина? Која ви е омилена/неомилена песна од неа? Мене Каролина ми е најдобра пејачка од нашава естрада, и речиси сите нејзини песни ми се допаѓаат!
 
Омилена песна од Каролина ми е Само уште еден ден,а ми се свиѓа и Само за Тебе...
Има песнички кои ми се свиѓаат.
Има добар глас,само би и забележала на здрвеноста.:smir:
 
Продаена душа. Ја нејќам ич. Ууу колку е гадна. Тука од Битола, никој не ја признава како Битолчанка мамата нејзина.
А иначе и јас ја сакам Само уште еден ден, а Каролина како појава, како личност и како глас не.
 
“И ќе биде се во ред“... бидејќи текстот е на Џамбазов. А Каролина не е мој тип на девојка, тотално сум индиферентен кон неа...
 
Продаена душа. Ја нејќам ич. Ууу колку е гадна. Тука од Битола, никој не ја признава како Битолчанка мамата нејзина.
А иначе и јас ја сакам Само уште еден ден, а Каролина како појава, како личност и како глас не.
Зошто?

Искрено неможам да ја смислам :)
Зошто?
 
Без некој посебен повод, премногу ми е арогантна, а и песните и се глупи. Можда од кога се задружија со Цаци Паковска тоа :pos:
 
Ми стана одвратна и како ичност не можам да ја поднесам, а песните и ги бендисувам („Ќе биде се во ред“ , „Сакај ме“ , „Штом сакаш“ ... ).:)
 
Не ја слушам редовно, туку само ако ми налета на ТВ. Песните не ми се по вкус, премногу разводнети и шаблонски, не допираат до душа. И покрај толку многу испеани песни, и да се потрудам, не би можела да се сетам на некој нејзин рефрен, онака, да ми влезе во уво и таму да остане. И Тоше на пример не го слушав редовно, ама можам од одма да испеам барем 8-9 различни рефрени.

Има слух, ама нема боја на глас. Башка тоа и пее на нос. Кај неа недостасува и моќност на гласот со која би можела да ја задрма сцената и да удри директно во срце.

Околу изгледот, тело има одлично, ама на лик не ме бендисува, премногу мали црти за такво крупно лице. Има ситни очи, тенки усни, само носето и е убаво. Нема убава насмевка. Кај неа има некоја индиферентна убавина, не предизвикува никакви емоции, не можеш да ја осетиш, јас лично ја доживувам како една права линија. Инаку, стилот во поголем дел и' е ОК, освен во ретки случаи на тотално промашување.

Како личност не можам ништо да кажам, бидејќи не ја познавам. Од она што сум ја гледала на интервјуа, ми оддава впечаток на затворен и дистанциран човек, а таква е и на сцена. И после толку години искуство, сеуште нема кај неа топлина преку која би се поврзала со публиката, не зрачи со енергија, нема аура околу неа, едноставно е премногу рамнодушна.
 
Искрено неможам да ја смислам :)

Ти бе како си станала во 9 сабајле коа вчера до 3:30 беше на Интернет :) Хех, конкретно за мене, омилена песна ми е една, “Во Заборав“
 
Мене ми се свиѓа, сега арогантна ова она а кој не е денес? Зборам дека 90 посто од естрадата се такви. Мене ми се свиѓа, само некогаш Цаци ќе и ја утне облеката ама ај се признава. Песните и ги сакам и ги слушам, последниве посебно за разлика од оние со кои се проби, тие ми с излитени. Ружо ружице - песната многу ја сакам и ред други , паа после Слатка горчина и други некои на српски.
 
Супер е Каролина...
Има глас, стас, и супер се облекува...
А за карактерот, тоа си е нејзина приватна работа која не треба да не интересира...
 
Незнам...јас неможам да ја сварав :toe: во принцип не сакам такви луѓе,како Скандинавец ми е без емоции...песните со исклучок на 2-3 тапа ми се
 
Не дека не е добра ама е далеку од харизматична пејачка. Толку време на естрадава помина ама луѓево некако не ја прифаќаат. Глас има, не можам да одречам, ама не е ништо специјално и спектакуларно на нејзин настап.

Тело има супер, како појава можам да ја поднесам..ама кога ќе почне да зборува, па да се занесува не можам да ја смислам. За стилот не можам да коментирам супер изгледа..е сега има и исклучоци ама па секој има лош ден:)

Песните и се добри, просечно онака. Добар албум и е "Во заборав" и сите песни без некој посебен исклучок ми се свиѓаат..Први март, Ружа ружица, Во заборав..
Лоша песна.. Двете со кои ја испративме на Евровизија. Ужасно лоши за мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom