Кансаи Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Ок, почнувам со репортажите за Азиските архитектонски чуда.

Прв на мета, Кансаи. Аеродром-остров изграден од човечки раце.


airport.jpg

Кансаи, меѓународниот аеродмом е лоциран на остров кој се наоѓа во средината на заливот Осака. Ова архитектонско чудо се лоцирано на самиот брег на градот Таџири, Јапонија. Eден од најголемите аеродроми во Јапонија иако на почетокот бил изграден само за да се олесне сообраќајот на Осака аеродромот. Со околу 500 лета неделно низ Азија, 60 низ Европа и 30тина кон С. Американскиот континент овој аеродром е вистински хит кај јапонската нација.

Image:Kix_aerial_photo.jpg

Целата градба е всушност остров, кој има должина од 4 километри и ширина од 2.5 километри. Изграден на подрачје на кое му се закануваат тектонски поместување, тајфуни и силни, силни бури сепак еве, гордо опстојува 15на години.

Конструкцијата започнала во 1987 година, првата заштитна бариера е завршена во 1989. Три планини беа уништени, разнесени за да се обезбеди доволно материјал за ова острово. Преку 48 000 бетонски блокови, 21 милион кубни метри земја, 10 000 работници, 10 000 000 раборни часови, 3 години, користејќи 80 бродови кои требаше да ја пренесат земјата од брегот до заливот и притоа да изградат 30 метарски остров. Во 1990 година островот беше поврзан со три километарскиот мост, кој самиот чинеше 1 милијарда долари за да се изгради.

Image:Kansai_closeup.jpg
Kansai_closeup.jpg

Предвидувањата беа дека поради огромната тежина, островот ќе тоне. Но никој не очекуваше дека ќе потоне цели 8 метри за само две години. Конструкторите се соочуваа со сериозен проблем, планирањето на овој проек траеше 20 години и никој не го предвиде ова. Се собраа плус средства, нови инвеститори донираа неколку милијарди долари плус. Проблемот беше решен со поставување на хидраулики кои го забавија тонењето на островот. Поставувајќи челични цевки во самото дно уште повеќе се зацврсти тлото и проблемот беше надминат.

800px-Finair_MD-11.JPG


Официјалното отварање беше во 1994, но само година подоцна т.е. на 17 јануари 1995 овој дел го погоди силен замјотрес, епициентарот се наоѓаше на само 20 километри од Кансаи. Но иако во градот беа предизвикани колосални штети, имаше и преку 6000 загинати на островот како ништо да не се случило. Инжинерите беа среќни, нити еден прозор не се скршил под дество на силниот земјотрес. Проектот не го запре нити тајфунот кој дуваше со јачина на ветер од 200 км/ч. Инвестицијата се исплатеше, нити ветер нити вода нити земјотрес, не може да го сопре Кансаи.


Kansai_International_Airport_Terminal_Interior.jpg

Заборавив да напоменам за неговиот терминал. Тоа е всушност најдолгиот во светот, долг е дури 1.7 километри. Интересната работа е што тоа е всушност една града, нема спојки. Револуционерен е и покривот на терминалот кој има форма на птичји крила и овозможува циркулирање на воздухот низ објектот.
Image:Kansai_International_Airport_Terminal_Interior.jpg



Поради одличните покажани резултати во 2001 година аеродрмот го доби признанието Инжинерско чудо на Милениумот. Само на 10 структури во светот им беше врачено вакво признание.


Image:Finair_MD-11.JPG

Можеби целата инвестиција чинеше 20 милијарди долари, но се исплатеше. Тоа е сигурно.

Во оваа сума спаѓаат и трошоците за втората писта, новата хидраулика и челичното дно кое успеа да го намали т.е. скоро запре тонењето на островото. Од 4 метри годишно, на 50 цм, па во 2006 година и на само 7 цм годишно.




Вистинско чудо, направено од вештите раце на јапонските градители.
 
Леле јапанциве се луди еј. Инаку секоја чест што успеале да изградат вакво нешто :)
 
Абе добро што е чудо чудо е ама за ова на DISCOVERY каналот мора барем 1000 пати да кажале
 
Фантастично е ова многу труд е вложено само ако му се деси нешто да не биде џабе
 
sps_holandija-ostrov-forma-lale.jpg
Холандија можеби ќе ја измени картата на Европа – буквално. Прво Дубаи изгради остров – палма, а сега светските стручњаци за градење на вештачки острови ја разгледуваат можноста да се изгради остров во форма на лале во Северното море, за да се намали пренаселеноста на земјата.

Заговорниците на идејата тврдат дека проектот ќе им овозможи на холандските компании да ја покажат својата виртуозност во изградбата на копнена површина во море, што станува се побарано во светот поради глобалното затоплување и дигањето на морското ниво, додека критичарите, пак, тврдат дека станува збор за исклучително скап проект, што би можел да наштети на деликатниот екосистем.

holandija-ostrov-lale-01.gif
Според едно истражување направено во октомври, Холанѓаните повеќе стравуваат од поплави отколку од терористички напади.

Холандскиот парламент веќе основал комисија за разгледување на можноста да се изгради остров во Северното море.

Веќе постојат неколку предлози за островот со должина од 50 километри, што пак, еден блогер го инспирирало да се пошегува дека лист од канабис би бил посоодветен од предложеното лале.
 
Можеби не е Јaпонско но aко се нaпрaви нешто тaкво кее нaјголемо чудо
 
Можеби не е Јaпонско но aко се нaпрaви нешто тaкво кее нaјголемо чудо

Не, нема да е.
Зошто?
- Бидејќи веќе е изградено.

Каде, како, кога, што?
- Останете со нас и по рекламите и дознаете.


продолжува на друга тема.
 
Не, нема да е.
Зошто?
- Бидејќи веќе е изградено.

Каде, како, кога, што?
- Останете со нас и по рекламите и дознаете.


продолжува на друга тема.

Omg, Omg...

Палмите ги среди?
 
Сеа средувам, во една тема и Палмите и Светот. :icon_cool
Мислев прво Кина/Јапонија, па после да се префрлам на Дубаи, па Америките... ама ај.

Дубаи рулз бе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom