КиреМали 1911
Модератор Неимар
- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 1.313
- Поени од реакции
- 223
- Возраст
- 39
Кралската библиотека доминира помеѓу архитектонските икони на кејот на Копенхаген. Доградбата на библиотеката претставува имагинативно разбирлив монолит од седум спрата – скулптурирана кутија преоблечена во сјаен црн гранит. Класичниот кубус е анимиран со помош на извонредното спојување на фасадата со рамниот кров и обликовно пренагласените површини, како и (доколку се надбљудува од воздух), сјајниот обиколен терен кој му овозможува на „дијамантот“ (како го нарекуваат овој објект) да лебди. Со помош на транспарентноста на централниот дел, масата се разделува на два дела, креирајќи простор на светлосно исполнет атриум...голем, вибрирачки, органски простор поставен на оската на објектот кој прави топла врска на градот со водата – и на новата зграда на библиотеката со старата... Покрај основните функции кои една библиотека треба да ги содржи, во продолжението се вклучени книжарница, кафе-бар, ресторан, цела група на истражувачки центри и архиви, кровна тераса и The Queen’s Hall, аудиториум за 600 посетители каде се изведуваат бројни концерти, театарски перформанси и конференции. Продолжението се простира на новото плоштадче Sшren Kierkegaard Plads, популарна фокална точка во срцето на брзиот живот на градот
И сега, уживајте:





И сега, уживајте:




