ноќ на клупски и лични рекорди
Офанзивна експлозија и 20 "тројки" на Санси
Поразот од Њу Орлеанс на крајот се покажа добар за Санси, кои против Денвер повторно заиграа во својот препознатлив стил. Предводени од одличниот шут за три поени домаќините ги "прегазија" Нагетси со 137-115 во средба во која најмалку недостигаа атракциите.
Шон Мерион со својот личен рекорд сезонава од 27 поени, 14 скокови и шест блокади се разбуди по неколкуте слаби партии, а го следеа неговите расположени соиграчи. Тоа пред с$ се однесува на резервистот Маркус Бенкс, кој постигна рекордни во кариерата седум "тројки" (од осум обиди) за конечни 23 поени. 20-те "тројки" на Санси претставуваат изедначување на клупскиот рекорд, додека за изедначување со НБА рекордот кој го држи Торонто им недостигаше само уште една "тројка".
По средбата играчите на Феникс како посебно мотивирачки за нивната одлична игра го издвоија говорот кој пред средбата им го одржа нивниот генерален менаџер.
"Стив едноставно многу верува во нас и сака ние самите да веруваме еден во друг и да даваме с$ од себе на теренот. Но, не можеме да очекуваме неговите говори да н$ инспирираат пред секоја средба, за тоа треба да се погрижиме самите ние" - изјави Неш, кој застана на за него скромни 13 поени и десет асистенции.
На оваа средба фокусот беше на Мерион, кој реализираше 11-15 од обиди од игра, а неговите пет "тројки" се изедначување на личниот рекорд, исто како и шесте блокади. Грент Хил и Амари Стадемаер додадоа по 20 поени. Првиот имаше реализација од игра од 8-11, додека Амари додаде десет скокови. Покрај Амари, Хил, Мерион, Бенкс и Неш, уште Леандро Барбоса имаше двоцифрен ефект во нападот со своите 12 поени. Покрај шутот од 31-20 за три поени, Санси имаа и одлични 32 асистенции и 13 блокади како тим, што им помогна да го анулираат дефицитот во скокот од 42-52.
извор
www.sport.com.mk