ЕК за преговори за членство со Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Турција е голема закана за Балканот.. Мкд не треба да ја гледа Турција како пријателска земја..

Турција и дава на Македонија дволична подршка, тоа е факт. А Ердоган кога беше во Гостивар си кажа дека тоа е заради Муслиманите во оваа земја.
Сега имаме турски градежни инвестиции во Скопје, кои се продаваат по пониска цена на Косово, одколку во Македонија.
Јас секако не се сложувам со тебе за името и проблемот со Грција, ама за ова си во право.
 
http://www.plusinfo.mk/vest/120007/...na-Halkbank-vo-Turcija-nameneti-za-Makedonija

Поради неможноста парите да се трансферираат во Македонија, тие останаа кај мене дома. Ако ги ставев во банката, требаше да се наведе во чие име се ставаат и зошто, а истото треба да се направи со записник во писмена форма. Затоа овие пари ги чував дома. Дел од парите во висина од 950.000 евра успеавме со тешкотии да ги однесеме во Македонија. Другите 1.000.000 кои останаа кај мене, сега се запленети - вели Аслан.

Тој објасни дека од запленетите пари, два милиона евра биле наменети за универзитетот, а остатокот за верски училишта.

Ете кого сметаме за најголем пријател. Нам и некој да сака да ни помогне, треба да му е криво за времето што си го губи.
 
Не ја преценувај Турција премногу,а не го потценувај толку триото Бугарија - Грција - Србија.
Имаат доста ќотек јадено Турците од нив,премногу за една таква голема земја.

Али да бидеме реални нови војни нема да има.Испреплетени се како црева и на никого не му е тоа во интерес.Посебно на Европа и САД не им е такво нешто во интерес.

Но ете да земеме сценарио дека се на раб на војна. Ако беше Турција толку јака како си дозволува целиот Егеј да го контролираат Грците ?
Како си дозволува Северен Кипар да скапува буквално и да не можат пола милион Грци од таму да ги здробат ?
Како не можат ништо ни на Асад да му направат со кого граничат ?
Како Бугарите матер им ебаваат на Турците во Бугарија,а Турција молчи?Дури и шут карта во секој момент може Бугарија да им даде како во 90та,а Турција пак може само да гледа.

Турците имаат уште многу леб да јадат и да јачаат економски за да можат да наметнат своја воља тек во соседството.И тоа добро им иде....економски тигар се, ги пали муслиманите на балканот и ги придобива Ердоган....остатоците од отоманската империја на балканот зајакнуваат како фактор. Ама сеуште не се доволно јаки за градење на нова Отоманска Империја.

Ете и да ги нападнат Грците и да ги завземат и да го покорат пак Балканот,што даље ?
Ни со Курдите не можат скроз на крај да излезат.Ердоган очајно повикува во секоја прилика Турците да прават повеќе деца затоа што Курдите демографски ќе ги поклопат.Етничките Турци со фертилиетот стојат послабо и од некои западноевропски етнички групи,а Курдите растураат ко Роми се.
Му покажаа на Ердоган дека и без етничка поделба може да му се деси хаос со протестите во Истамбул оваа година.
Му требаат на него уште 10 милиони Грци, 6 милиони Бугари и 7 милиони Срби.


Бугарија во тогашно време имаше огромна воена и политичка подршка од СССР, и заради тоа Турција немаше ниту тероретски шанси да објави војна против Бугарија,но ете во Северен Кипар се случи обратно,и таму имаше слични масакри врз турците но тогаш ситуацијата беше поинаква,Турција ги нападна кипарските грци за да ги заштити кипарските турци, и точно за 2 дена го окупираа северниот дел на Кипар,а денес грците можат само да сонуваат за тој дел,едноставно тука е црвената линија на Турција, а инаку и јас се сложувам дека нема да има војни,денес Грција,Бугарија,и Турција се во НАТО,доколку една членка се глупира со такви потези САД ќе ги шамари и едните и другите,значи зборот ми е дека се под контрола на НАТО.. А инаку да тврдиш дека Бугарија имаше политички и воени успеси против Турција тоа е глупаво, Бугарија во тогашно време ги убиваше и ги асимилираше бугарските турци ,а не војуваше со Турција.. А што се однесува за нас македонците,ние треба да сме будни,и треба да имаме соработка со секоја земја.. А во едно треба да се пазиме од политиките на Грција,Бугарија Турција и други срања, едноставно не треба да заборавиме дека во политиката нема пријатели туку само интерес..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom