Буни во Дебарската нахија од 1560-1609 г.

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Во 1560 г. само еден значаен бунт се одвивал во Дебарската нахија каде главно живееле Македонски и Албански словени. Се верува дека учество во бунтот земале и албанците и македонците, но за овој бунт ниту македонската ниту албанската историографија ништо не пишува. Сепак треба да се има во предвид дека за овој бунт скоро и да нема податоци. Изворни податоци за бунтот се најдени во некои од турските дефтери т.е. тефтери каде има кратки соопштенија за сите случаи кои дошле до Султанскиот диван за решавање.

Овие документи не даваат јасна слика за бунтот како и за неговиот тек, но се единствените од кои се дознава дека постоел. Не се знае кога точно започнал, сепак според еден документ од 27 Февруари 1560 г. се дознава дека до овој датум бунтот сеуште бил во тек.од ова може да се заклучи дека бунтот или започнал во 1559 г. или во самиот почеток на 1560 г.

Како причина или повод за кревање на овој бунт не се знае ништо односно не се спомнува во документите. Според истражувачите ретки се документите во кои турските власти ги спомнуваат причините, но според податоците за овој бунт може да се предпостави дека причините се сиромаштијата, пасивноста на областа, а со тоа и неможноста да се плаќаат големите давачки.

Бунтот ја зафатил територијата од Охридското Езеро до градот Кроја во Албанија со центар во нахијата Долни Дебар. Од оваа нахија се побуниле повеке села за кои во документите се говори дека од поодамна се прочуени по буни. Во спомнатава област, особено Долни Дебар, кон крајот на XVI в. имало доста словенско население. Во документите се говори дека бунтот бил дигнат од “неверници”, што значи немуслиманско население. Такво население во тој крај биле македонските и албанските словени кои не го примиле исламот. Од документите се дознава само за еден водач на бунтот, Пали Берт, кој бил фатен по задушувањето на бунтот од некој Бали.

Бунтот се одвивал во три насоки. Првата насока била насочена кон спахиите односно кон ограбување на нивните имоти, запалување на имотите и убивање на спахиите. За ова податоци има во документите од 27 Февруари и од 26 Април 1560 г. Втората насока била насочена кон ограбување на соседните богати села Хош, Поштрич, Бевеч и Шидна. Ова се случувало пред 27 Февруари 1560 г. односно зима, период на недостиг од храна и намирници. Третата насока им биле поважните патишта кои воделе од Солун, Битола и Охрид кон албанските пристаништа и солани Љеш, Скадар, Драч и Валона. Поради нападите на трговците и локалните власти, Елбасанскиот санџак-бег морал да го извести султанскиот диван дека поради блокадите на овие патишта државните приходи се намалени.

Во еден документ од 26 Април 1560 г. се спомнува дека бунтовниците напаѓале со развеани бајраци и дека целата нахија Долни Дебар била разрушена, само две тврдини кои биле цврсти упоришта на Турците во тој крај не биле освоени. Тоа биле тврдините Дрвеник и Брез во кои освен војска имало и мартолози. За задушување на бунтот биле ангажирани властите на Дебар, Охрид, Мат, Елбасан, Кроја и Дукаѓин, но и највисокиот орган на Османската империја, Султанскиот диван, кој повеќе пати издавал наредби за ликвидација. Диванот испратил и свои мубашири, пратеници, со задача да го ликвидираат бунтот. Еден од нив бил Кочи-чауш. Тој имал задача со помош на илери, војници од месните гарнизони, и хисарери, војници од тврдините, да го задуши бунтот и да ја смири областа. Сепак диванот неколку пати ке испрати различни наредби за текот на задушувањето.

На 27 Февруари на Кочи-чауш му се наредува да постапува благо со затворениците и да не се ограбуваат имотите на селаните. Но кога неуспеало задушувањето Диванот испратил одлука да се постапува сурово и заробените да се продаваат во ропство, за да после се испрати нова одлука (27 Април 1560 г.) каде се наредува да се ограбат имотите на побунетите, да се однесат во ропство но откако ке заврши акцијата луѓето да се вратат на местата и да им се вратат имотите. Меѓутоа кога и по неколку месеци акциите не биле успешни, на 21 Август 1560 г. Диванот повторно наредил населението да се стави под сабја за да биде тоа лекција и поука за другите.

Според документот од 25 Ноември 1560 г. бунтот сеуште траел. Имено според документот кон крајот на Ноември 1560 г. по Горни и Долни Дебар се собирале давачките и истовремено се вршела регистрација на рајата во нови дефтери. Во Горни Дебар се собрал данокот и била извршена регистрација, додека во Долни Дебар тоа неможело да се изврши поради одвивање на бунтот. Оваа нахија требала да даде 22.500 акчиња данок. Интересно е да се спомене дека на лицата кои со нешто се истакнале во бунтот им биле доделувани тимари, кои приходи некогаш достигнувале и до 6.000. дали со ваквите постапки на портата може да се заклучи дека овој бунт бил на некој начин значаен ? Неможе со сигурност да се каже. Во секој случај овие документи каде се говори за доделување на тимари се интересни за истражување по самиот факт што се ретки. Уште во текот на бунтот Султанскиот диван испратил ферман (27 Април 1560 г.) до Елбасанскиот бег во кој се велело да на лицата кои се истакнале во бунтот им се доделат тимари. Вакво доделување било извршено на трипати. Важно е да се спомене дека еден тимар од 3.000 акчиња му се доделил на немуслиман по име Кеке бидејки се истакнал во задушувањата во Охридскиот санџак, но и преминал во ислам (Сефер).

Сето ова покажува дека во Османската империја не бил толку тежок преминот од една класа во друга како што тоа било со Европските земји, се барало најмалку осум предци да биле благородници и што уште не. Во Османската империја доволно било лицето да се истакне во борбата со внатрешниот или надворешниот непријател на Империјата. Во почетокот тоа не било условено ни со примањето на исламот, па затоа до крајот на XV в. на Балканот имало феудалци христијани. Според документите кои содржат податоци, бунтот траел од зимата 1559 г. до почетокот на 1561 г., кога се верува дека бил задушен. Во основа бунтот имал социјално-антифеудален карактер. Поради сиромаштијата, неможноста да се платат даноците, први на удар биле спахиите па заради тоа антифеудален, а социјален каракет поради одбивањето на регистрацијата и плаќањето на даноците.

Податокот дека се побуниле невернички села односно немуслимански села, говори и дека бунтот имал и антимуслимански каракер а и дека во тој период овие предели сеуште не биле исламизирани. Во подоцнежните периоди османските власти за да ги спречат сличните бунтови ја користеле исламизацијата како решавачки фактор. Бунтот не се проширил на други делови од Албанија или Македонија. Меѓутоа и по задушување на овој бунт од 1560 г., овој крај често се кревал во нови бунтови. Така во Април 1565 г. била издадена султанска наредба до кадијата на Дебар да се фатат сите тие што се бунтуваат. Како надополнување за бунтовниот карактер на овие простори е и ферманот издаден на 5 Јули 1568 г. за градење на уште една тврдина во Дебарската нахија наречена Тимур.

На 16 Август 1568 г. пак била издадена наредба во која се велело да се изгради уште една тврдина, Жегор, во нахијата Долни Дебар бидејки бунтовите не престанале. Од еден ферман од 18 Февруари 1577 г. се дознава дека се собрале 600 “ѓаури” од Дебарската нахија и заедно со жителите на Чајле, од Тетовската каза, напаѓале по чифлиците биле добро организирани и треба да се фатат и казнат за пример на останатите. Поради ваквите бунтовни периоди, жителите од селата Махор, Полач и Градевиште се согласиле да станат дервенџии и да ги обезбедуваат местата и да ги помагаат властите, а како надомест за извршената должност да не им се земаат некои даноци. Немирите во Дебарскиот регион во 1595 г. уште не биле намалени. Поради се поголемиот ограбувачки карактер во документите од тој период често се потцртува дека ова го вршеле “ѓаури” од Дебарската нахија, со што се дознава дека исламизацијата уште масовно не почнала, кој понатака ке стане редовна закана за мирното население. И во ферманот од 1609 г. се гледа дека Дебарската нахија уште ја треселе бунтови. Во него се вели дека Албанското-христијанско население одбивало да го дава џизието како и другите даноци, а и се занимавале со разбојништво.

Бидејки буните во Дебарската нахија траеле повеке од половина век, властите примениле друг, по се изгледа, ефикасен метод наречен исламизација. Со исламизацијата Османлиската власт успевала постепено или да смири еден дел од населението или оваа борба да ја претстави како борба на муслиманите и немуслиманите со што мудро ги ориентирала останатите кон ограбување на немуслиманските имоти. Со тоа побунетото население било одвраќано од намерата за напаѓање на турските институции и претставниците на власта.
 
За да разбереме подобро за тогашните состојби..
Во Дебар во 1583 г. имало попис,74 села, 1793 христијански и 981 муслимански домакинства (од кои последните 543 преминале во ислам споредено со претходниот попис). (141)
Во нахијата Гора, која била на југ од Охридското езеро, се регистрирани 64 села со
1161 христијански домакинства и 676 муслимански (од кои 355 новопримени во исламот). Во истатa нахија во 1519 г. христијаните броеле 1745 домакинства, а муслиманите едвај три(142).
Како што се гледа,зголемувањето на муслиманите се должи не на прилив на ново население,туку жителите ја промениле својата религија,т.е. повеќе од половината преминале во ислам.
Така било и низ цела Албанија.

Уште во 1572 г. Французинот Филип Канае ги опишал преминот кај Качаник,како заземен од албанци "убијци и разбојници"(144).

Детален опис на едно од албанските разбојнички дела,дава османлискиот документ од август 1595 г. кој ни кажува дека групите албанци од северна Албанија кои од 1593 г.
биле против Турците,сега заедно со “албанските жители” на 6 села од областа Река – З. Македонија, на број од 10.000 (десет илјади) , ограбиле и изгореле 27 села од Западна Македонија,која била населена со Македонци. (150)

Нападите на албанците на областите кои се соседни на Албанија, се само предвесници за подоцнежните преселувања на Албанци во З. Македонија и Косово.

Нападите кои следувале потоа,најдобро ги опишува П. Поповски во својата книга
„Крваво досие – арнаутскиот гегомирдитски разбојнички тероризам во македонските земји (oд 1700 дo 2002 година)“


139 Stadtmьller, G. Die Islamisierung bei den Albanern. JGO, 3, 1955, S. 311–327; Bartl, P. Die albanische Muslime zur Zeit der nationalen
Unabhдngigkeitsbewegung (1878–1912). Wiesbaden, 1968.
140 Pulaha, S. The North-Eastern Regions of the Sandjak Dukagjin-Has and Its Population during the Second Half of the 16th Century. In:
Albanians and Their Territories, p. 377–390.
141 Sokoloski, M. Osvrt, p. 27.
142 Соколоски, М. Нахиjата Гора во XVI век. ГЗФФУ, II (28 , 1976, с. 229–231.
143 İnalcık, H. The Ottoman Decline and Its Effects upon the Reaya, p. 348–352.
144 Френски п'теписи за Балканите, с.140.
145 Шопова, Д. Македониjа во XVI и XVII в., с. 35, 46.
146 Стоjaновић, Л. Стари српски записи и натписи, књ. 1. Београд, 1902, с. 219.
147 За различните в'станија и опити за помошт и единодејствие вж. Bartl, P. Der Westbalkan zwischen Spanischer Monarchie und Osmanischem
Reich. Wiesbaden, 1974. Основавајки се на документи, с'ставени от албански католически свештеници в краја на XVI в., германскијат
албанолог стига до извода, че тогава сред албанците са с'штествували славјанофобски настроенија.
148 Pulaha, S. Оp. cit., p. 390.
149 Stadtmьller, G. Die Visitationsreise des Erzbischofs Marino Bizzi. In: Sertes Monacensia, hrsg. von H. J. Kissling und A. Schmaus. Leiden,
1952, p. 192, 196–198.
150 Шопова, Д. Цит. с'ч., с. 83. От друг документ става јасно, че "арнаутски разбојнически групи" са вилнеели и в околностите на
Скопие. Пак там, с. 78–79.
151 Kaleshi, H. Das tьrkische Vordringen auf dem Balkan und die Islamisierung - Faktoren fьr die Erhaltung der ethnischen und nationalen
Existenz des albanischen Volkes. In: Sьdosteuropa unter dem Halbmond. Mьnchen, 1975, p. 129.

п.с.терминот албанци е употребен за жителите на Албанија...
православното население преминувало во ислам..
сe до втората половина на XVI век, на балканските простори не биле присутни ниту Тоските, ниту Гегите,ако им веруваме на Турските ПОПИСИ..
Имено, во Дечанските листови од 1376 година, во Скадарскиот катастих од 1416 година и во Турските пописни дефтери од 1563 и 1583 година, официјални пописни документи, на просторите во денешна Северна Албанија, кои биле колонизирани од двата етникума, нив ги нема, едноставно не постојат како посебни етнички групи.
Во овие документи фигурира само и исклучително македонскиот и црногорскиот елемент.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom