Чочоровска осудена на 14,6 години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutkar
  • Време на започнување Време на започнување

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Локација
Скопје
Казна затвор од 14,6 години е изречена денеска на Станислава Чочоровска по обвинението за шверц на близу половина тон кокаин запленет на почетокот на годинава во Македонија.

Идентична затворска казна, Основниот суд Скопје 1 му изрече и на Азија Азировиќ, возач на камионот во кој на 7 јануари на граничниот премин Блаце беа запленети 440 килограми кокаин, сокриен во канти за поликолор.

Одбраната на Чочоровска и Азировиќ најави жалба на пресудата до Апелациониот суд во Скопје. Нивните адвоакти тврдеа дека дрогата им била подметната, а Обвинителство нема доволно материјални докази за нивна вмешаност.

Чочоровска, која има и српско државјанство, се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“ откако Србија ја екстрадираше во Македонија во мај годинава. Азировиќ е во притвор од денот на запленување на дрогата.

Обвинението против Чочоровска и Азировиќ во мај го подигна Одделението за борба против организиран криминал и корупција во скопското Обвинителство.

Во обвинителниот акт се споменуваат и двајца државјани на Грција, но, освен Чочоровска и Азировиќ, засега никој друг не е уапсен за шверцот на кокаинот.

Дрогата на крајот од минатата година била натоварена во Венецуела, од каде што со хрватски брод била транспортирана во пристаништето Бар во Црна Гора. Кокаинот беше запленет во Македонија на пат кон Грција.
 
Епа, ајде нека си помине убаво. Што си сеел, тоа ќе жнееш. :toe:
 
Само така,строго,со шверцерите на дрога,за ум на сите кој размислуваат кон слични чекори.
 
Браво, само да питам, така ли се подмета половин тон?
То е било метанье и преметанье :icon_bigg
 
i ova li ja narekuvat kazna ?? za pola ton kokain 14 godini, eh drzava, pa i onie maalskite dileri se kaznuvat poveke,
 
i ova li ja narekuvat kazna ?? za pola ton kokain 14 godini, eh drzava, pa i onie maalskite dileri se kaznuvat poveke,

еден интересен муабет ни кажа професорот по вовед во право во средно..
за некој управител на затвор кој подоцна станал судија.. и цело време го обвинувале судијата за прениски казни...
но тој одговорил: Знаете бре што значи ЕДЕН ДЕН во ЗАТВОР?.. не знам и се надевам нема да знаам но сигурно е многу.
 
Има едно друго прашање што се поставува тука:

Глеам адвокат на Чочоровска и е овој Џанго. Епа сеа ако тој може да застане во одбрана на криминалот, се поставува прашањето колку дрога прошло преку граница без никој да го проверува, кога тој беше "првиот полицаец" во Македонија.
 
Neka i e na zdravje.Ama izgleda nemala "jajca" da propee za site raboti sto ja vrzuvaat so "you know who" uste od atentatot na Kiro pa do sega....
 
На здравје нека и е. само.... ме плаши тоа што за некоја година ќе си биде на слобода
 
Има едно друго прашање што се поставува тука:

Глеам адвокат на Чочоровска и е овој Џанго. Епа сеа ако тој може да застане во одбрана на криминалот, се поставува прашањето колку дрога прошло преку граница без никој да го проверува, кога тој беше "првиот полицаец" во Македонија.

Добро е сто не се сдс на власт инаку ќе ја осудеја условно и ќе ја снемаше (пак) дрогата од депото.
Е сега нека и дадат да шмркни малце за да не осеќа многу таму кај шо оди.:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom