Хамлет - Да се биде или не, прашањето е сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Доста интересно дело и го читав со задоволство.Веројатно ми беше уште поинтереса дека се збори за Данска, а Данска е земја која многу ја сака.Интересно дело едно од најпознатите на Шекспир.Со задоволство би идел да ја гледам на театар:pipi:
 
Ја прочитав пред неколку месеци.
Доста интересно дело кое содржи детали кои ги нема во средновековната верзија:тајноста на злосторството,духот кој бара одмазда,тестирањето на кралот со помош на пртстава,како и повеќестраната фатална природа на Хамлет -одмаздата.
Драмата претставува најдолго дело на Шекспир,а убедливо најдолга е и улогата на принцот Хамлет.
Хамлет претставува едно од највозбудливите доживувања на човечкиот дух.Според заплетот на поетската имагинација,длабока хуманост,трагика,бедата и големината на човекот Шекспир со својот Хамлет создал единствен лик.Тој им се потсмева на престолот и авторитетот,а за него пекол е всушност тука,на земјата,во тој суров свет преполн со опачина каде што од се најголема и најтешка работа е да се биде човек.Тој е аристократ,но и пријател на глумците и гробарите,љубимец на народот.
Зборовите знаат да им бидат бодежи на кралските глави,а над се ги мрази ласкавците и нископоклонството.
Хамлет и денес не слегува од репертоарите на светската театарска сцена.
 
Доста интересно дело и го читав со задоволство.Веројатно ми беше уште поинтереса дека се збори за Данска, а Данска е земја која многу ја сака.Интересно дело едно од најпознатите на Шекспир.Со задоволство би идел да ја гледам на театар:pipi:


би одела но никој не сака да ја обработува за на сцена јас членувам во драмско студио правиме претстави за мали деца а ако треба Хамлет да го играме ке треба да се блефираме затоа што треба време стрпливост и давање се од себе
 
Ако сте чесна и убава,вашата чесност не би смеела да се дружи со вашата убавина.
-Зар чесноста не е најдобра придружничка на убавината?
О,бездруго!Зашто убавината може полесно да ја фрли чесноста во вител,во наводаџиство,одошто чесноста да направи од убавината нешто што личи на неа.
Ова порано беше парадокс,но сега е докажано.
........Ова е најдоброто нешто меѓу најдобрите работи кои ги прочитав во оваа книга....Но да не ги заборавиме и другите дела на Шекспир...Ромео и Џулиета

Сал твојто име мој е душман.Ти си ти и без Монтеќи да си.Што е Монтеќи?...Ни е рака,ни е нога,ни мускул,лице,ниту еден дел од човека!...О,биди друго име!Но што е тоа име?...Она што е ружа,со друго име пак ке мириса со иста сладост.Така Ромео-да не се вика Ромео-тој пак ќе беше исто така совршен без тоа име...Ти отфрли го,мој Ромео,бидејќи твојто име и не е дел од тебе самиот-па мене сета земи ме!...

:zver:
 
Pa da normalno e negovoto odolzuvanje na ubistvoto na negoviot 4i4ko i tatkoubiec zato shto sepak toj nema nikakov dokaz i nemoze 100 % da veruva vo prizrak. No kako mnogu mudar lik doagja do ideata za pretstavata ... i se raspletuvaat i razjasnuvaat neshtata. Sepak mislim deka negovata zrtva i borba vo dramata ne e zaludna, zatoa shto toj najde izlez od bezizlezot , se boreshe protiv nepravdata, licemerieto, predavstvoto vo semejstvoto i vo opshtestvoto... :D
 
Па скоро сите на крај се мртви, така да не би рекла јас дека нашол излез. Трагично завршува драмата и се тоа поради неговата неодлучност што го доведува на моменти да размислува и за самоубиство. Ама ни тоа не може асално да го реши. Токму говорот да се биде или не е метонимија на целата драма, на неговата нерешителност да дејствува; неговото недејствување носи смрт на се околу него.:smir:
 
Хамлет мислеше уствари на сите. И на мајка му, да не ја повреди ако го отепа чичкото, и на државата, оти ќе остане без владетел... И од толку морал, тепачка меѓу разумот и желбата за одмазда, па после дали ќе може да живее со тоа дека крвта на родот си ја носи на раце и е исто ѓубре како чичко му, од толку почит кон авторитет и институција и родител и се`, пак јабана ојдоа сите. Јас го сакам, како и да е. Ич не ми е ретардиран, како што денешниве деца го опишуваат. И воопшто не мислам дека попусто умре. Oд сите што беа запознаени со приказната, другар му остана жив, да раскаже што се случило и да не дозволи името на Хамлет да биде валкано дрн дрн. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom