Подршката за Windows XP... :S
Windows XP при појавувањето во почетните свои денови се очекуваше да биде амбициозен и револуционерен оперативен систем. Но сепак во тие почетни денови (2001 и 2002), исто така им задаваше и многу главоболки на сите корисници и се здобиваше со големи критики. Со тек на време, и пред се преку сервисните апдејти тој се разви во она што денеска се смета за Microsoft-овиот најдобар оперативен систем досега.
Сега е време кога полека но сигурно Windows XP се испраќа во историјата. Иако продажбата на компјутери со инсталиран XP ќе продолжи до 2010 година, Microsoft на 14 април ќе стави крај на мејнстрим подршката за овој OS. Ова ја означува првата фаза на пензионирање на XP, и тоа по повеќе од седум години од неговото појавување.
Фактот дека сеуште ќе се продаваат компјутери со Windows XP и по пензионирањето, претставува тестамент на оперативните системи за силното влијание и големиот имиџ, но исто така и го става Microsoft во една чудна позиција. Настрана од продажбата, проценето е дека заклучно со март месец годинава, околу 63 проценти од интернет корисниците во светот користат Windows XP, за разлика од далеку поскромните 24 проценти на Vista корисници. На кратко, Microsoft е во чудна позиција да стави крај на подршката на својот најкористен продукт.
Лоренс Пајнел, маркетинг менаџер на Microsoft, ги уверува корисниците дека иако најголемиот дел од подршката за XP ќе заврши, сепак не и клучните безбедносни апдејти. “Ќе доставуваме критични безбедносни апдејти преку Windows Update за сите изданија на XP се до 2014 година” - вели Пајнел.
Но Microsoft повеќе ќе ја нема обврската за решавање и подршка на било какви не-безбедносни проблеми, освен за оние корисниците кои имаат продолжен договор со компанијата, или пак за некои од нивните партнери. Од компанијата велат дека доброто познавање на Windows XP меѓу многумина од компјутерската и техничката заедница ќе помогне сето ова да не претставува поголем проблем. Според нив, корисниците ќе имаат огромна подршка од интернет заедницата.
Microsoft ги охрабрува корисниците да се префрлат на престојниот Windows 7 OS, посебно оние кои ја прескокнале Vista. Една многу битна нова вест која се појави деновиве е тоа дека компанијата за корисниците на Windows 7 ќе понуди downgrade везрија на XP, што повторно фрла малку проблеми во плановите за пензионирање на XP. Симнувањето од седмицата кон XP ќе претставува брз процес, но иронично, апгрејдувањето од XP на Windows 7 ќе бара full инсталација.
Windows тимот на еден блог пост вели: “Едноставно промените во конфигурациите на денешните PC-а се преголеми (аплети, хардверска подршка, моделирањена драјвери итн.), за кои што предностите и бенефициите кои ги нуди Windows 7 нема да бидат ни приближно на нивото на квалитет кои се добиваат при чиста и свежа инасталација”.
Microsoft ги охрабрува корисниците на XP да ја превземат и да ја пробаат Windows 7 beta за полесна транзиција кон престојното финално издание.