Лектири

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.419
Поени од реакции
6.062
Факт е дека љубовта кон книгата се стекнува на час по македонски јазик уште во прво-второ одделение со помош на задолжителните лектири и книги за обработка.

Мислите ли дека сегашниве лектири се добро усогласени со возраста на учениците?
Најбанален пример е „Малиот принц“ која беше ставена за 3то или 4то одделение не се сеќавам, ништо не разбрав од книгата тогаш и се чудев зошто ја спомнуваат како добра книга возрасните, мене ми беше максимално глупава... :(

Кои лектири досега ви оставиле најголем впечаток и со задоволство сте ги читале и раскажувале, а кои ви биле досадни?

Ја препишувате ли раскажаната фабула од постари другари или пак самите си ја раскажувате книгата?

По каков метод се обработуваат лектирите на часови кај вас?
Кај нас е класично, станува ученик и раскажува се што читал, некаде го читаат само раскажаниот текст од тетратка, некаде прават критички осврт на книгата. Што е најефикасно според вас?

Сте ги купувале ли книгите, скапи се или прилагодени на денешниве стандарди?

Многу прашања... Па пишувајте. :)
 
Ај набрзина да одговорам на две прашања

Многу од сегашните лектири не се соодветни за возраста на учениците, а некои дури и не се соодветни за образованието воопшто. Мој најсвеж пример за ова би била одата на хомосексуалноста и педофилијата - Смрт во Венеција. Што би создале ваквите книги од младината? Се уште не можам да поверувам дека некои го бранат Томас Ман...се уште...

А да, омилената лектира - Судьба человека - Михаил Шолохов. Е ова е добра книга :) А на второ место би била Злосторство и Казна
 
Хмм...вака сега.
Јас сум 2 година средно,и сега за сега,најголем впечаток ми остави романот "Галебот Џонатан Ливингстон".Зошто?
Затоа што најпрво ме опишува мене како личност.Упорна,вложување на се само за да се успее и да се стигне до целта,без разлика што ќе биде изгубено за цена на успехот,за на крај сето тоа да биде исплатено а поентата постигната.
Околу раскажувањето,такви работи...Мојата професорка по македонски јазик не сака раскажувања во тетратка,туку анализирање и критички осврт,така да и да сака некој да препише,ќе нема од каде освен од задната страна на книгата,но тоа ќе биде воочливо.
А во врска со делата.."Божествената комедија" сега за сега води.:)
 
Многу ретко да ми се бендисала некоја лектира што сме ја имале (или дело), обично мразам некој кога ми “наметнува“ нешто да прочитам затоа што така треба, или да слушам некаква музика или гледам некој “поучен“ филм. Сепак ќе ја издвојам “Евгениј Онегин“-Пушкин, “Вознесот на Милосија“-Ката М.Руменова и “Срце“-Едмондо Де Амичис. Последните две не ни беа за лектира но од некаде дознав дека постојат и ги прочитав самоиницијативно. Книгите денес мислам дека имаат прифатлива цена, секој може да си ги дозволи, а може и да се позајмуваат од библиотека или од други луѓе.

Инаку јас секогаш ја читав лектирата и ја обработував во тетратка (Мнооогу ретко сум препишал од некого, а тоа било сигурно зашто ме мрзело да ја дочитам до крај). Инаку знам луѓе кои никогаш ништо не читаа па се провлекуваа и такви што се читаа па пак завршуваа како овие претходните.
 
„Клетници“ на Иго. Ако се откажеш од читање после првите 30 страни, животна грешка си направил. Книгата ме воодушеви и ќе ја прочитам пак за одморот по повод Нова Година.
Иначе дефинитивно најдосадна и најглупава лектира - Хамлет. Залудно потрошени 3 часа од животот за читање + очајни обиди да сфатам нешто од книгата.
 
Читав лектири дур бев средно,ама пошто ме тераа професорите,а и некои лектири ми оставија впечаток."Чичко Горио" и "Дундо Марое" на пр.
 
„Клетници“ на Иго. Ако се откажеш од читање после првите 30 страни, животна грешка си направил. Книгата ме воодушеви и ќе ја прочитам пак за одморот по повод Нова Година.
Иначе дефинитивно најдосадна и најглупава лектира - Хамлет. Залудно потрошени 3 часа од животот за читање + очајни обиди да сфатам нешто од книгата.

Јас Клетници ја купив ден пред да ни е за лектира (претходно ја барав по сите можни библиотеки и нигде ја немаше) и не стигнав да ја прочитам, прочитав 400 страни (јас многу бавно читам) и последните 150 не можев па ми ги прераскажаа :-D
 
Јас Клетници ја купив ден пред да ни е за лектира (претходно ја барав по сите можни библиотеки и нигде ја немаше) и не стигнав да ја прочитам, прочитав 400 страни (јас многу бавно читам) и последните 150 не можев па ми ги прераскажаа :-D

Дочитај ја, за мој атер. :)
 
Од секогаш лектирите ми створале одбивност и никогаш не сум читала со задоволство некоја лектира,освен еднаш кога имавме една по наш избор во 6то или 7мо одд и одбрав да ја читам “Чичко Горио“-прекрасна книга...
За летен распуст ќе прочитам било што,ама лектира едноставно душичката не ми дава да земам од проста причина што МОРАМ да ги читам лектирите и обично читам скратени верзии на книгите или накратко раскажанана содржината.
Единствена лектира која ми се допаднала и сум ја прочитала во еден здив е “Доктор Офболи“...неколку пати ја прочитав.
 
ja sum procital preku 20 lektiri dosega (da ne se falam,inace, 8odd sum) a najgolem vpecatok mi ostavija : Robinzon Kruso i Pipi Dolgiot Corap, a i Bojan
 
Преку 20 лектири се годишно...

Мене „Богородичната црква во Париз“ и „Чичко Горио“ ми беа омилени од овие во средно. :)

Ах, да и најтазе сега „Дервишот и смртта“ - Меша Селимовиќ :wink:
 
најмногу впечаток ми оставиле лектирите од 3-та год. поточно: страданијата на младиот вертер-гете,злосторство и казна-достоевски.
други:Дон Кихот-Сервантес,Странецот-Алберт Ками(сега брзо ја дочитав,преуба е)...па то е имат појке ама да не набројувам сеа.
а најдосадна книга EVER е оваја сеа шо ја зедов Чекајки го Годо...не вервам да ја прочитам ама ај..
 
Толку многу дела ни даваше професорката да читаме, што веќе не ни знам кои ни беа како лектири, а кои дела за кратка дискусија.:)

Сум пронашла мал дел од себе во многу книги, не би сакала да почнам да набројувам, ќе зајдам.
Омилени-„Клетници“, „Чекајќи го Годо“, „Евгениј Онегин“, „Странецот“ и „Игра во `ржта“.
 
„Чекајќи го Годо“ ние никад не ја читавме. Гадовите! :(
ЕДИТ
Ах, да и најтазе сега „Дервишот и смртта“ - Меша Селимовиќ
НИ ОВАА НЕ НИ ЈА ДАДОА ГАДОВИТЕ.


Како бе Корчагин ваква сакатена програма маме и ебам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom