Македонска Навивачка Химна

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Еве нова кампања подржана од агенцијата за млади и спорт. После медиумскиот бум и резилот со акцијата Избираме дрес, сеа си најдоа нова занимација и нов начин за перење на парите. Македонија навива - избор за спортска химна

Еве денес случајно ја начекав емисијата на А1 телевизија и е копија на Дрес И.Д. само се разбира со друг наслов. Водители се Марко(Дај побрзај) и две водителки од кои на едната не и го помнам името, но водеше емисии на Сител а другата ме преплаши и си помислив дека ќе ме касне:pos:


Значи ист концепт, се праќаат ваши компонирани песни т.е. потенцијална нова химна на Македонија. Ќе се гласа пак со пораки(money money money), и на крај ќе се одбере новата Македонска химна која ''ќе стане препознатлива и ќе се пее на натпреварите на репрезентацијата''...ватевр.
 
Значи се бара замена за Црвена боја ми е најмила..
Е па мора со нешто да се занимаваат луѓево.. И шо викаш ти ова е добар начин за перење пари..
Мислам дека химната ќе биде рап песна, и тоа јас ќе му ја пратам.. и плус сега ми дојде инспирација.. лол :pos2::pos2:
 
Во последно време станаа популарни тие мутави и мизерно проѕирни обиди за земање пари. Да речеме ова срањето со Хедис маркетите. Ние да им одлучуваме за етикета за новата македонска кола. Зошто жити се постојат тие маркетинг агенции? За украс?
 
О патриоте, според постовите твои имам почит кон тебе. Арно ама за оваа работа мора да признаеш не си во право. Можеби е добро да се одбере НОВА химна, ама алп биде дежа-ву како со дресот? Само реклама да се гласа да се соберат пари и на крај ништо!?!?
 
Не греши душа Јове :) Нм и те како ни требаат вакви песни, а поготово што нема да биде една...туку цело цд...тоа е супер работа...За разлика од она со дресовите, за кое и јас бев скептичен, и изгледа дека бев во право со скептицизмот, ова е сосема нешто друго...

Јас на ова гледам како афирмација на националниот дух кај младите - тоа е неопходно! Што повеќе песни, тоа поубаво...ДА МАРШИРАМЕ КОГА ОДИМЕ НА НАТПРЕВАРИ!
 
Е ради вакви ствари не се гледа 300(Спартанци) по 10 пати. :pos::pos::pos:Друже одиме на натпревар, не во војна.
Сепак убаво ако испадни нешто добро. Ако се одбере некоја песна слична на оваа мак-турбофолкерката не и го памтам името одам и ги колам сите во Агенцијата за Млади и Спорт. Осеќам од сеа дека ќе биди нешто срање...иначе ќе видам и јас ќе испратам една, имам замисла. Засега нема ни веб сајт ни ништо. Каде треба да се испраќаат предлозите???
 
Нека избираат, ама за мене една е спортска химна - Црвена-.
 
Со сила убавина не бидува...
Колку што знам сега за сега сите спортски федерации во Македонија одбиваат да го прифатат новиот дрес. Чисто се сомневам дека навивачите би прифатиле „спортска“ песна избрана на А1.
 
Да, замисли онака на пример, некоја песна на Ноне, со тоа иритирачкото гласче. Во секој случај, ќе биде интересно, осеќам.
 
Да, замисли онака на пример, некоја песна на Ноне, со тоа иритирачкото гласче. Во секој случај, ќе биде интересно, осеќам.

Предложените песни за химна, претпоставувам, ќе бидат уште полоши од предлозите за национален дрес, ако е тоа возможно. „Црвена“ не може да ја замени никоја друга песна. Народот не е толку глуп, па со сила дрес и песна да му се наметнува. ;)
 
Можеби и би било добро да има повеќе песни (химни).. но сепак една да биде онаа официалната.. црвена боја ни е најмила..
Има ногу клубови кои имаат повеќе песни, химни.. Пример ќе земам со партизан.. знам јас режев на еден другар цд со песни од партизан.. имаше повеќе.. па имаше една дури и рап верзија..
Иако не е исто тие се клубови.. а ова би биле песни за нашата репрезентација, кога би останала старата химна.. и би се создале некои нови песни плус според мене би било ок..
 
"Црвена" си е традиција и нема шанси никоја друга химна да ја замени,дури и Џастин Тимберлејк ако ја пее.
Господ знае какви композиции ќе пристигнат на адресата.
 
Само можам да погодувам:
Наум Петрески, Благица Павловска, Соња Тарчуловска, Силви Бенд, Браво Бенд, Ноне-то, Ѓорѓи Крстевски, Врчак, Гаџа...:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom