Премногу „внимание“ - добро или лошо за врската?

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Возраст
36
Океј, сите сакаме кога партнерот ни посветува внимание, подарочиња, љубовни пораки, искажување љубов во јавност...но каде престанува тоа внимание да е во рамките на нормалата?

Убаво е да се одбележуваат годишнини и слично, но дали тоа потресување за секоја месечнина и славење со подароци како богзнае што да се случило е здраво за врската или не? Не ги ограничувајте одговорите само за мојов пример, бидејќи има уште многу вакви „салтанати“ што гледани од страна се во најмала рака чудни и претерано посесивни.

Може ли љубовта да исчезне некаде помеѓу тоа гушење со внимание? Дали во една таква врска ќе останат специјални гестови што и на двајцата ќе им причинуваат задоволство или се` ќе стане само безначајна рутина?

Имаат ли таквите врски иднина?
 
Се што е претерано не чини па и добро да е тоа...во ред е се да слави меѓутоа некогаш станува премногу напорно и загушливо и не двајцата но никој не го кажува тоа
...се на се и вниманието премногу е штетно и загушува а дали тие врски имаат иднина зависи од двајцата и дали ќе ги сменат сите оние работи кои ги гушат
 
Подароците колку ми значат толку и ми пречат....Еден вид на некое обврзување ми изгледаат и непријатно ми е...Не многу сум ги добивала, затоа што унапред му кажувам дека тоа ми пречи....
Подарок во облик на книга или така некоја ситница е интересна работа, но купувањето на скапи поклони е глупост....
Внимание, па мене тоа ме оддржува во една врска кога сум заљубена и не ми пречи воопшто...Ако почне да ме гуши , раскинувам:salut:
 
е сега вака ова внимание ке го преиначам во гушењезашто ?Па види вака ова го сваќам како располагање на сите сметки односно давање извештаи за мојот ден незнам за саатот итн.што мене лично многу ме нервира односно се осеќам како заробеник пред воен суд или како некој да ми ја одземал слободата значи доколку се случи ова директива добија црвен картон, а што се однесува до другото односно поклони искажување љубов каде и да е немам ништо против се додека не се претера,што мислам со ова се што е умерено и оригинално е плус а се што е веќе наметнато и силувано од било чија страна е веќе гушење и тука полека полека се губи најпрво трпението а потоа и неминовното а тоа е врската.
 
Зашто да немаат иднина?
Секоја индивидуа е различна и и годат различни нешта...
Некое ситно поклонче,онака симболично за одбележување месечнина е ок,зашто да не?Купување покони за 1,2,3,4... месеци е претерузмус и е тотално непотребно.
Исто ок е ако партнерот онака,своеволно,без некој повод купи или направи нешто за другиот...јас би била пријатно изненадена.Како на пример,јас кажам дека нешто ми се допаднало и без да знам ќе ми го купи...
Прекумерно бомбардирање со подароци,со тек на време би ми станало здодевно и монотоно и секое излегување ќе знам дека нешто ќе ми подари...а тривијални работи баш и не се интересни.
Како и да е,мене не би ми значело материјалното ако нема љубов,почит,взаемна доверба и разбирање...без тие работи-подароците би немале никакво значење,а уште помалку врската.
 
Ако сака да ми обрне внимание само со подароци,тогаш подобро и да не си ги троши парите на мене.Во ред е некогаш да ми поклони нешто,ама не за секоја глупост.Повеќе ме радуваат подароци кога се без некој повод како месец,година,туку кога се подарени затоа што така сакал во моментот.А иначе нормално дека сакам да ми обрнува внимание дечкото,иначе не би била со него.Ама како и за сите работи така и за ова,се што е претерано не може да биде од корист :wink:
 
Премногу внимание е ОК, но во вистинска смисла на зборот. а не материјално внимание.
Она првотот е ОК, и мислам дека колку повеќе го има толку е подобра врската и значи дека партнерите што обрнуваат внимание еден на друг, значи дека се сакаат и почитуваат.
А вниманието со пари и подароци е нешто друго. Тое е веќе карактеристика на една лоша врска која се заснова на материјалното. Таква врска не верувам дека ќе треа долго. Зошто? Па свесни сме дека има многу врски кои се засноваат на пари, и знаеме што се случува со тие врски.
 
Никогаш не сум ги сакал ваквите работи кака месечнини денови ова она,поклонче баш за тој ден...тоа е небитно за мене,ме оптоварува...ако сакам да купам нешто можам тоа и без повод да го направам,кој не сака да му се обрнува внимание во една врска,но секако да не преминува некои граници,сепак се што е претерано и не е убаво,кратко трае,јас на пример се гушам одма тогаш се ми смета...и да мислам дека нема иднина во вакви врски,освен ако и двајцата партнери се напорни и тоа им е битнo,така си се надополнуваат
 
За се во животот треба да се има некоја средина, значи да за внимание, не за прееголемо. Се што е премногу не е на добро, обично доведува до гушење во врската и губење на слободата.:helou:
 
во моја врска, од мој гледен аспект тоа би имало лошо влијание! по принцип не сакам многу внимание, зашто и самата не сум личност која премногу го дава, па не знам зошто би очекувала да го добијам... јес да сакам почит, разбирање, љубов... ама да не претеруваме! претерано добивање на подарочиња, и слични материјални стафс, не фала!
 
Jas mislam deka toa so podarocite e individualna rabota, zavisi kakov karakter na luge ste, t.e. dali parot saka podaroci ili ne, ne treba da se preteruva ama ne ni cini ako nema nsito.
 
...

Значи на старт треба да се разјасни дека има луѓе кои уживаат во преголемо внимание, кои практично дишат затоа што нивниот партнер дише поради нив.
Познавам такви луѓе, ги разбирам и сфаќам дека тоа за нив е задоволство, начин на живот во кој тие потполно уживаат.
Е сега според мене:
Океј, сите сакаме кога партнерот ни посветува внимание, подарочиња, љубовни пораки, искажување љубов во јавност...но каде престанува тоа внимание да е во рамките на нормалата?
Нормалата се мине кога е неопходно секој можен ден да се гледате, да не можете да функционирате нормално од партнерот, да се смените себе и ритамот на својот живот поради него и секако најлошата верзија целото тоа внимание да ви ги измеша приоритетите.:nesvest:
Може ли љубовта да исчезне некаде помеѓу тоа гушење со внимание?
Секако дека може да исчезне, може да се претвори во измачување.Сите сакаме внимание, но не сите сакаме гаџет кој го носиме ама баш секаде со себе, дури и во ВЦ.
Дали во една таква врска ќе останат специјални гестови што и на двајцата ќе им причинуваат задоволство или се` ќе стане само безначајна рутина?
Ако дојде една врска до тоа се да биде рутина ... заминала врската во неповрат.
Имаат ли таквите врски иднина?
Да, таквите врски имаат иднина само ако луѓето се од типот кој го опишав погоре, инаку ... не!:jaj:
 
Премногу внимание,подароци барем јас сметам дека може да и наштетат на врската...Јас не би можела да издржам некој да ме гуши постојано...
 
Ако нешто ме плаши во врска (покрај неверството), тогаш тоа е претераното внимание. И ко за беља секогаш се врзувам за особи кои не знаат кога наклонетоста преминува во опсесивност.
Значи кога спонтано праќање на смс порака, давање на ситен подарок, јавување по телефон и сл. почнува да се повторува повеќе од што мислам дека треба, и добива надвор од нормалата размери, првиот нагон ми е да фатам магла од таквата врска. Не ми се допаѓа помислата дека нешто што треба да е ситен излив на љубов, се "напумпува" до тие граници што станува банално и ми ствара чувство на наметната обврска. Обврска, во смисол дека секојпат треба да возвратам и дека се очекува од мене нешто што инаку не би го дала, нешто усилено и извештачено. Го имам буквално она чувство дека партнерот ми се накалемува на врат, и дека неговото внимание за возврат бара гушење на мојата индивидуалност и претворање во симбиоза на некое т.н "ние".
Верувам дека особи кои толку се опседнуваат со секакви детали од врската, и се даваат себе си повеќе од потребно, на крај секогаш се надеваат(најчесно потсвесно) дека за сето свое "давање" ќе добијат партнер кој слепо ќе се врзе за нив, и нема да може без нив и нивното внимание. А, не сфаќаат дека така само буткаат од себе.
Усиленоста од било каков вид, па дури и во форма на внимание е одбивна. Барем мене ми е..Итекако.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom