Трагично загина членот на музичката група „Носталгија“, Горан Штрловски

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
1-1.jpg
Членот на музичката група "Носталгија" Горан Штрловски по потекло од Прилеп, а кој живееше во Њу Џерси, трагично загина во сообраќајна несреќа на ден 19-ти Окромври 2007 година на магистралниот пат 80 во Њу Џерси.

Судбината сурово си поигра со животот на еден млад и невин човек. На тој ден Горан Штрловски трагично го загуби својот живот, далеку од својот роден крај, лутајќи по подобро утре. Горан беше талентиран, скромен интелегентен и амбициозен.

Поради овој немил настан кој ке остави длабоки траги на тага и болка во нашите срца, оформена е фондација за да направиме ден хуман гест кон него и неговата фамилија, достоинствено да го испратиме кон неговиот вечен дом.

Се моли секој еден човек кој барем малку сочувствува со сета оваа трагедија да донира симболична сума на пари како би помогнал да се оствари комплетно оваа хуманитарна акција со цел да се помогне неговата фамилија. За подетални информации можете да се обратите на тел: +1 862-684-5023-Драган или во редакцијата на "Македонски Глас" на тел: +1 973-546-1099.
Вашата донација можете да ја остварите и со плаќање преку кредитни картички на тел: +1 973-546-1099 во редакцијата на весникот "Македонски Глас".

Инаку фондацијата е оформена за да се соберат средства за да се помогне неговиот транспорт до Македонија.

Другарка ми кога ми кажа се потресов бидејќи го познавав лично и сеуште не можам да поверувам.

Почивај во мир Штрле.

Сочувство до твојата фамилија.
 
Нека му е лесна земја :(
 
Лесна му земја!

Леле се млади талентирани луѓе ѓинат што се случува???
 
Што ли се дешава бре?

Нека почива во мир ...
 
Лесна му земја.. :nesum:
 
све во дијаспората ни умираат луѓево
 
Ццц,само во сообраќајки се гине,мамата.Бог да го прости...Луѓе аман пазете како возите!
 
aman be so e ova???? do koga gospode???
a kolku god imase? neka mu e lesna zemja!!! :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom