НА НЕКОЛКУ ФУДБАЛЕРИ НА СИЛЕКС ИМ ИСТЕКУВААТ ДОГОВОРИТЕ
Без Аксентиев напролет
Неколку фудбалери на Силекс наскоро ќе го одработат договорот, па така постои можност кратовци во пролетниот дел да останат без неколку стандардни првотимци. Еден од оние кои ќе можат да побраат нова средина е и еден од надобрите во редовите на Силекс, Ефтим Аксентиев. Неговиот договор е со важност до февруари наредната година, а потоа, како што дознавме, најверојатно, ќе го напушти Силекс и ќе побара друга средина. За него се интересираат неколку клубови од Украина и Русија, а интересен е и за неколку екипи од нашето првенство.
В.Ф.